nedjelja, 17. veljače 2008.

KOSOVO proglasi nezavisnost

Приштина, 17 февруари (МИА) - Претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи во 15 часот и 50 минути ја прогласи независноста на Косово.

- Од овој момент Косово е независна, суверена и демократска држава, изјави Красниќи.

Непосредно пред тоа косовскиот Парламент едногласно со 109 гласа „за“ ја усвои Декларацијата за независност.

uck.jpg

- Имаме јасна перспектива за развој на нашето општество почитувајќи ги ите жртви дадениза Косово. Прогласувањето на независноста на Косово ја претставува слободната волја на косовскиот народ, рече косовскиот премиер Хашим Тачи претставувајќи ја Декларацијата пред пратениците и претставниците на меѓународната заедница.

Тој, меѓу другото, во Декларацијата истакна дека Косово превзема меѓународни обврски и се обврза оти ќе соработува целосно со Хашкиот трибунал. - Косово неуморно ќе работи за нормализирање на односите и со Србија, со која имаме добри економски односи, промовирајќи го помирувањето меѓу нашите народи, истакна Тачи.

Косовскиот премиер Тачи јавно ги повика државите што ја поддржаа оваа Декларација да го признаат независно Косово.

- Нашата независност ќе ја постигнеме со благослов од меѓународната заедница и со нејзина помош, изјави претседателот на Косово Фатмир Сејдиу на денешната свечена седница на косовскиот Парламент.

Тој во своето обраќање пред косовските пратеници потсети на многуте жртви кои била направени за остварување на оваа цел, споменувајќи ги тука активностите на починатиот поранешен косовски претседател Ибрахим Ругова и командантот на ОВК Адем Јашари.

Сејдуи истакна дека жртвите и овие имиња не ги споменува со цел да предизвика омраза, туку да се постигне помирување.

- Тие жртви се дадени за да дојде денешниот ден кога ја прославуваме независноста, рече Сејдиу.

Косовскиот претседател истакна дека независноста на Косово го означува долгорочниот процес на распаѓање на поранешна Југославија.

Тој напомена дека денешиот чекор на косовските Албанци е резултат на неможноста да се постигне заеднички прифатливо решение меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово.

Сејдиу нагласи дека пактот мерки што ги предложи специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари им нуди гаранција на Србите, Турците, Бошњаците и другите неалбански заедници на Косово дека нивните права ќе бидат целосно заштитетни.

- Мошне брзо ќе го усвоиме уставот и законите, што е во согласност на планот на Ахтисари, рече Сејдиу, кој напомена дека Косово ќе се залага за блиска соработка со меѓународната заедница.

Тој им посака добредојде на претставниците на мировната мисија на ЕУ, која ќе придонесе за развојот на Косово.

- Во Косово сите граѓани ќе се чувствуваат како во свој дом. Косово е познато по тоа што е дом за сите граѓани, рече Сејдиу, обраќајќи се на српски јазик.

Сејдиу потенцира дека српското културно и религиозно наследство на Косово ќе биде целосно заштитено и вети целосно почитување на правата на Србите и залагање за што е можно побрзо нормализирање на односите со Србија.

Претседалот на Албанија Сали Бериша беше првиот што им ја честите на граѓаните на Косово независноста веднаш по прогласувањето.

- Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, изјави денеска претседателот на Србија Борис Тадиќ, веднаш откако косовскиот Парламент прогласи независност.

- Србија реагирала и ќе реагира со помош на сите мирни, дипломатски и законски мерки да го анулира овој акт на косовските институции. Луѓето во овој момент ни се најбитни. Побаравме од КФОР и УНМИК да ги заштитат Србите на Косово, истакна Тадиќ повикувајќи ги граѓаните, партиите, невладините организации, медиумите... мирно да се преброди овој многу тежок момент за Србија и српкскиот народ.

mia

ЗА МАКЕДОНИЈА

Во вторник на 19.02. во 18 часот на ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, ке се одржи мирен протест во пресрет на новиот предлог на Нимиц,за решавањето на проблемот (кој впрочем и не е наш проблем, БИДЕЈЌИ НИЕ ИМАМЕ УСТАВ И УСТАВНО ИМЕ, а на кој му смета и му е проблем тоа име нека си го решава) со името на нашата држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!

Се гедаме, јас сум таму!!!

и тука има:

Rus

gocajaska

makenpire

“НОВО“ ... “НОВО“ ... “НОВО“

Што “НОВО“ ни следи?Ново Име или НЕ?
Под кои услови?
Новостари соседи во Нова држава со стари манири!!!
Се очекувало над 10 000 луѓе да заминат на прослава за Новата Соседна Држава.
Колку ли Нови ќе ни дојдат???

al.jpg

МАТУРАНТИ & ПРОТЕСТИ & св.ТРИФУН & св.ВАЛЕНТАЈН

МАТУРАНТИТЕ, денес излегоа да си ги барат правата. ПАК!!!

О.К. наместо да седнат да научат....уствари материјалов веќе требаше да им е поднаучен,неучат ништо ново и во соработка со “едуцираниот кадар“ таканаречени даскали,на крајот на годината да си полагаат МАТУРА,ко и секаде по светов, тие сепак решија дека улицата е нивно засолниште.

Стојам денес и ги анализирам...ХУЛИГАНИ...прво поима немаат зашто се надвор наместо на настава.Единствен изговор им е “Не бевме навреме известени“...????

Имаат, барем имаа цела школска година, да го поднаучат материјалот,ама НЕ,ни ним, ни на даскалите не им се менува ништо.

Денес видов нешто страшно...раскалашена младина, без контрола, повеќето го славеа св.Трифун, наздравувајки за ЉУБОВТА...се е тоа супер,само што 70% од тие следни матуранти беа ПИЈАНИ.

Е сеа ме интересира дали некој од родителите ќе реагира кај професорите, зашто нивните “фино воспитани деца“, се дамлосани од алкохол БАРАЈЌИ ГИ СВОИТЕ ПРАВА да не полагаат МАТУРА,бидејќи не се навремено известени и кои од професорите би превзеле одговорност, во случај на инциденти.

Утре слушнав ќе биле собрани од цела Македонија!!!

images.jpg

п.с. За да ми биде фрустрацијата поголема, ми дојде еден шипац да ме праша кај има жени што даваат секс за пари....па покрај прашањава со матурантите што ме трескаа цел ден,почнав да се прашувам: А у кој дел на мојата фаца личам на МАКРО..?????

četvrtak, 14. veljače 2008.

e-mail

Праќа ли некој денес e-mail некому,чисто ради комуникација,или ротираат само разно-разни слајдови со мудри пораки и соопштенија дека сме добитници на мињони долари,од МНОГУ (тука спаѓаат и по квантитет и по квалитет) “хумани“ луѓе?

Искрено, јас почнав под проверка на меил да подразбирам “оди во инбокс,селектирај и бриши“.

emailicon.jpg

technorati tags:,

H.I.M ... во ... МАКЕДОНИЈА ...???

Сведоци сме дека низ блогосферава поминаа катаљарда петиции и барања,те за ова те за она....бла бла бла,е ај вака сложно ко на работна акција да ја напраиме работава и да ги домкнеме H.I.M во Македонија.

Demand for HIM in MACEDONIA

technorati tags:,,,


EXIT `08

Не случајно ве давев цела недела со Nightwish.
Денес во Време прочитав:

ПО НАЈАВАТА ЗА „СЕКС ПИСТОЛС“
И Финците „Nightwish“ на „EXIT 08

Откако минатата недела беше најавено дека хедлајнери на годинешниот фестивал „EXIT 08“, кој се одржува во јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, ќе бидат славните британски панкери „Секс пистолс“, стигна и нова најава дека на оваа сцена ќе настапи и славната финска група „Nightwish“, која многумина ја сметаат за пионер на симфоник- металот. Клавијатуристот Туомас Холопаинен ја основа групата во 1996 година во гратчето Ките, а нему брзо му се приклучиле неговите училишни другари, гитаристот Ерно Вуоринен и пејачката Тарја Турунен. Иако „Nightwish““ требало да бидат акустична група, Туомас брзо сфатил дека Тарја има моќен оперски глас, премногу моќен за акустичен бенд, и решил да додаде хевиметал-елементи, електрична гитара и тапан. Во почетокот на 1997 година, заедно со новиот член, тапанарот Јуко Невалаинен, групата влегува во студио, а првиот албум „ Angels Fall First,“, на кој е и големиот хит „The Carpenter“ го објавија во ноември 1997 година. Ги издадоа одличните албуми „Oceanborn и Wishmaster“ , од кој големи хитови станаа сингловите „Sakrament of Wildrness“ и „Sliping Sun“. По извонредниот сингл „Over the Hills and Far Away“, кој е обработка на песната на Gary Moore, во 2002 година го објавуваат албумот „Century Child“, а фановите беа одушевени од нивната верзија на темата „Фантомот од Операта“, од славната опера на Ендру Лојд Вебер. Во јуни 2004 година групата го објавува својот најуспешен албум „ Once

, а големи хитови беа темите „Wish I Had an Angel“, „Nemo“. Тие најавија дека на „EXIT 08“ ќе звучат многу погитарски.

technorati tags:, ,

nedjelja, 10. veljače 2008.

ГЛАСОВИ!!!

Ме учеа ко мала,дека не се зборувало за се и сешто,пред секого.Требало да се биде културен да се премолчува,па макар некој и да те навредил, или пофалил, секогаш требало да се однесувам стерилно,значи да не им придавам нешто многу внимание на емоциите што се појавуваат во мене...РАДОСТ, ГНЕВ....не е битно....значи не биле само зборовите проголтани...туку и дел од мене сум проголтала.

Кога пораснав, ми викаа,ништо не смееш да задржуваш во себе, МОРА тоа што го чувствуваш, да го кажеш...мораш некако да најдеш начин (филтер и да ја канализираш енергијата) и се она потиснато да излезе надвор... ПОТИСНАТИ ЕМОЦИИ НОСАТ И ФИЗИЧКИ БОЛЕСТИ.

Не дека нешто ги слушав ко мала, или па сеа ...мојот ум мои проблеми,сепак човек треба сам да си препознае колку може да истрпи пред да го истресе тоа што го мисли.Значи за промените што си ги правиме ние самите никој неможе од страна да ни сугерира, што да кажам кога и како,нормално ако не ме плаќа за тоа.Ова е мое мислење,не е законик!

Секој си делува според внатрешниот глас кој му дава упатство како и што,е сеа можат да се појават и повеќе гласови (за тоа треба стручњак,јас не сум компетентна ), значи муабетов ми е еден глас, едно тело....но многу тела и многу гласови можат да сменат нечие мислење.Можат да сменат и поредок во Светот...само треба единство и постојана мисла дека сме една целина.

Поентата ми беше,(колку и да сакав да бидан надвор од темава и да не ја спомнувам,морам да промрчам).Стечајциве ќутеа....траеа и од време на време (кога некој некому ќе му џитне некоја пара со многу нули), ќе се активираат и ќе го блокираат градот, барајќи по мене небулозни права.Кај беа, кога сеа тие што ги поттикнуваат на протести им ги крадеа фабриките...зашто тогаш не искочија и не рекоа :

-Е неможе, таа фабрика е делена од мојата уста, од устата на моите деца?

Ама не, тогаш им беа фрлени нешто ситно сува пара, со која избришаа гс една година и готово...никому не му текна да инвестира во мал бизнис...бла, бла, бла...

Сите сме мудри позади тастатура.Веројатно е тешко да си во нивна кожа,не сум била дете на стечаец,ниту па на профитер од државава, па работиве ги гледам не пристрасно,реално.

Некаде прочитав, дека ако не им се исполнеле барањата, владава сегашна ќе имала илјадници гласови помалку...О.К. и што со тоа, ќе се смени владава (малку веројатно во пракса), а која гарнитура ќе се намести????

А бе патетика невидена,ќе се поднаместат сегашните подбуцнувачи и најголеми профитери од транзицијата,кои всушност ги оставија на улица.

Луѓево немислат многу со своја глава, тоа е повеќе од очигледно.

subota, 9. veljače 2008.

SALVADOR DALI

Падна еден муабет денес, зашто Пикасо е по ценет во уметничките кругови од Дали?
Не сум уметник и незнам,но знам,ако имам пари и избор кого да го купам,сигурно изборот ќе падне на Дали.

technorati tags:, , , ,

СОН

Од сите тие впечатоци се чувствувам како да сум под висок напон.Спиењето е сега потполно невозможно.Го стуткав чаршавот (некои тоа го викаат диплење), и отодов да се туширам.Се насмеав, како Фројд би го протолкувал сонов...веројатно супер би поминала кај него.Потоа на памет ми падна едно толкување на соништа во Багаватам...Седнав да лутам по тоа списите и по долго барање најдов нешто поврзано со соништата.

-Понекогаш искуствуваме нешто што никогаш не сме го доживеале во сегашното тело преку гледање или слушање.Но на сон ни е толку блиско.

Понекогаш на сон можеме да летаме,или да сме на некое место, на кое никогаш не сме биле вистински.

Тоа е слично на некаква ферментација, која се одвива длабоко во умот,а понекогаш се манифестира во соништата, или во мислите.

Дали тоа говори дека во некој минат живот сме биле таму, па впечатокот се задржува во умот.Заклучок, во умот се складирани разнолики мисли и искуства кои сме ги присобрале низ многу минати животи.Постои непрекинат синџир,од еден живот до друг,од минатите животи до сегашниот и од овој до следниот.

dream.jpg

СПОДЕЛИ ЗНАЕЊЕ & СПОДЕЛИ КИНО

Како би имале можност и понатаму да ги уживаме благодетите кој ни ги нуди Слободен софтвер Македонија,а тоа се Сподели Знаење и Сподели Кино ,потребна е мала финансиска помош,за набавка на проектор.

На оваа страница може да се запишете дека ќе донирате пари за да се соберат остатокот од средствата.

srijeda, 6. veljače 2008.

РЕЧНИК НА ЧОВЕЧКИ ???

езнам у која категорија да го сместам следново:

Ви се случило ли да ги гледате луѓето,непристрасно воајерски,кој каков е? Вам познати или непознати,не е битно.Онака стоите на тротоар, или на пешачки,или во трговски...што очекувате да видите?

Јас гледам лица без очи,гледаат ама што гледаат, лица без уста зборат, ама што кажуваат, лица кои ја изгубиле сета смисла,разочарани,без цел,без идеја.Само одат.Денес ги именував во шетачи,гледам исти лица по неколку пати на ден,шетаат онака изгубени. По нив се гледа дека не се дел од групата на луѓе кои транзицијата ги осакати ...

Прашуваат прашања,колку да проговорат,не се ни свесни дека веќе ме прашале нешто во текот на денот,не е ни битно.

Други некои,кои успеале да стигнат до некоја “газдинска“ функција,ај да не сум сурова,ама од оние папучине пластични од “Борово“ на времето,сеа облекле кожни чевли,па у вокабуларот вметнале три до четири англицизми,па вртат некои муабети...колку се они, што се они??????...бла, бла, бла.

Се трудам да ги разберам, да ги сватам ,тешко ми иде.

Не ги разбирам луѓево.

012.jpg

КИМИ ... на ... насловна ... на ... blog.com.mk

Се заебавам со насловов ...ама за извини,следи убава ноќна музика:
dark castle.jpg

Sadness In The Night

In the night,
I feel the cold of my loneliness
Cold that embraces my heart
Draining my strength to fight
Only to breathe this suffering
Tell me why,
Why must I bear this cross
So heavy for my soul
Please hold me in your love
I am the keeper of his heart
I was sent to take care of his sweetness
Never I'll forget his love
Never I'll forget the light
That shone in his eyes
Let me fly
Let me be free
To stay with him beyond this life
Run across the sky
Let me see the sun again
Let me die
Give me the light
I'm waiting for death to knock on my door
To release my pain
My sadness in the night
Forevermore.
Every day I dream of sunlight in my dark room
I want to find a reason why
Justify my reason to stay alive
Within this pain
Tell me why,
Why must I bear this cross
So heavy for my soul
Please hold me in your love
Let me die
Give me the light
I'm waiting for death to knock on my door
To release my pain
My sadness in the nïght

by Tarja Turunen

нормално финци се во прашање...

ponedjeljak, 4. veljače 2008.

БРАК по МОЕ

Поттикната од постот на Зорив, а веќе одамна се спремав да пишам нешто на таа тема.

-Како јас го сваќам БРАКОТ како институција?

Прво - пред да се омажам сум имала сопствен стил на живот, несомнено со сите тоа се случува.Бракот е последица на некоја врска,а почеток на ново искуство со човекот со кој сме биле во таа врска,значи тој мене ме познава пред да му станам госпожа.Дали тоа ГОСПОЖА треба мене да ме смени како карактер?

НЕ!

Затоа што тој ме запознал онакава каква сум по природа,во случајов мој, ко од пештера избегана,дива...дали би сакал мојот сопруг да му бидам покорна женичка која на се се поклонува и молчешкум исполнува...НЕВЕРУВАМ.

Он сака да ме припитоми,тоа му е целта во бракот,кога тоа ќе му успее,нема да му бидам ПРЕДИЗВИК, тогаш ќе бара нов.

Свесноста дека секое човечко суштество сака да види нешто убаво,ми е ко добар ден.Уште по свесна сум за факторот ФЛЕРТ,кој ненормален несака да флертува, па макар и да испадне некоја авантура после тоа (нормално се додека се сведува на авантура (ама тоа е психологија за мали деца,дај му да праи што сака,нека расури се ...тоа ќе седи мирно,а речи му да седи до тебе,прва прилика ќе напраи беља) така и со луѓето, колку повеќе мислат дека имаат контрола врз партнерот, толку повеќе ја губат истата).Зашто пред се да се лажеме себе си дека мојот маж /жена,никогаш нема да флертува, не флертува, или не флертувал...Тоа е апсурдно!

Неможе никој од никого да очекува дека ќе биде покорен па и верен,но доколку тоа е сопствен избор,друг е муабетот.

Темата, развод ... единствена причина би била,ако јас и моите деца сме после сите останати,се додека сме приоритет,не размислувам на таа тема, тоа е обостран муабет,затоа треба луѓето, партнерите да дискутираат,што сакаат, што очекуваат еден од друг.Мојот случај е, нит барам многу,ама и не давам многу...а уствари имаме се,пред се` хармоничен брак.

nedjelja, 3. veljače 2008.

ЦИГАНИТЕ ... ТОШЕ ... ЦРКВАТА

Минував денес низ плоштад.Поточно цел ден бев на плоштад.Денес му е роденден на Тоше.Ќе полнеше 27 години..................
Имаше релативно многу луѓе,искрено очекува и повеќе.Луѓето доаѓаа палеа свеќи,молчешкум си одеа.
Целата атмосфера беше мирна,тивка,спокојна.
Околу 19 часот,појдов во самиот центар да запалам свеќа и јас.Побарав место каде има свеќи осветени од некоја наша црква,очекував некое место за донации ..........
Го свртев целиот плоштад,освен цигани и мали циганчиња кои ми се закачуваа на нога и се обидуваа да ми продадат свеќа,некакво обележено место немаше никаде.....
Во принцип никогаш не им давам пари на такви луѓе,имам милијарда причини зашто.
Ми падна криво зашто неможам да купам осветена свеќа и да донирам пари за
доизградбата на црквата што се прави во Крушево. туку морав да дадам на некој циган кој со тие пари ке купи цигари ,пиво или штознам што,само нема да биде нешто за што би требале да бидат наменети.

Зашто стално имаме вакви пропусти?

КИМИ - МЕМЕ

Почна тивко од Iacovibus и преку Виолетова ,
стигна до мене,ова интересно патување.

Срдечно се разделуваме и му се заблагодаруваме, што беше така скапоцен водичи што, овозможувајки ни длабоки увиди,го збогати нашето патување со бројни необични искуства.Додека со ќерка му ја минуваа улицата,а потоа преку висечкиот мост,чувствувам блага тага.Не напушта човекот од еден друг свет кој накратко се сретна со нас за да не` води на дел од патот.

(Патот на големата разделба Сачинандана Свами)

Следниве блогери:

Lost series NG, Dedi, Yo Blow, funky junky, E-Lady

Треба да го сторат ова:

  • земи било каква книга која се наоѓа во твоја непосредна близина, а која има над 123 страници

  • отвори на 123-та страница

  • прочитај ги (не мора на глас) првите пет реченици кои почнуваат на таа страница

  • следните три реченици (после тие пет) запиши ги на блог

  • наведи ја книгата и авторот

  • линкај (обавезно) пет следни блогери

КРОМИД БЕЗ СОЛЗИ

Новозеландски и јапонски научници ,успеаа да направат врста на кромид од која не течат солзи.

Тргајки го генот кој на куварите и на кувариците ширум светот им ги мамеше солзите во очите,научниците од новозеландскиот институт за земјоделско истражување,развиле прототип на кромид кој според нивните очекувања би се нашол во продажба за десет до петнаесет години.

Програмата ја започнале во 2002, откако јапонските научници во кромидот го откриле генот кој предизвикува солзи и констатирале дека “прекинувачот“ за солзи е еден ензим.

-Успеавме да сватиме на кој начин во кромидот да внесеме ДНК која ќе го деактивира генот кој предизвикува солзи - објасни новозеландскиот научник,кој учествуваше во истражувањето, Colin Eady.

........................................................................................................................................

Значи сума сумарум,отидоа на Месечината, направија нуклеарки (централи, бомби,вселенски ракети), го поврзаа цел свет со интернет (бтњ,што се случи со хаваријата во Азија (нели се прекинаа подземните кабли во Александрија и во Дубаи) и вчера скоро цела Азија се напојуваше со интернет од Индија), клонираа магариња,овци ,мајмуни,за љуѓе се шпекулира сеуште...и што уште не се случи од откривањето на тркалото па наваму и сеа на некои научници им текнало да го вадат генот од кромидот кои предизвикува солзи.

Ако Тесла бил свесен каква лавина на изуми ќе предизвика струјата, дали би се покајал што воопшто ја измислил? Ако на Форд,сонот за кола без коњи му се расипал бидејќи дознал дека за 100 - тина години од неговиот изум,Земјата ќе биде преплавена од автомобили кои ја загадуваат човековата околина,дали би продолжил да ја сонува? Телефонот на Бел,koј стана продолжена рака ... да не ги редам сеа сите кои нешто направиле,а некои и се покајале (одма),Нобел на пример, набројав само мал дел од најбитните изумители.

Само ме интересира каква нус појава би излегла од изумот “Кромид без солзи.“ И навистина ли нема веќе што да се измислува, па остана кромидот како проблем ,“ револуција во изумите“,кој дури ќе можеме да го уживаме за некои 10 до 15 години???

onion.jpg

BOB MARLEY - Tribute

Одлепи го газот од пред монитор и дојди
во Кастро на 6. Фебруари ќе се одржи Tribute вечер посветена на единствениот Bob Marley. Со оваа вечер ќе биде одбележан денот на неговото раѓање. Дел од оваа вечер ќе бидат еден куп диџеи, а во живо ќе настапат Fun House и Conquering Lion. Собраните средства од овој настан ќе се искористат за организација на пролетниот веќе долгогодишен спектакл на школка.

bob.JPG

Кликни на сликата!

ГРИП,ГРИП,ГРИП ... ГРИП

Чисто информативно:

Бран на ГРИП од типот А стигна во Европа.Шпанија,Белгија и Швајцарија маки мачат со претрупаните ординации.Заболените се бројат со илјади.Во Македонија за сега нема грип (барем така викаат).

На вирусот му одговара ладно и суво време,а за негово ширење помага и сувиот воздух во загреаните простории.

За грипот се карактеристични следниве состојби:покачена температура,болки во мускулите и малаксавост.Помагаат мирувањето,голема количина на течности и лекови против болки и покачена температура.Со овие лекови уствари се лечат симптомите не и болеста,затоа што сеуште нема лек.

Во Европа е откриен мал број подврсти на грип отпорни на Tamiflu, водечкиот лек против вируси.Податоците од десетина европски земји покажуваат дека Tamilflu не делува на 13 % вируси H1N1,главниот причинител на грипот оваа година.Вообичаено е лекот да не делува на 1 % вируси.Отпорните вируси се откриени во Европа,но најверојатно се појавиле на друг дел од светот.Не предизвикуваат потежок облик на болеста од нормален грип и можат да се лечат со други антивиротици.Стручњаците се загрижени,бидејќи,ако отпорноста на вирусите се прошири Tamilflu,најдобриот лек против грип би бил бескорисен.

ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ

Можеби деновиве приметивте дека имате повеќе слободен блог простор.Причината што ме нема толку многу, е една мала и прекрасна Продавница На Тајни.

Повелете на чашка муабет и добра книга.

Firma_prodavnica_jubilej.jpg