subota, 16. siječnja 2010.

Отворени се телефони за донирање средства за настраданите во земјотресот на Хаити и поплавите во Албанија

Од вчера Црвениот Крст на Република Македонија отвори телефонски линии за помош на настраданите во замјотресот што го погоди Хаити во главниот град Порт-о-Пренс (Port-au-Prince) и за поплавените во Албанија. Сега секој граѓанин во Република Македонија ќе може индивидуално да придонесе за спас на некој живот во катастрофалниот земјотрес што ги погоди. Верувам дека не сме толку сиромашни за да донираме по 100 денари. Сликите што секојдневно се прикажуваат од местото на земјотресот навистина се ужасни. Имам чуство дека и овој пат, како и за цунамито во Индонезија, помошта во светски рамки малку затаи, да неречам дека дека ги начека неспремни светските организации кои првенствено се наменети за вакви катастрофи кои не доаѓаат со најава и фанфари. Затоа да бидеме луѓе и да помогнеме колку можеме. Скопјани знаат како е да се биде надвор на улица после катастрофален земјотрес, кога се` што имаш за миг го губиш. Ваквите несреќи треба да не потсетат дека пред се сме луѓе… па се` останато. Се надевам дека овој Апел ќе допре до повеќето од вас, и би ве замолилала да го рашириме до што повеќе граѓани од Република Македонија.

Апел за помош 2010 Apel za pomos 2010
Reblog this post [with Zemanta]

0 komentari: