subota, 23. kolovoza 2008.

ПЕДОФИЛИ - МОРАЛНА ДИЛЕМА....

Нов случај

на педофил кој би му ги откинала јајцата, гаѓајки го со пачки!!!

...................................................................
постари случаи:

Пратам вести деновиве (само спорадично), но освен за сериски убијци, педофили, убијци кои пукаат врз невино население и потоа си го разнесуваат мозокот, сериски убици кои си ја гаснат жедта во кофа вода и пијат додека не умрат, (намерно се изоставени воените злосторници).

Ме мачи една работа, кој суд и каков суд би трбало да им суди на вакви луѓе, дали прво би требало ваквите луѓе да им се однесат на семејствата на жртвите (од кога ќе им помине првичната болка и шок), па семејството да го рехабилитира прво злосторникот, па потоа да оди на уставен, или треба да се измисдлат некои нови и пософистицирани методи за рехаб.

На денешниве вести, слушнав за нов случај на педофил, кој практички киднапирал, или ај да речам прелажал две малолетни деца од домот за деца без родители “11 Октомври“, им ветил дека ќе ги однесе во родното Кочани да си ги пронајдат родителите, но сиротите деца завршиле во некоја куќа на Пљачковица, едното после кратко сексуално изживување, се ослободило, а другото било злоставувано цели 23 дена.

Педофилот бил тазе излезен од затвор, а затворен бил затоа што силувал 5 годишно девојче, значи педофил со искуство.

Е сеа, што ме мачи мене, која е мојата морална дилема....Дали, јас кога би дошла некако до некој таков тип, педофил или убиец, и го растргнам на парченца делче по делче со мало туп жилетче и патем му ставам сол на раните, да му ги корнам ноктите со клешка и забите, но без анестезија, да му буричкам во очите со тенка игла, да му го делкам половиот орган со длето, да го обесам за јајца да виси...(со на коментарите веројатно ќе ми текнат веројатно и други идеи).

Дали јас ако вака постапам би била могу полоша од тој педофил, или тоа би било еден добар пример, таквите персони малку да се освестат?

Неколку слични теми за подзамислување.

КАДЕ ПЛОВИ ОВОЈ БРОД?

ПЕДОФИЛИЈА

п.с. ПРВ АЛЕК пиша на темава

ПЕДОФИЛИ ...ПАК

Дали Македонија се претвора во следна Јапонија, по прашањето на педофилија?Јапонците до сега никој не ги стигнал, педофилијата таму е скоро па национален спорт...

КИЧЕВСКИ ПЕДОФИЛИ (ова е од денес 22.08. 2008)

ВЕЛЕШКИ ПЕДОФИЛ (ова е од вчера 21.08. 2008)

нешто постари ситуации:

КАДЕ ПЛОВИ ОВОЈ БРОД?

ПЕДОФИЛИЈА

Расте бројот на случаи на педофилија

решение?

МАКЕДОНИЈА и ОЛИМПИЈАДАТА

Читам вчера во некој весник, или слушнав на вести:

Македонија поминала катастрофално на Олимпијадата во Пекинг.

Добро, а некој очекуваше нешто повеќе од катастрофа?

За успех во некој спорт (или општо во некоја работа) треба да се има желба и услови таа да се исполни.Ние немаме ништо.

Ќе почнам со физичкото воспитување во образованието.

Во градинка (ако спаѓа во образование), им вика воспитачката на децата:

-ајде ке имаме физичко, соберете ги играчките и ставете ги во оној ќош таму!(тоа е вежбата)

Во основно од прво до четврто:

Од три предвидени часа по физичко, неделно се одржуваат НИТУ ЕДЕН.

Зошто?

Затоа што таа наставничка што ги учи децата има премногу материјал да им предаде, при тоа децата да сватат се што треба и нетреба, да им се наполни мозокот со милион непотребни информации...и нормално се нема време за физичко образование, часот се користи да се повтори таблицата множење.

Во основно од петто до осмо:

Доаѓа искомплексиран „професор“ , по физичко и на тотално неуки деца (неуки по физичко образование, бидејќи до четврто ништо не научиле), им задава вежби кои после тоа децава имаат запаленија на мускули за кои се стигало и до лекари.Професорот, кој впрочем треба да е и педагог и да има основно познавање на психологијата на детето, треба да знае кое дете во кој спорт би дало најдобри резултати.

Пример:

Не секое дете има добра координација во простор од три димензии, тоа дете кога ќе се стави да игра кошарка, после три до четири попиени баскети во глава (ако помине без потрес на мозок добро е), никогаш нема да развие љубов кон некој спорт.

Од друга страна, ако некое погрубо и не толку гипко дете, или некое што има страв од висина, го напентери на разбој, карики, греда....што мислите како ќе се чувствува?

Базен....мисловна именка!

Децата мораат да имаат основно познавање на секој спорт (теоретски), но на часот по физичко покрај основните вежби за истегнување на мускулите (исто мисловна именка), треба да го спортуваат оној спорт, за кој имаат тело.

Навистина е греота кога некое побуцкасто дете, професорот упорно го тера да прерипа коњ, да стои на глава и да напраи жаба на карики, а другите немилосрдни деца, на тоа се смеат....како ли се чувствува тоа дете?

Дали нашиве таканаречени професори по физичко во основно образование не го уништуваат спортскиот дух кај младите?

Нешто слично се случува и во средното образование...каде мислам дека веќе е касно да се променат грешките што се направени во основното.

Моите деца тренираат кошарка веќе 4 години,добри се, но никој не ги тера да станат најдобри, најбитно е нешто да тренираат, вон училишните активности.Прво пливаа...но немаме услови тој спорт да се развие!

Но јас можеби имам да им платам на моите деца да спортуваат и да не се талентирани, вежбаат.

Што правиме со талентите, за кои никој немрда со рака ако нема кој да им ги плаќа тренинзите?

Како може да очекуваме да имаме успех во некој спорт, дури и смешни ми се оние кои се надеваат на нешто, кога во самата основа е труло.

Можеби во некоја далечна иднина кога тотално ќе се сменат некои работи може да се надеваме на нешто.

Покрај ветените сали, ќе мора да се работи и на обучување на соодветен кадар да ги воспитува децата, ако останеме со овие сеа ... сите сали ќе бидат за џабе направени!

п.с. аман со таа таблица множење во второ одделение, децава се со сколиоза веќе во седмо, бидејќи немаат физичко во првите четири години од основното образование.

subota, 2. kolovoza 2008.

КРУШЕВСКИОТ МАНИФЕСТ

Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.

Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.

Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.

Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.

Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!

Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!

Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...

Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!

Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!

ШТАБОТ НА КРУШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ГО ОБЈАВУВА ВОСТАНИЕТО

2 Август 1903 г.

Слобода или смрт!

Штаб на крушевските востаници
Но1219
Гората, 1903

До раководителот на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските групи

Браќа

Брзаме да ви го честитаме востанието!Денеска цела Крушевска околија заедно со цела Македонија крена востание и вика:Долу тиранијата!Да живее слободата и рамноправноста меѓумакедонските народности! Камбаните насекаде бијат, народот со чудесна радост се прибира под знамето на слободата.Момите и невестите ги китат со цвеќиња главите и пушките на востаниците!До што турчин се најде по патиштата и селата, се фати и е пленик и залог.Насекаде пеење, радост и веселба.Гориме од нетрпеливост и ќекаме ноќ, за да дојдеме и да го заземеме Крушево, та заедно со целиот народ да ГО ИЗВИКАМЕ ПОБЕДОНОСНОТО МАКЕДОНСКО УРА!

Бог и правото се со нас!

Да живее Македонија!

Потпишале:

Питу Гули,
Иван Алабак,
Андреја Димов,Ѓурчин Наумов и Ташко Карев.

Штаб:

Никола Карев,
Томо Никлев,
Тодор Христов,
Антиноген Хаџов.