nedjelja, 11. svibnja 2008.

СЕРИСКИ УБИЕЦ во МАКЕДОНИЈА

Граѓаните на Македонија ги следат модните трендови, тоа е неспорен факт.Најголем успех имаме во копирање на лошите појави кои се појавуваат во светот, зборам општо цивилизациски, значи праиме невиден сублимат на истокот и западот, НО само во лошите и деградирачките појави.Никако да видиме дека таму се случуваат и фини нешта.

Сериските убици не се нова појава, но на овие простори прв пат се соочуваме (барем јас), со ваква вест. Низ светската историја има многу познати сериски убици, со најразлични мотиви, а најпознати 30 според бројот на убиени жртви се:

1. Педро Алонзо Лопез - 300 +
2. Хенри Ли Лукас и Отис Тул - 200 +
3. Х.Х. Холмс - 200 +
4. Луис Алфредо Гаварито - 140
5. Д-р Џек Кеворкиан - 130
6. Хју Венлин - 100 +
7. Пи Ви Гаскин - 100 +
8. Џејвд Икбал - 100
9. Бруно Ладке - 80
10. Мајкал Свенго - 60
11. Андреј Чикатило - 52
12. Анатолиј Оноприенко - 52
13. Ахмад Сураџи - 42
14. Џералд Стено - 41
15. Ричард Ајсмен Куклински - 40 +
16. Ерзабет Батхори - 40 +
17. Моузес Ситхол - 38
18. Доналд Харви - 34
19. Фернандо Хернандез Лејва - 33-135
20. Џон Вејн Гејси - 33
21. Васил Комароф - 33
22. Џејн Топан - 31
23. Џерард Џон Шифер - 30
24. Карл Денке - 30
25. Микаја и Вили Харп - 30
26. Патрик В. Карни - 28
27. Вејн Вилијамс - 28
28. Фриц Харман - 27
29. Роџер Андермет - 27
30. Дин Корл - 27

monsters-2.jpg

Вест има добар напис за таа појава!

А А1 пренесе за нашиот колекционер, Лазо Радески:

Остатоци од човечки коски, 28 на број и парче ткаенина, најверојатно од облека. И ова е дело на серискиот убиец од Охрид Лазо Радески.

Станува збор за телото на охриѓанецот Ракип Рахим. 61-годишниот охриѓанец и признал на полицијата дека и ова монструозно убиство го извршил тој.

„По притворањето на лицето, со него се продолжува да се работи во затвор, со дозвола на Јавниот обвинител и истражниот судија“, изјави Љупчо Тодоровски директор на БЈБ.

„Разговорите ги води човек којшто му се довери за првото убиство, вмешан е во разговорите со него и притоа тој ги призна делата“, додаде Тодоровски.

На 29 мај пред две години Радески го повикал Ракип во дуќанот на својот зет, идентично како кај Цоцески, со чекан го удрил во главата и го усмртил на лице место. Телото го однел во шума кај селото Оровник и го закопал во плиток гроб.

Во гроб на Славеј Планина, 30 километри оддалечено од Охрид, во мај минатата година беше пронајдено телото и на Спиро Ставрески, уличен дилер на девизи.

Радески и раскажал на полицијата дека и тоа убиство било негово дело, го убил на ист начин како и Цоцески и Рахим.

Мотивот за тие убиства биле нерасчистени долгови. На Ставрески убиецот му должел 800 евра, а на Рахим 1.300 долари.

Досието на серискиот убиец не се затвора тука. Како што дознаваме, уште неколку охридски фамилии за неразјаснетите убиства се сомневаат дека се дело токму на овој човек.

Од полицијата ни потврдија дека од страна на кинеската амбасада кај нив било пријавено исчезнување на нивни државјанин пред четири години, кој продавал текстил на пазарот во Охрид. Постои сомнение дека поради пари, Лазо Радески и овде замешал прсти.

Досега полицијата расветли три убиства, за кои ќе одговара охридскиот сериски убиец. За убиството на Трајче Цоцески во април годинава, Спиро Ставрески во мај минатата година и Ракип Рахим, кој Радески го убил во мај пред две години.

Случаите на Тодор Тасески, кој беше убиен во февруари 1999 година и нападот на Михајло Новични, кој преживеа се се уште отворени, но и за нив се сомничи Радески.

technokari tags:, , ,,,

ROCK am RING 2008

Лани пишав нешто повеќе за историјатот на фестивалов.Годинава ќе настапуваат навистина МНОГУ звучни имиња (поопширно на линкот подолу), инаку ќе се одржи традиционално во NIRBURGRING во Германија од 06 - 08 Јуни (секојпат првиот викенд во Јуни)...картите се само 135 евра.

ROCK am RING

Бидејќи си водат сметка за авторските права, од кај луѓево мене не ми успеа ни пиксел да симнам...слободно кликнете го линкот (не апа).

п.с.продавам пар бубрези (здрави се, малку користени).

technorati tags:,

ШТО ќе беше да живеевме во Утопија

Во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?

Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луди?

Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив?

Како би се чувствувале во свет каде што соседот нема ниту повеќе, ниту помалку од нас, а на соседката фризурата и е исто лоша колку и нашата?

Колку би биле среќни ако постојано се чувствуваме оргазмично?

Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува, освен на последните страни каде што ги има умрените, всушност ни тоа да не не` вознемирува, слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.

Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои се разнесуваат по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе.

Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас...ДА тоа е еден од главните фактори зашто на вести и весници се даваат претежно лошите работи кои се случиле во....да се наситиме со туѓото страдање.

И затоа мислам дека во свет каде што УТОПИЈАТА е стварност, ќе ни биде многу досадно!!!

Во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?

Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луди?

Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив?

Како би се чувствувале во свет каде што соседот нема ниту повеќе, ниту помалку од нас, а на соседката фризурата и е исто лоша колку и нашата?

Колку би биле среќни ако сме рамнодушни на надворешниот свет и ниедна дразба не допира до нас?

Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува, освен на последните страни каде што ги има умрените, всушност ни тоа да не не` вознемирува, слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.

Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои се разнесуваат по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе.

Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас...ДА тоа е еден од главните фактори зашто на вести и весници се даваат претежно лошите работи кои се случиле во....да се наситиме со туѓото страдање.

И затоа мислам дека во свет каде што УТОПИЈАТА е стварност, ќе ни биде многу досадно!!!

МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ

ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА – ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ – НАДГРАДЕНА И ПРОШИРЕНА

technorati tags:,,

ЛИЧНО ИМЕ & СЛИКА & ИНТЕРНЕТ = ?

Колку сме сигурни на интернет, кога објавуваме слики, лични имиња и податоци? Сигурни во смисол, од злоупотреба на одредена група корисници, кои намерно или од незнаење би ги искористила злоупотребувајќи ги истите да би наштетила некому на било кои начин.Јас лично го имам тоа почуствувано, кога некој ги искористи моите податоци и ги објави баш на блог...И искрено заврши неславно неговиот обид, но има случаи кога таквите поигрувања можат да бидат опасни, по нечија кариера или живот (не во смисла животна опасност, туку лична деградација).

Инаку појавава е доста популарна меѓу, учениците од основните и средните училишта во државава, кои веројатно не се запознаени дека во истава има и некои правила или закони за такво однесување.Во секој случај мора и самите корисници да водат сметка што и како објавуваат на интернет, сепак ова глобално село е достапно на секого.

Дел од пишуванката во Вест:

***

Размислете двапати пред да го кажете името на Интернет

-Размислете двапати дали ќе го користите вистинското име или ќе употребите псевдоним на Интернет порталите за дружење
-Размислете добро пред да ги објавите своите лични податоци, особено името и презимето, адресата и телефонскиот број
-Користете различни податоци за идентификација на Интернет, корисничките имиња и лозинките пожелно е да бидат различни на различни веб страници
-Информирајте се кој управува со сервисот кој го користите и под надлежност на која земја спаѓа? Дали во земјата постои орган за заштита на личните податоци до кој може да се обратите во случај на злоупотреба на вашите лични податоци

***

Внимавајте на децата

Внимавајте на тоа како вашите деца го користат Интернетот, особено кога станува збор за портали за дружење, вели Марушиќ. "На веб страницата њњњ.топ.цом.мк имаме еден куп фотографии на разголени млади кои како самите да се нудат. Има, на пример, младо девојче во костим за капење на плажа и самото тоа прашува што мислат другите за него. Коментарите кои следуваат се многу вулгарни", вели Марушиќ.

БЛОГОТ и ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

Дали ние како блогери имаме доволно моќ, да креираме некакво си јавно мислење и ставови по кои луѓето ќе си речат, чек да се подзамислам може овие имаат право.

Доколку правилно сме го разбрале постоењето на блогот како медиум, веројатно и ќе имаме успех, но ако блогот ни служи само за лично препукување, поентата е изгубена, повеќе личи на незабележително форумче.

Значи првично, блогот ни дава можност да пласираме одредена информација, НО, придружувана со нашиот личен став, не инфо како во весник (пласиран ставот на главниот уредник), што значи имаме моќно оружје во рака.До сега за ЖАЛ, тоа оружје се употребува т.е. злоупотребува, па затоа не е ни чудо што никој од популацијата не не` смета за релевантен фактор, или барем за сериозна конкуренција на мас медиумите.А сведоци сме, дека можеме убаво да им парираме.

Блоговите кои постоеа да ги иритираат и напаѓаат бугарите, сеа сменија име и станаа опасна левица, која само критикува и напаѓа, наместо да кажат конкретен став, или пак да се произнесат,А ШТО ТОА НАПРАВИЈА ЗА ДРЖАВАВА во предходните 15 години, наместо да кукаат и плачат, ШТО ИЗГУБИЛЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ (додуша ова се случува и надвор од блог небото, но ќе се задржам тука).Сепак мество е рефлексија на збиднувањата надвор.ДАЛИ? Лично не мислам така, бидејќи надвор од сајбер просторот е сосем поинакво мислењето,сепак факт е дека тука, левата политичка страна е малку понагласена, но не и појака, бидејќи и Боговите молчат пред фактите.Анкетите не ги сметам за апсолутна вистина, а ни за некаков битен показател како размислува народот!

ГРУЕВСКИ ја официјализира коалицијата

Чисто информативно:

Договорoт за заеднички настап на претстојните избори го потпишаа ВМРО-ДПМНЕ и 18 политички партии

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го потпиша предизборниот коалициски договор со водачите на 18 политички партии.

Во блокот политички партии предводен од најголемата владејачка партија се: Демократска унија на Ромите од Прилеп, Партија за интеграција на Ромите, Работничка земјоделска партија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Бошњачка демократска партија, Партија на зелените, Демократска партија на Турците во Македонија, ВМРО-Македонска, Демократски сојуз, Социјалистичка партија на Македонија, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Партија на Власите од Македонија, Народно движење за Македонија, Обединета партија за еманципација и Странка на демократска акција на Макеоднија.

КИРИЛИЦА + ВИДЕО

А ЗА ШТО СЕ РАСКАЖУВА ВО ОВАА КНИГА?

Помина и 20 - тиот Саем на книга, оваа година преименуван во „Денови на книга 2008“.

Јас нема да пишувам за тоа колку и како бил посетен, какви изданија имало, нови, стари, кој кого превел (нормално од српски....леле колку не се преведува од оригинални јазици), сепак тој дел од саемот го оставив на купувачите, т.е. на оние од другата страна на пултот.

Јас ке пишам за тоа како се чувствуваа оние кои се потрудиле да издадат нова книга, да ја помовираат, презентираат за на крај истата да заврши во рацете на тие од другата страна на штандот, купувачите.

Одамна заклучив, (сеа само ми се потврди, веќе стекнатото мислење), за тоа какви читатели има Македонија.Од прилика постојат три групи на “читатели“ .

Едните, т.е. првата група се луѓе кои знаат што сакаат да читаат, си прават селекција, одат и купуваат без да им се посочи или понуди одреден наслов.Со нив најлесно се разбирам.

Вторите, се луѓе кои ја прочитале „Зоки Поки“, евентуално „Волшебното самарче“ а од странски автори скоро сите „Викенд љубовни роман“.Тие застануваат на штанд, се задржуваат повеќе од пола саат и рандом прашуваат - „А што се раскажува во оваа книга“?

Значи ми доаѓа човек и ми го поставува прашањето од насловот...и јас го гледам...што да му кажам,

-Тоа е стручна литература книгата е “Одбрана - НАТО“...земете ја, таа ни е последниот примерок и прочитајте ја...нормално на некој студент ќе му заврши повеќе работа!

или

-истото прашање од насловот

И следи получасовно излагање за тоа, што Фројд има опфатено во „Малиот Ханс“, а тоа ме прашуваат две цуци на штиклички од 20 сантима (како им се стоеше толку време на едно место) ...и после исцрпниот одговор следеше крешендо

- А роман е ова?

или

-Ааааа оваа е она, знаеш бе таа што бла бла бла бла...оговарање на тема Алена...и јас им предложив да ја прашаат авторката (бидејќи седеше позади мене), за сите дилеми што ги имаат околу книгата...наведнаа глави и фатија џаде. Оговарањето сепак ни е најјака страна (јас сеа тоа го правам и многу е забавно).

или

-прашањето од насловот...а пред мене стои Премиерот...на кратко на купувачот му ја раскажав содржината на „Светскиот заговор“...мада самиот наслов кажува за што е книгата....НО, типот продолжи да поставува потпрашања....и така јас имав шанса да раскажувам книги пред Премиерот!!!
За момент се чувствував како Шехерезада!!!

Ај доста за овие.

Третите се луѓе, кои никогаш ништо не прочитале.На нив човек може да им продаде се, или ништо...во зависност од тоа со кого се во придружба, па да инпресионираат или ако се сами...одат на саем да бидат видени.Така да слободно можете да им ги продадете најновите романи од Фројд, тие што ќе решат да купат, обично се задржуваат на бојата на корицата, нормално дали ќе им одговара со мебелот или на тепихот.Бидејќи нашите изданија изобилуваат со колорит, лесно се продаваа и на оваа група луѓе.

Заклучок, вторите се најтешки, бидејќи мислат оти знаат, без разлика што и да им кажеш и да ја купат книгата, веројатноста дека ќе ја прочитаат е многу мала...бидејќи веќе им е раскажана...и тоа ќе го прекажуваат понатаму!

LG 1 001.jpgLG 1 002.jpg

МОДЕРНИ ФОБИИ

Тим Лиоро е фронзофобичен хебдомофоб, роден во Лидс во 1965 година.Како млад заболел од хебдомофобија, а за време на студиите по музика на Универзитетот во Лидс станале очигледни првите знаци на серулофобија.По неговото манепостофобично дипломирање се издржувал свирејќи пијано и во 1990 година успеал да ја надмине офисинофобијата, кога почнал да работи во Џез ФМ.

.........................................................................

Дел од белешката за авторот Tim Lihoreau.

modern phobias.jpg
Пред некое време пишав пост на тема ФОБИИ, каде на кратко ги пишав најчестите стравови на луѓето.Вчера сосем случајно налетав на книгата Модерни Фобии
(Modern phobias), од Тим Лиоро (Tim Lihoreau). Во прв момент книгата ми беше многу забавна, ја читав рандом...потоа ја препрочитав, за да сватам дека колку и да се смешни и налудничави Модерниве фобии, многу од нив си ги поседувам и јас, верувам дека и вие ке се пронајдете барем во неколку.Неодамна и Лавот имаше посечено неколку бизарни фобии

Сега следат Модерните Фобии:

АБСЕЛОФОБИЈА – Страв да ја напуштиш кабината во тоалетот.

АБЕМОРАФОБИЈА – Страв дека си ја пропуштил станицата

ЕДИФИКАТОРОФОБИЈА – страв од градежници

ЕСТАФОБИЈА – страв од лето

АГМЕНОФОБИЈА – страв дека чекаш во погрешна редица

АЛИАКАЛОФОБИЈА – страв дека не си толку умен колку што те сметаат

АЛТЕРДИСЕМОФОБИЈА – страв дека си пропуштил нешто на другиот канал

АМИПАРТОФОБИЈА – страв да делиш пријател со друг

АНТЕФАМАФОБИЈА - страв дека луѓето зборуваат за тебе, но престануваат кога ти ќе влезеш во просторијата

АПЕРЕПИФОБИЈА- страв да се отвори електонска пошта

АКВАДОРМОФОБИЈА – страв да не се излигавиш додека спиеш во воз

АРКАФОБИЈА – страв да користиш банкомат кон крајот на месецот

БУЛИФОБИЈА – страв дека немаш далечински управувач

КАДОФОБИЈА – страв од неуспех

СЕРУЛОФОБИЈА – страв дека ке океливите

КАНУСОФОБИЈА - страв дека косата ќе ви побели

КАРПЕНАСОФОБИЈА – страв дека луѓето ќе забележат оти го чепкате носот

КЕТЕРИНФАНОФОБИЈА – страв од децата на туѓи луѓе

СИВЕРОФОБИЈА – страв дека не си политички коректен

ЦИВИЛИФОБИЈА - страв од политичари

КОЕТУСЕРМОФОБИЈА – страв од телефонски оператори

КОЛИГАФОБИЈА – страв од пакување

КОНГЕРСИОФОБИЈА – страв од состаноци

КОНСПЕКУНОФОБИЈА – страв да даваш пари во доброволен прилог

КОНТУМАФОБИЈА – страв дека се согласуваш со десничарски колумнисти

КРУНУМУЛИФОБИЈА – страв дека кога ќе вклучиш ТВ ке ја видиш Керол Воордеман

ДЕДИТОФОБИЈА – страв дека ќе се навлечеш

ДЕПОКОНХОФОБИЈА – страв да ја спуштиш телефонската слушалка

ДЕВЕРЗОРАФОБИЈА – страв од хотели

ДИСЦИМЕДИКОПИЈА – страв од студенти доктори

ДИСЦУЛИПУФОБИЈА – страв од студенти

ДИВЕРУФОБИЈА – страв да ја признаеш вистината

ДОНОКУЛОФОБИЈА – страв од гледање дирекно во очи

ДУКСОФОБИЈА – страв од шефот

ЕУАКСОФОБИЈА – страв од снобови

ЕКСЦИРКУЛОФОБИЈА – страв дека нема да бидеш избран

ЕГЗЕРСИТОФОБИЈА – страв од вежбање

ЕГЗИТУРОФОБИЈА – страв дека пенисот ти е мал

ЕКСПЕЛОФОБИЈА – страв да одиш во тоалет во туѓа куќа

ЕКСТЕРВИАФОБИЈА – страв да ја напуштиш средната лента

ЕГЗУЕРФОБИЈА – страв да се соблечеш

ФАБАФОБИЈА – страв да порачаш кафе во кафуле

ФАСИПСОФОБИЈА – страв од направи сам

ФАЛСУФОБИЈА – страв дека не си во право

ФЕРУТЕРОФОБИЈА – страв да чекориш бос по земја

ФИНКАРТОФОБИЈА – страв дека ќе се одмота тоалетната хартија

ФИСТУЛАФОБИЈА – страв од подземна железбица

ФОРЛАТРИФОБИЈА – страв од јавни тоалети

ФОРТАВОКОФОБИЈА – страв дека зборуваш гласно додека имаш слушалки на ушите

ФОРТУНОФОБИЈА – страв дека ќе ги извлечат твоите бројки, ако не ги уплатиш

ФРИГЕНЗОФОБИЈА – страв да го користиш мобилниот

ФРОНЗОФОБИЈА – страв да подготвуваш чај

ФУКУФОБИЈА – страв од продавачките на козметика

ГЕНВИАФОБИЈА – страв од улични анкетари

ГРАФИКОИТОФОБИЈА – страв од секс зашто пенисот ти е многу мал

ЖИРОСАКОФИБИЈА- страв од системи за пренос на багаж

ХАЛИТОФОБИЈА- страв дека ти смрди здивот

ХЕБДЕМОФОБИЈА – страв од неделно попладне

ХОЛУФОБИЈА – страв дека ќе се откачиш

ХОЛУСОФОБИЈА – страв од зеленчук

ХИДРАФОБИЈА – страв од колективното

ЈАНУАРОФОБИЈА – страв од јануари

ИДЕМОФОБИЈА - страв дека ќе се појавиш во иста облека со некој друг

ИЛЕНОМОФОБИЈА- страв од некое име

ИЛЕРОГОФОБИЈА – страв од прашања на кои нема одговор

ИМИТОРФОБИЈА – страв да зборуваш со некого на неговиот дијалект

ИНАНОФОБИЈА – страв дека ќе те стават да чекаш

ИНКАРОМОФОБИЈА – страв да почнеш заедничка песна

ИНДЕНСОФОБИЈА – страв дека имаш нешто заглавено во забот

ИНФАРСЕРМОФОБИЈА – страв дека некое дете ќе ви го затвори телефонот, во тек на некој битен разговор

ИНСИСТОФОБИЈА – страв од паркирање

ИНСТРАПТОФОБИЈА – страв да се вратиш некаде

ИНВИМЕДИКОФОБИЈА – страв да одиш на лекар

ИПСОБЛИВОФОБИЈА – страв дека некогаш некој ќе помисли дека добра идеја е да....

ЛАКВАЗОФОБИЈА – страв да отвориш млеко во тетрапак

ЛАНГЗОФОБИЈА – страв да застанеш на вага

ЛАУДАФОБИЈА – страв од обожаватели

МАГИВАЛОФОБИЈА – страв дека ќе те посети член од парламентот, во болница

МАГНАФУНДАЛОГИЈА – страв дека газот ти изгледа голем во тоа

МАГНУФРАТЕРФОБИЈА – страв од риалити-шоу

МАЛКАНТОФОБИЈА – страв од пеење

МАЛОЛИДОФОБИЈА – страв дека лошо мириса, но никој никогаш не му го рекол тоа

МАЛВЕНТОФОБИЈА – страв дека твојот прдеж смрди повеќе од другите

МАЛВАКОФОБИЈА – страв од употреба на погрешни зборови

МАНЕПОСТОФОБИЈА – страв дека си сторил нешто страшно во пијана состојба

МАТЕРФОБИЈА – страв од мајка

МЕДИКАМЕРОФОБИЈА – страв од чекалница кај доктор

МОЛИФОБИЈА – страв дека не си во состојба да се впуштиш во...

МУЗАУРОФОБИЈА – страв од луѓе со огромни слушалки на уши

НИХИЛОФОБИЈА – страв од ништото

НИМИНТЕМПОФОБИЈА – страв да не злоупотребиш нечие гостопримство

НОМЕНОФОБИЈА – страв од брендови

НОНИВОФОБИЈА – страв дека нема да го најдеш она што го бараш

НОНМАРТЕФОБИЈА – страв дека те нема на ТВ

НОВАМУНДАФОБИЈА – страв од Американци

НУДУФОБИЈА – страв да се соблечеш гол

НУЛОФОБИЈА – страв од добивање

ОБЗЕЛЕТОФОФИЈА - страв дека другите имаат подобар мобилен од твојот

ОБЗАНОВОБИЈА – страв од коса

ОКУПАТОФОБИЈА – страв дека ќе бидеш зафатен

ОКУВИАФОБИЈА – страв да се соочиш со некого на улица

ОФИСИНОФОБИЈА - страв од работа

ОСТАНТЛОРОФОБИЈА - страв дека ти се гледаат гаќите

ОВИФОБИЈА – страв дека ќе се приклучиш на мнозинската страна

ПАРЕМУЗОФОБИЈА – страв од музиката на родителите

ПАРЕНЗОФОБИЈА – страв да станеш татко

ПАРВОКОКФОБИЈА – страв да јадеш во ресторан покрај автопат

ПЕРДЕТОФОБИЈА – страв дека не си го запомнил документот

ПЕРДИТУФОБИЈА – страв дека ќе бидеш фатен

ПЕРЕЦИБУФОБИЈА – страв да порачаш од непознато мени

ПЕРЕЛИНГВАФОБИЈА – страв да зборуваш странски јазик

ПИКАФОБИЈА – страв да гледаш страчки

ПЛУРАКАНОФОБИЈА – страв дека гледаш погрешен канал на ТВ

ПОКУЛОФОБИЈА – страв од шољи за носење

ПОСТОФОБИЈА- страв дека досниш

ПРЕЛОКУФОБИЈА – страв од фиоки

ПРЕЗУМАФОБИЈА – страв да ти го соопштат резултатот од некој спортски натпревар

ПРИМАФОРАФОБИЈА – страв дека се прв кој си оди од работа

ПРУЕМИОФОБИЈА – страв од предигра

ПРОПРИОФОБИЈА – страв од своето семејство

ПРОСКРИПТОФОБИЈА – страв од комерцијална телевизија

КВАЗУМЕГОФОБИЈА – страв да прашуваш за правец

КВИСКВИЛИАФОБИЈА – страв од рекламни елекронски пораки

РАСПРЕРЕТЕРФОБИЈА – страв дека нешто ти недостига

РИМПАВОФОБИЈА – страв дека стоиш во пикнатина во плочникот

РОТАТЕКАФОБИЈА – страв од куфери со тркалца

РУФОФОБИЈА – страв од црвенокоси луѓе

РУСМУСОФОБИЈА – страв од фолк музика

САЛТАФОБИЈА – страв од танцување

САПОФОБИЈА – страв од гледање сапунски опери

СКАЛАПЕЛОФОБИЈА – страв да гледаш низ скали

СКАЛАФОБИЈА – страв од ескалатори

СЕДСКОФОБИЈА – страв дека седите до погрешен човек за време на вечера

СЕМЕЛОФОБИЈА – страв дека нема да видиш некого, никогаш повторно

СЕНЕКОФОБИЈА – страв дека старееш

СЕРМОФОБИЈА – страв дека некој ќе зборува за вас

СЕРУБОФОБИЈА – страв дека ќе се преспиеш

СОКРУФОБИЈА – страв од свекрвата

СОЛВЕРОФОБИЈА – страв да се опуштиш

СКВАЛИДОФОБИЈА – страв од нечистотија

СТОЛИДОФОБИЈА – страв да почнеш јавно да решаваш крстозбор

СУПРУРОФОБИЈА – страв да добиеш ерекција на јавно место

СУПСУЕСКАФОБИЈА – страв од Икеа

ТАБЕРНАФОБИЈА – страв од шопинг

ТИНИФОБИЈА – страв дека телефонот ќе ти заѕвони во воз

ТРАНСПИЛОФОБИЈА - страв да раѓаш

ТИМПАФОБИЈА – страв од повторно родени христијани

УМЕРЗЕРМОФОБИЈА – страв од разговор со такси возачи

УНИКУРОФОБИЈА – страв од вонсериски автомобили

УКСУРОФОБИЈА – страв од сопругата

ВАЛЕФОБИЈА – страв од болници

ВАПАРОФОБИЈА – страв дека си заборавил да завршиш нешто

ВАНСЕЛЕРОФОБИЈА – страв дека си поранил

ВЕНДЕМОФОБИЈА – страв од агенти за недвижнини

ВЕНТИГНОФОБИЈА – страв дека си прднал гласно, додека гласно си слушал музика на слушалки

ВЕРБАФОБИЈА – страв од испраќање пораки

ВЕРСУРФОБИЈА – страв од сметки

ВЕРТАФУНДЕФОБИЈА – страв од скокање високо без некоја причина

ВИАТОРФОБИЈА – страв од туристи

ВИЦИКВИНКВИФОБИЈА – страв од Божиќ

ВИРГОФОБИЈА – страв дека ќе те отпишат

ВИЛИМУЗОФОБИЈА - страв од музика во лифт

ВИЛИТАЗОФОБИЈА – страв дека ќе се најдеш во продавница со распродажба

ВИЗУЛИБУФОБИЈА – страв да гледаш филм снимен по книга

п.с знам дека постот е малку подолг, ама морав да ги пишам сите споменати во книгата.

technorati tags:, ,

GMAIL - проблем?

Бидејќи последниве неколку дена, навистина имам проблем да се логирам на Gmail, сакав да ве прашам, дали и вие се соочувате со истиот ....?

technorati tags: ,

1 ЈУНИ!

Ај на здравје!

ПОДОБРИОТ нека победи!

СООПШТЕНИЕ

Како што веќе можете да приметите и од насловната на блог.цом.мк но и на on.net
почна да функционира “Здружението на Блогери на Македонија“

За почеток го пренесувам:

Соопштението до јавноста

Соопштение до јавноста


Здружението на блогери на Македонија сака да ја искаже својата поддршка во борбата за зачувувањето на Уставното име на Република Македонија, историја и културниот идентитет на македонскиот народ.

Изминатиов период, Здружението на Блогери на Македонија како и останатата блог и интернет заедница во Македонија, преку преплавување на интернет сферата со текстови, праќање на циркулирачки и-меил писма, интернет петиции и слично, ја дадовме нашата поддршка во борбата за зачувување на уставното име на Република Македонија.

Ние, како интернет заедница не сме против интегрирањето на Република Македонија во вроатланските институции – ЕУ и НАТО.

Сметаме дека нашето место е токму во Европската Унија и НАТО и за тоа говорат и сите релевантни истражувања на јавното мислење, каде поддршката на граѓаните за членувањето на Рурублика Македонија во нив е исклучтелно висок.

Сепак, членството во овие меѓународни институции не смеат да бидат по цена за менување на уставното име на Република Македонија, како и откажување на нашето историско наследство, култура и идентитет.

Република Македонија веќе направи премногу еднострани компромиси и гестови како знаци на добра волја, се со цел да покаже своите добри намери кон нашиот јужен сосед. Прифаќањето за користење на срамната референца БЈРМ во меѓународната комуникација и институции, како и смената на знамето на државата беа преголеми еднострани отстапки кои ги направија политичките елити во минатото, без ама баш каква и да е консултација од граѓаните и нивна поддршка.

Здружението на Блогери на Македонија е против било какви понатамошни компромиси околу името на нашата држава.

Името на нашата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, името на нашиот народ е МАКЕДОНСКИ НАРОД и ние имаме МАКЕДОНСКА КУЛТУРА.

Исто така, ги повикуваме сите блогери и активи корисници на интернет, насекаде и секогаш, преку глобалната мрежа, да ја шират вистината за Македонија.

Ви предлагам да ги видите и следните наслови:

ЦЕЛИ и ЗАДАЧИ

ПРОГРАМА

ЗАЧЛЕНИ СЕ

ЗАШТО ГРЦИТЕ СЕ ПЕДЕРИ?

Пред некое време видов некоја листа, која популација има најјако лоби во светот.На прво место беше еврејското, а на второ место педерското, па празни места....а останатите и не се битни (масони, илуминати и останати тајни друштва не се рачунаат, бидејќи демек се тајни).

Е пошто на грците им успеа да ги надиграат и американците и многу добар дел од европејците, за нас да ни стават вето, многу веројатно е дека зад нив има многу јаки лобисти.А бидејќи грците не се евреи останува, тоа второто.

Инаку морам да им се заблагодарам за бесплатната реклама што ни ја направија низ светов.Верувам владава да мораше да плаќа за ваква пропаганда, немаше да се изрекламираме и Македонија да се збори по цел свет, без едно две милијарди евра.

И за крај морам да им го извејам новото знаме што им го навезе ГУСАРОТ

greeceflagbygusargo7.jpg

CHINA before OLYMPIC GAMES 2008

Гледам по блогерајов, а впрочем и на мојот блог, во последиве денови многу политика...ај за промена малку ИГРИ!

Колку да биде среќен народот!

СУПТИЛНО до ЖЕЛБА

Сета енергија е вибрација.Значи животната енергија на душата (прана) е исто така вибрација, иако е суптилна и со многу висока фрекфенција.Кога таа енергија се концентрира на материјалната енергија, се раздвојува на компоненти исто како што белата светлина се раздвојува на повеќе бои со помош на призма!Значи енергијата на душата неможе директно да делува на материјалното време, бидејќи е безвременска и трансцедетална.Но кога желбата на душата е сконцентрирана на материјалната енергија со помош на лажното его и параматмата (наддушата) и обликувајќи ја таа енергија со помош на материјалната моќ на времето, доаѓа до материјализирање на самата желба.
Енергијата на душата е духовна.Затоа неможе директно да делува врз материјата, но е толку суптилна што може да ја пронижи материјата, како што аромата се шири низ воздухот.Врската помеѓу енергијата на душата и телото е во облик на материјалната моќ на времето.Со помош на наддушата, желбата на душата може да се обликува во материјалната моќ на времето и на тој начин да се постигне способност за делување врз грубата материја.

ВОЛК И КОЗА

Едноставно, после синоќешниот муабет, морав да го превземам текстов од ТАРАТУР


Иако нивното ривалство е забележано и во бајките, волкот и козата во една кинеска зоолошка градина не само што станаа добри пријатели, туку помеѓу нив почнале да фрчат и љубовни искри, велат чуварите.

Козата и волкот во една кинеска зоолошка градина станаа најдобри пријатели. Чуварите на зоолошката градина во Нанчонг се претерано вчудоневидени.

„Ако ја нема случајно козата, волкот ќе завие и трча околу кафезот“, вели чуварот Ксу. Инаку пленот и предаторот почнале да се гледаат пред еден месец.

„Едно утро го отворив кафезот на козата и ја пуштив надвор да пасе, а од својот кафез излезе и волкот, бидејќи не му ја затворивме вратата. Волкот се стрча кон неа и почна да завива кога ја помиририса. Козата толку се преплаши што нозете и се тресеа“, вели Ксу кој ја штител козата додека другите чувари не му дошле напомош.

„Но во наредните неколку денови подобро се запознаа и си разменуваа завивање и мекање. Звучеше како да флертуваат. Потоа одлучивме да ги ставиме во ист кафез и тоа одлично профункционира“, вели Ксу додавајќи дека двојката сега се прави заедно, освен што не ги дели оброците – волкот преферира мевце, а козата ’вегетаријанска храна’.

ЗНАЕЊЕТО ЗА РЕИНКАРНАЦИЈАТА

Животот не почнува со раѓањето.Ниту завршува со смртта.Што се случива со душата кога ќе го напушти сегашното телото? Дали влегува во друго тело? Мора ли вечно да се реинканира? Како реинкарнацијата навистина се случува? Дали можеме да управуваме со нашите идни животи?

„Убеден сум дека навистина постои иден живот, дека оној кој умрел мора да се роди и дека душите на мртвите се живи“

Сократ


ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

Ова е најновата тоалетна хартија.Фино дезенирана и парфимирана.Користете ја почесто!
111.jpg