utorak, 25. ožujka 2008.

PROMOCIJA

НЕ Е СЕ` КАКО ШТО ИЗГЛЕДА Измени.

Како што веќе повеќето сте информирани, кон крајот на неделава ќе биде промоцијата на едицијата блог записи ЕДНА ТУРА БЛОГ КУЛУРА, меѓу кои се наоѓа и мојата книга, НЕ Е СЕ` КАКО ШТО ИЗГЛЕДА.

Градска библиотека `Браќа Миладиновци` - Скопје и Издавачка куќа `Аквариус` - Скопје
ве покануваат на
П Р О М О Ц И Ј А
на 14 книги од едицијата "Блог записи"

промотери:
Сашо Мацановски - Трендо
Дарко Булдиоски

28 март 2008 година (петок) во 14:00 часот во просториите на Библиотеката

и целиот комплет:

Мртвите херои на нашата иднина Археолошки дневник

No friends no family Авгански дневници

Последниот македонски хакер Патот на душите

Од Cabaret до Oz Мисли на празно срце

Пуфлините коцкички Не е сè како што изгледа

Антиблог за Филип Петровски Мајмунска стапица

Светлата страна на готиката Кога нема ништо

nedjelja, 23. ožujka 2008.

НЕ Е СЕ` КАКО ШТО ИЗГЛЕДА

Како што веќе повеќето сте информирани, кон крајот на неделава ќе биде промоцијата на едицијата блог записи ЕДНА ТУРА БЛОГ КУЛУРА, меѓу кои се наоѓа и мојата книга, НЕ Е СЕ` КАКО ШТО ИЗГЛЕДА.


ЈАС - старо нова шминка

После повеќе месечното убедување на самата себе...конечно решив да си го вратам стариот темплејт...ОВА СУМ ЈАС!!!

PING PONG WEATHER (TIMES)

Понеделник - ПРОЛЕТ

Вторник - ЕСЕН

Среда - ЛЕТО

Четврток - ЗИМО

Петок - ШЕКНАВ!

Шекнав - Падна Влада
- ИМЕТО
- НАТО
- Инфлација
- Поскапе бензинот..
- Ма све у пичку матер

Ма све у пичку матер:

- До кога ќе не прават мајмуни.!
- До кога ќе дозволуваме да не прават мајмуни!
- До кога ќе бидеме мајмуни!
- Веројатно додека сме мајмуни!

technorati tags:, , ,

JADI BUREK ... KIČEVČANEC ... KIMI

Блоговите на ЈАДИ БУРЕК, КИЧЕВЧАНЕЦ и КИМИ во ЕНТЕР

img041.jpg

за повеќе, КЛИКНИ на сликата

technorati tags:,,,,

srijeda, 12. ožujka 2008.

АБОРТИРАН ФЕТУС ИЛИ БОТОКС?

Козметолозите тврдат дека клетките на фетусот гарантирано подмладуваат! Можеби и да ве шокира оваа екстремна и етички сомнителна метода но се поголем број на жени од запад веќе чека на ред за овој третман.

ЗА КОЖА КАКО БЕБЕШКА, ДАЛИ БИ ВБРИЗГАЛЕ БОТОКС ИЛИ КЛЕТКИ ОД АБОРТИРАН ФЕТУС?

Деведесеттите години од минатиот век, се крена голема прашина поради употребата на инекциите на ботоксот кои содржат токсични спори од бактеријата botonilum. Најновата метода за подмладување предизвика уште побурни реакции.Се работи за вбризгување директно во брчките,
матични клетки од Абортиран фетус.

botox0510.jpg

И покрај полемиките, овој начин на подмладување станува се попопуларен на Запад, бидејќи милиони жени на разноразни начини пробуваат да го спречат биолошкиот часовник.Медицинските експерти тврдат дека матичните клетки ја формираат секоја клетка во телото, а човечкиот ембрион ги содржи многу повеќе одколку кај возрасен човек.Научниците веруваат дека матичните клетки можат да се размножат скоро во сите клетки И така да ги обноват органите кои не функционираат правилно.Дерматолозите и стручњаците за козметологија сметаат дека тоа се однесува и на успорувањето, дури и на спречувањето на процесот на стареење на кожата.Тие тврдат дека вбризгувањето на матични клетки директно во кожата го поттикнува процесот на самообновување.

ФЕТУСИТЕ СЕ КРИУМЧАРАТ, А МЛАДИТЕ ЖЕНИ ОД НАЈСИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ АБОРТИРААТ ЗА ДА ГО ПРОДАДАТ ФЕТУСОТ ЗА 200 ЕВРА.

Употребата на матичните клетки од абортиран фетус во областа на козметиката и не е така нова, но сепак предизвикува бурни реакции (како позитивни, така и негативни).Дали користењето на матичните клетки за подмладување е неморален чин?!

-Не никако!, одговара професор од Институтот за регенеративна медицина на Барбадос. (Дали сега ви е јасно зашто таму летува џет сетот?), каде може да се купи еден шприц со матични клетки за регерација и подмладување на целиот организам, по цена од 22 500 евра!

ЦРН ПАЗАР ЗА ФЕТУСИ

Моралното оправдување за употреба на хумани ембриони, само за тргање на брчките и младост преку ноќ, можеби е под голем знак на прашалник, но тоа сепак не ги спречува се поголем број на жени, првенствено од Британија, да патуваат на Барбадос и во други замји на западната хемисфера за подмладување. Да би ги задоволиле потребите на своите клиентки, како тврдат изворите, црниот пазар за абортирани фетуси во Москва секој ден е се поголем.Инаку фетусите се криумчарат во Русија, од Украина и Грузија, а младите жени од сиромашните слоеви плод и од осум до дванаесет недели, а потоа го абортираат и го продаваат фетусот по 200 евра!

fetus_jar.jpg

ЗАДОВОЛНИ ЖЕНИ

Жени кои го пробале овој начин на подмладување, се колнат дека ова е врв на научната козметологија:

-57 годишната Кристина Робертс, која пред две години, била на Барбадос, на Институтот за регенеративна медицина вели:

-Бев сместена во луксузна соба И приклучена на инфузија со солен раствор.Потоа истотака интравенски примив шприц полн со матични клетки.Ако имате доволно пари за ваква постапка, вредна е за секоја пара, знам дека звучи лише, но јас се чувствувам 10 години помлада!

-42 годишната Никола Бувс, планира да ги избрише своите брчки со матични клетки.

-Неогаш бев манекенка и спремна сум да направам скоро се за да го задрчам добриот изглед. Неколку пати вбризгував ботокс, направив И липосукција на колковите, оперативно ги зголемив градите, И инплатирав филери околу уснтата.Да можеби е сето тоа претерано но вреди многу труд И пари, ако ми овозможи а изгледам добро за своите години!


ВО ТУБА ИЛИ ВО ТЕГЛИЧКА


...До сега се покажа дека козметиката за нега го прати трендот на пластичната хирургија.Во Британија жените веќе можат да купат матични клетки запакувани во крема за лице.ОК, се работи за синтетизирани матични клетки, а не за хумани но тоа не влијаеше за висината на цената на тој препарат (околу 1 500 фунти) во слатка малечка тегличка.Кремата
ReVives Peau Magnigique, наводно ја прави кожата како на бебе.Нејзината основна компонента е ензимот теломераз.

Потполно нова кожа.Тоа е иднината на кремите за лице вели докторот Џорџ Бејс Браун, бивш пластичен хирург И креатор на оваа крема.Фактот дека матичните келии се обновуваат, со примената на новата технологија, практично создавате нова кожа на вашето лице.

Дали козметиката базирана на матични клетки е антиејџ бинго, за жените над 30 години, или е само вовед во уште порадикални козметички третмани?

Тешко е да се каже, но со времето козметичката технологија ќе се приближИ до козметичката хирургија, можеби И ќе ја надмине!!!

МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА ЛЕЧЕЊЕ

Пред повеќе од 40 години научниците почнаа да применуваат матични клетки во лекувањето кај возрасни луѓе, во медицински цели.


ЛЕЧЕЊЕ НА ТЕШКИ БОЛЕСТИ.

Матичните клетки се ефикасно средство за лечење на Алцхамеровата и Перкинсоновата болест.Клетките од коскената срж, одамна се користат во терапијата на леукемијата, а матичните клетки за обновување на изгорената кожа.Матичните клетки од рожницата се користат за репарирање на видот.

technorati tags:,, ,,

nedjelja, 9. ožujka 2008.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАСЛУЖУВА НАТО ... REPUBLIC OF MACEDONIA DESERVES NATO

Република Македонија го Заслужува НАТО!

mac.jpg


www.gov.mk

technorati tags:,,,
,

kimi

ПРОЧКА

Нешто што многу ме разнежнува во врска со празников.Најубав приказ:

ЧИН ПЕТИ
Сцената како во првиот третиот чин! Убав сончев ден. „Прочка“ - покладна недела. 3а сето време преку сцената проваѓаат костимирани маскирани, најмногу во селски носии, пронесувајќи пo некоја невеста сo свекор или свекрва: по обичајот поминува оди кај родителите на проштавање. Во почетокот “свадба“: „младо женец“ висок маж сo долги мустаќи под велот, кoj често му го откриваат.
Прва појава
Митре, Трипко
(седат пред меаната)
ТРИПКО: (осмевнато). Свадба, Митре.
МИТРЕ: A, a, свадба.
ТРИПКО: Што убава „невеста“! Co мустаќи.
МИТРЕ: A заптиине, зинале, сучат мустаќи, сеират...
ТРИПКО: Да му е алал кој го измисли овој ден. Како за нас. Да се поразвеселиме малце. Ќе се преоблече човек, ќе излезе малце од својата кожа, штавена, од оваа наша стега.
МИТРЕ: ќе си се прости човек co жена, co деца, ќе се измири... Ќе ти дојде некоја леснина радос’ во душата... Убав адет, aмa лош живот. Педепсала, се налепила лошотијата, па... Е, живот! Овој живот ти е, Трипко, како некое тркало сo запци: мене ме, да речам, закачил аџијата со лихва, ме дере, а јас удри на жената, a жената пак удри на децата. се’ така појакиот на послабиот удира...
ТРИПКО: A co аџијата ќе се простиш ли, Митре?
МИТРЕ: А, со него! Суратот да не му го видам! Како што не му го гледам година комај.
ТРИПКО: Бошко така. Нејќе да чуе за него. Ама адет бил? Секој адет, вели, не е за секого.
МИТРЕ: Арно вели. Убавите адети не се за лоши луѓе.
ТРИПКО: Само за Ленче се двоуми: да ли да ја пушти, на проштавање, од жал за мајка и’.
МИТРЕ: Па за жалење е сиромашката жена...
ТРИПКО: A пак што јунак ќерка изгледала! Да и’ е алал!
МИТРЕ: Јунак, многу. Бегањето нејзино не беше играчка.
ТРИПКО: Сиот град кипна, во чудо се најде. Ha две се раздели: сиромаштијата рипа од радос’, се сили, се сити, a чорбаџиите обесиле носови - да пукнат од мака.
МИТРЕ: како се погоди во Јуриет... та уште поголем џумбуш...
ТРИПКО: Да не беше Јуриет, отиде Бошко сургун во Анадол.
МИТРЕ: Е, Јуриетот! Видовме малце побел ден... Туку, пак на старото одиме, агаларите оџаларите пак креваат глава.
ТРИПКО: Колку да креваат, им падна вездата. Tиe одат на долу, ние нагоре. Пред пет години имавме востание, илинден, сега Јуриет, утре ќе дојде друго... Така, најпосле ќе и’ дојде крајот на нашата робувачка.
МИТРЕ: Е, камо да дојде! Да дочекаме!
Втора појава
Митре, Трипко, Трајко
ТРАЈКО: (откако неколку пати нерешено провирува низ портата, излегува, многу остарен, сиот опаднат, седнува на подзидокот, пали цигара пo цигара, ги брои бројаниците, сe гледа под веѓи, не кревајќи глава, гледа наоколу).

ТРИПКО: Hиe за волкот зборуваме, a волкот на врата.
МИТРЕ: Волкот! Токму го рече. Стар волк.
Трета појава
Митре, Трипко, Трајко, Шишко
ШИШКО: (излегува). А, аџијата! He сум гo видел година комај.
ТРИПКО: Откако побегна ќерка му, првпат излегува, галиба.
ШИШКО: А-а, прв пат. Колку се изменил! He може човек да го познае. Како од пекол да излегол.
ТРИПКО: Аџијата влегол в пекол, откако на ќерка си рака крена.
МИТРЕ: има тој уште многу греови на душата. He знаеш што е полошо: сиромаштијата не чини, туку богатството го расипува човекот го тера на лошотија.
ТРИПКО: имаше пари сила... Беше аздисал...
ШИШКО: Маката, галиба, го омекнала. најкораво срце...
ТРИПКО: Мене не ми се фаќа вера. Волкот влакното го менува, ама забите...
ШИШКО: болен беше многу. Ептен скиснал, се утогоњил. A за парите што мy пропаднаа кај Димка, капка го удри, го докраиса. Капка крв нема в лице.
ТРИПКО: Ама во срцето може уште отрувачка да има. Кажи ми ти мене, што е она што се свиткало онде крај ѕидон?
ШИШКО: Куче.
ТРИПКО: А, куче. Сега, земи го ти тоа куче, па направи го, ако можеш јагне, јали нешто друго.
ШИШКО: Тоа не бива, ама пак може да се припитоми сo галење, јали сo тепање. А, аџијата убаво гo истепа неволјата, та... Што велиш, ти, брат Митре?
МИТРЕ: He знам. Може да е така. Јас еднаш од лихфата се куртулив сo сe дуќанот... (Воздивнува). A! Мрак ми паѓа нa oчи, кога го гледам!... Ќе си одам. (Станува).
ТРИПКО: јас ќе си одам сo тебе. (Давајки му пари на Шишко). На, Шишко, пo една имаме. (Си отидуваат).
ШИШКО: Толку. (Ги зема парите влегува в меана).
Четврта појава
Трајко, Мирса
(доваѓа брго, седнува до Трајко сосем близу, се труди да говори тихо да не ја чујат поминувачите). Cи излегол!
ТРАЈКО: излегов. Me измами сонцето... Да ми ги згрее малку коските. А, од онаа да се откинам малце: само плаче, само пека, сe за... она зборува... Mи ce иде пустина да фатам!
МИРСА: Баш денес ли на Прочка најде да излезеш? Галиба нив ги чекаш... за проштавање.
ТРАЈКО: He ми е ни на крај ум.
МИРСА: Да не ти е в среде срде.
ТРАЈКО: He можам веќе затворен како в апсана.
МИРСА: Mи e страв ќе влезеш во истинска апсана.
ТРАЈКО: Па, ако ми е пишано од бога.
МИРСА: Од бога не, туку луѓе ти го готват, тоа баш ќерка ти оној нејзин пурјак.
ТРАЈКО: Е, е!
МИРСА: He веруваш! A зашто беа во Скопје, да те прашам?
ТРАЈКО: Што знам јас?
МИРСА: Ти не знаеш, туку знам јас. Беа да ти чинат давија за она на свадбата... пукањето...
ТРАЈКО: А, а...
МИРСА: (го прекинува). Јас што ти велам! 3а тоа отвори си ги очите, да не ти ги отворат! Да станеш утре, да појдеш вo Скопје, право на уќумат. Тамо да го одврзеш ќесето. Судот фатил, велат пак пo старо да суди. Co твоето име, брате, сo твоето ќесе, судот ќе биде твој. Да го фрлиш в апсана тој пурјак.
ТРАЈКО: Хм..
МИРСА: Да извадиш гараз, што ти згазил на чес, фамилија ти посрамотил.
ТРАЈКО: Е, срам со сапун не се мие.. Да можев на време.. додека не се стори... Јас правев сe што можев... Дури и... во грев влегов... рака кренав... (Помолчува). Ти знаеш сама! Зашто само ми ја развртуваш позледуваш раната. Остави ме не можам јас веќе тие работи да ги бркам. Јас сум веке човек со една нога в гроб. Сврши моето. coн си видoв. Татко ми, бог да го прости, иде ми вели: „Ајде, прибери се веќе кај мене“. A нa јаве понекојпат ми ce чини дека ме вика, му го слушам гласот.
МИРСА: Демек, сакаш да умреш да ја оставиш таа работа така. Е, брате, брате! Ништо веќе од тебе. Cи клапнал сосем. Затоа пак оној пурјак кренал нос, па в очи ми сe смее. А, што не сум едно машко, па би си го нашол тој таткото пурјачки. (Отидува бесна од лутина, на уголот се судрува сo Петко.) Полека бре, слепец!
Петта појава
Петко

ПЕТКО: Проштавај, снашке Мирсо, не те видов, жими бело видело! Проштавај, Прочка е денес! (Одминува).
Шеста појава
Трајко, Велика

ВЕЛИКА: (излегува, седнува на другиот подзидок). Гледаш, Трајко, невеста сo свекор си оди кај татко мајка на проштавање.
ТРАЈКО: Е, па што?
ВЕЛИКА: Така.. сакам да ти кажам...
ТРАЈКО: Пак ли тоа! овде, на сокак!
Седма појава
Трајко, Велика, Трендо

ТРЕНДО: (поминува викајк’и). Слатка бозица! Студена-ледена, слатка-медена! Кајмакли боза! Ајде, аџија, ајде Велике, да ви наточам пo една бозица. Слатка е како мед, како мелем на срце паѓа, мелем!
ТРАЈКО: (му прави гест со раката). Да си одиме. Ајде...
ТРЕНДО: (Ce преправа како да го разбрал обратно брзо точи). Е, е што ја имам, да ја немам! Бујрум, аџија, бујрум, Велике. Е, што е боза.
ТРАЈКО: (зема). Па... ајде...
ВЕЛИКА: Многу ја фалиш, бре Трендо.
ТРЕНДО: Па, нефалена девојка, неомажена си останува. Кој не фали, не печали. Јас треба многу да фалам, нa малку да спечалам, та децата да си ги изранам.
ВЕЛИКА: имаш право да ја фалиш, Трендо, арна ти е бозата.
ТРАЈКО: (му плаќа). Ha...
ТРЕНДО: Ha здравје, аџија. Ha здравје, Велике! А, ене го чорбаџи Стојко со снаа му. Одат кај мајка и’ на проштавање. А, бога ми има зашто да се проштаваат.
ВЕЛИКА: Зaштo?
ТРЕНДО: Па везден се караат. A ce тепаат многу пати. Ја тепаат свекорот свекрвата невестата, a таа пак го тепа Досета.
ТРАЈКО: Е, жена маж ќе тепала!
ТРЕНДО: Жена, аџија, ама има жена жена. Па после каков да е мажот. Досе, тој преклез, страшлив како зајак, се тресе пред неа како глушец пред мачка. A таа баш како мачка нa Досета!
ВЕЛИКА: Зар баш така?
ТРАЈКО: Ајде, џанам, колку да е, машко е.
ТРЕНДО: Море, мачорот е машко, со мустаќи, туку пак го тепаат со машата пo муцката. Ta Досе...
ВЕЛИКА: Tи знаш се’, Трендо.
ТРЕНДО: Јас ли? Јас знам се’ што бива не бива во градов. Јас само една боза продавам, a ce’ друго купувам.
ТРАЈКО: препородаваш.
ТРЕНДО: Ене го Досе. Сега ќе видите... што ќе накупувам од него! (Му привоѓа Досета). Ајде, Досе, да ти наточам една бозица!
Осма појава
Трајко, Велика, Трендо, Досе

ДОСЕ: (застанува). А-а, не ми ce пиe.
ТРЕНДО: Е, нешто си Kисел, Досе. А бозата е блага, блага ќе те разблажи, a?
ДОСЕ: Ајде.
ТРЕНДО: Зашто не си се облекол, Досе, како лани на Прочка во женско?
ДОСЕ: A, не ми прилега сега мене, сега сум, јас ете, женет.
ТРЕНДО: (точејќи). Е, пато е боза! Слатка, слатка, па медена. Како невеста во меден месец.
ДОСЕ: (пие, прави кисело лице). Е, баш е медена! ич...
ТРЕНДО: Кој, невестата ли?
ДОСЕ: Не, бозата. За бозата јас зборувам.
ТРЕНДО: A зa невестата мислиш. Е, бре Досе, што си чомушлив! Баш си некој ѓавол: едно мислиш, друго зборуваш. A ce прости ли со невестата, Досе?
ДОСЕ: Ја, што да се проштавам? He сме се тепале, та...
ТРЕНДО: Е, е, чаре не e! Ce знае тоа: каде има милување, тамо има тепање. Ce здодева сe едно. Па текпањето е слатко, кога тепа жена. Е, женската рака е мека слатка кога милува кога тепа.
ДОСЕ: Море, мани ја! Кога ќе те ѕвекне пo нoc, свитци ти искачаат пред очи!
ТРЕНДО: Бре, Досе, зар твојата невеста толку тешка рака има!
ДОСЕ: А, не, јас, ете, јас не велам за мојата невеста, туку, ете...
ТРЕНДО: Е, бре, Досе, чомушлив си, па толку! Ќе кажеш како штo е, па веднаш ќе измрдаш. Туку имаш право да криеш. Кога мажот ја тепа жената, се фали со тоа, ама го тепа ли жената мажот, е тоа веќе не е ич за фалење.
ДОСЕ: (му плаќа). Ајде, ајде! He можам веќе да те слушам! (Си отидува).
ТРЕНДО: Чекај, Досе, денес е Прочка, проштавај! (Отидува пo него). Кисела-весела!
Девета појава
Трајко, Велика

ВЕЛИКА: Виде ли каков мунѓул сакаше зет да го направиш?
ТРАЈКО: Бре! Па тој бил ептен будала! Јас мислев малку онака...
ВЕЛИКА: A Бошко...
ТРАЈКО: (ја прекинува луто). Ама ти пак ли... Молчи!
ВЕЛИКА: Леле, Трајко што ден е денес, златна Прочка!... Е, Трајко, немој да се лутиш караш, туку размисли малку душа имаш, a душа не повелаш. Утре, задутре, ти иде умирачка...
ТРАЈКО: Што има за тоа да мислам! Никој не може, да речам, да утече од умирачката.
ВЕЛИКА: Така. Ама некој умира со повеќе греови на душата a некој сo помалце.
ТРАЈКО: Безбели, безбели: секоја планина со својата тежина.
Десета појава
Трајко, Велика, Донка

ДОНКА: (поваѓа сo страв за себе). Леле, сега ќе ме праша каде сум била! (Сака да влезе некако во портата незабележана).
ТРАЈКО: А, ти не си дома! Cи излегла без прашање!
ДОНКА: Па...
ТРАЈКО: Убава работа, машала! Девојка да излезе без прашање! Ашколсун! Каде беше?
ДОНКА: Па... Бев...
ТРАЈКО: Каде, кажи!
ДОНКА: Па денес е Прочка... Ha Ленче многу сум згрешила... Бев да се простам.
ТРАЈКО: Кај неа! Како си смеела да појдеш!
ВЕЛИКА: Оф, Донке арно, cи сторила? Ела, ќерко, да те исцеливам! Кај нea си била! Cи ja видела! Cи зборувала со неа! Оф, кажи, кажувај ми, кажи ми сe!
ТРАЈКО: Ама ти како од ум да се мрдна!
ВЕЛИКА: He би било чудо да се мрднам! Оф, кажуј, Донке! Како е?
ДОНКА: Арна, е мајко. Многу арна. Сe и’ е арно. Куќичето малечко, ама ново, убаво како кутивче. Свекрвата ја чува како една капка вода на длан, како
цвеќе во градина што се чува. Што е тоа да је скара, лош збор да и’ каже! Многу убав помин си имаат!
ВЕЛИКА: Кажувај ми уште, многу, за сe, сe што виде што чу тамо!
ДОНКА: A Бошко од свадбата пиење веќе в уста не тура, од дуќан право дома си иде, што беше се заборчил за куќата, вратил; работата арно мy оди, во еснафот тој е прв мајстор.
ВЕЛИКА: Чу ли, Трајко, чу ли?
ТРАЈКО: Не, нејќам ништо да чујам!
ВЕЛИКА: A внучето? Кажувај, Донке, за внучето! Го виде ли?
ДОНКА: Како не! Оволкаво е, како дибече! Обрашчињата мy набубреле, дури носето мy гo поклопиле. Што е тоа да заплаче! ич, ич! Само си гуга, гуга како гулапче.
ВЕЛИКА: Оф, гулапче бабино. Оф, златно внуче, зар баба да не ми те види, да не ми те чуе, да не ми те целива милува! Не, не, не можам повеќе да пекам вака! He можам веќе да истрпам, ќе одам веднаш!
ТРАЈКО: Не, какво одење!
ВЕЛИКА: Никој веќе не може да ме запре! Само да cе облечам! (Влегува).
Единаеста појава
Трајко, Донка

ДОНКА: He, мајко, не треба да одиш, зашто Ленче со свекрва и’ ќе дојде овде! He ме чу...
ТРАЈКО: Чекај, чекај, што рече?
ДОНКА: Ќе дојдат да се простите. Ене ги идат!
Дванаеста појава
Трајко, Донка, Евра co бебето, Ленче
ТРАЈКО: Е, сега држи се арно, аџи - Трајко! Сега ако истраеш...
ЕВРА: За многу години овој ден, свате!
ТРАЈКО: (Ce свртува уште повеќе на другата страна молчи).
ЕВРА: Hиe дојдовме како што не носи редот, како што е адет на овој златен ден, да се простиме, да се измириме. Ти молчиш, аџија, не гледаш. He гледаш штo држам во рацеве. Погледај, свате, држам внуче, ем машко! Внуче мое твое, твоја крв, аџија. Погледај го, види го! Сега е малечко, ништо не знае. Туку пo некоја година ќе порасте, ќе прооди, ќе прозборува. Ќе доваѓа кај тебе ќе те вика: „Дедо, дедо“! Ќе ти ја трие брадата, ќе те трга за мустаќи. Погледај го! Види го како те гледа! Како да те моли! Да може да прозборува, би ти рекло:„Дедо, измири се, дедо, земи ме, дедо! исцеливај ме, дедо!“
ТРАЈКО: (влечен неодливо од детето,за малку да cе сврти, да го зграби исцелива, од грлото му сe истргнува придавено). Дедин... о...о!... Дед... (Во тој момент некој од насобраните луѓе сo реско смеење потфрлува). А, аџиште! Cи клекна... (Трајко cе стреснува в миг побегнува во портата).
Тринаеста појава
Донка, Евра, Ленче, Бошко

ДОНКА: (вика под прозорецот). Мајко! Мајко! Брго! излези! (На Ленче). Сега ќе излезе, Ленче!
БОШКО: (cе појавува меѓу група другари. Трендо нешто го советува)
Четиринаеста појава
Досегашните, Велика

ВЕЛИКА: (облеана во cолзи, се појавува на портата). Ќерко! Душо мајкина!
ЛЕНЧЕ: (притрчува, ја прегрнува, и бацува рака). Мајко! Слатко мајче, прости ми!
ВЕЛИКА: Ќерко! Просто нека ми ти е! Внучето! Дај ми го внучето, слатка сваќе!
ЕВРА: На, сваќе.
ВЕЛИКА: (го зграбува бебето го бацува). Оф, внуче мoe! Оф, анѓелче мoe! (Го согледува Бошко, му привоѓа, сo една рака го прегрнува го целива.) Златен зете! Просто нека ти е сe’! Да си ми жив!
БОШКО: (и’ целива рака). Проштавај, бабо... (Се враќа кај другарите). Велика седнува до Евра гледајќи се’ во бебето, разговара сo неа. Ленче е се’ до нив, a до неа Донка.
ТРЕНДО: А, така, Бошко: Како да е, мајка е!
Петнаеста појава
Досегашните, Мирса

МИРСА: (доваѓа брго, застанува еден момент cе враќа уште побрго скоро трчајки) Леле, се простиле! Немаат срам да се засрамат! Леле, ќе пукнам! Ќе здивјам (Се стрчува назад брго cе изгубува).
(Tpeндо, гласови од народот)
Пукни, Мирсо! Рипни в бунар, Мирсо! (Бурно смеење викање).
Шеснаеста појава
Досегашните без Мирса

(момците девојките, од кои повеќе костимирани во народни носии, се собрани готови да го започнат орото).
ТРЕНДО: Ајде, Бошко, на свадбата ни се расипа орото, a сега да го доиграме!
БОШКО: Така, чо-Трендо! Ајде, Ленче!


(ЗАВЕСА)

Последниот чин од
“БЕГАЛКА“ на Васил Иљовски


, , , , , ,,,, ,

kimi

“БЛАГОДАРНОСТ“за 8 Март

Сакам да им се заблагодарам на Клара и Роза, што со голем напор направија и ние жените да се почувствуваме ко мажи.Да бидеме рамноправни граѓани на светов и веков.Сакам да им се заблагодарам за сите права што сега ги имаме, што немораат мажите да не проценуваат во камили, злато и остали драгуљи...таканаречени мираз...сакам да им се заблагодарам што можам да носам и по 10 кг товар и притоа ниту еден маж да не ми пријде и да се понуди да ми помогне, бидејки сме рамноправни...може он, можам и јас...Исто сакам да се заблагодарам за благодетите поради кои настана и сексуалната револуција (како последица на правата и слободите на жените), па сеа многу лесно мажите моажат, жените сексуално да ги злоупотребуваат, можат да им праат деца, без морална одговорност понатаму да се грижат за нив, од друга страна жените се изборија за правото да абортираат, ако не сакаат рожба.Се уште не ни дале да копаме по рудници (или ни дале и такво право, а јас затупена и неинформирана..:? :? :?).Во тој случај ќе се залагам што повеќе жени да фатат копач у рука и на ARBEIT, бидејќи ARBEIT MACHT FREI.

п.с. и на Нобел сакам голема благодарница да му даам, што го измисли ДИНАМИТОТ!

8 МАРТ ОД ЛАНИ

kimi

SHOPPING vo SOLUN

Овој шопинг, ќе мине со факинг.

Денес слушнав дека вечерва, поточно рано наутро (во 1ч по полноќ), многу голема бројка (начув околу 50) на автобуси со патници, да неречам патнички, ќе одат во Солун.Прво што прашав е:

- На протести?

Па ми се насмеаа и ми рекоа

-Не, на ШОПИНГ, по повод 8 - ми Март........

Останав без коментар.

cd-shopping-sm.jpg

GEORGE BUSH

Дали GEORGE BUSH, после претседателсикиот мандат се спрема за универзален забавувач (порано имале поубаво име...дворска будала), ќе видиме кога ќе му заврши мандатот.

technorati tags:,,

srijeda, 5. ožujka 2008.

НИКОЈ И НИШТО

Пред некој ден, со еден пријател кој беше во Брисел со Б.Ц. паднавме во муабет...уствари почнав да го гњавам да ми каже што правеле муабет таму.

Кратко ми одговори:

-Солана притиска да го признаеме Косово, под итно, а и со името е ебана работа.

Јас му реков, Солана нек си гледа таму Баскија да ја средат...А инаку тоа за Косово е само прашање на време.

Е сеа за нашево име...лично ме бунат многу фактори...нели сме МАЛИ и БЕЗНАЧАЈНИ...нели грците се веќе членки и на НАТО и на ЕУ...зашто сите не притискаат дека мора да играме ко што ни свират грците.На крајот на краиштата и да не станеме делови од глобалното семејство, поточно семејство кое претендира да стане глобално и да владее со светот,тоа ќе се одрази негативно само на нас НЕЛИ.

Што толку се загрижија да ни биде убаво во животот, ако се толкави душегрижници за нашето добро ќе се согласат со ставовите на политиката на Република Македонија.

Во спротивно ме тераат да мислам дека ние не се совпаѓаме со нивните концепти за подобра контрола на светот, нормално следи и дестабилизација на регионот. Ако ИСКРЕНО сакаат мир нека гледаат објективно и непристрасно.Ние имаме име, имаме и сосед кој не му се допаѓа тоа име, значи проблемот е кај соседот кој несака да го прифати НАШЕТО ИМЕ.

Вчера плеснале и анкета на CNN, демек да гласа светов, дали ние треба или нетреба да си го смениме имево, а денес дури и Буш ќе троши импулси да не убедува.

Мене целава ситуација ми е апсурдна, цел свет се збрал да не убеди да си го смениме имево...ШТО ЛИ ИСКРЕНО ПОСАКУВААТ ОД НАС, кога сме НИКОЈ И НИШТО...бидејки упорно сакаат да не викаат поинаку од она што сме!

nedjelja, 2. ožujka 2008.

ПРИПАДНОСТ

Замка која сите не повлекува.

Човекот е индивидуално суштество.

ДАЛИ?

Зашто некој се одвојува од групта, од толпата? Дали може да опстои како индивидуа, сам?

Тој самиот одлучува, но дали во “вистинскиот живот“, може да преживее сам.

Ај вака од почеток.

Се раѓаме, и веднаш се соочуваме со припадноста - Јас сум син/ќерка на овие што ме направиле.Како растам,така мојата припадност се шири, прво во градинка,-Јас сум во јасли, во група таа и таа, потоа во училиште, -Јас сум трето “а“ одд.

Значи уште мали ние се учиме да припаѓаме некаде, да се поистоветуваме со група или институција, тука нормално спаѓа и националниот идентитет.

Зашто е тоа така.

Затоа што човекот е слаб да се соочи со својот индивидуализам.Тешко му е да го прифати фактот, -Јас не сум ова тело,се на него е привремено.

Се додека тоа не се случи,значи таква промена во колективната свесност,џабе ќе дискутираме, дали е некој припадник на некое малцинство,или група и народ, се` се тоа материјални погледи.

Ко жабата, можеме да крекаме и да се дуваме додека не пукнеме,се додека не се одвоиме од размислата, дека ова тело е моментално престојувалиште на душата која е носител на животот, се останато нема смисла, само е префрлање на топката,кој е побрз да ја фати.

Е сеа можеме да се навратиме на првата реченица:

Човекот е индивидуално суштество.

ЗАШТО?

Не затоа што сам одлучува,туку затоа што, човекот пред се не е ова тело, исто како што не е припадник на ниту една организација, ниту на група ниту на држава.

Престојувалиштето на човекот (како тело, облека на душата), е моментална, исто како таа организација,група или држава.Дали ако ја ги снема нив, ќе го снема и човекот?

НЕ!

Исто и со телото,дали ако си пресечеме прст ке не снема?

НЕ!

Постојат фактори кои условуваат колку една душа е спремна да издржи пред да си замине од телото како неподобен услов за живот, колку е човек понетолерантен, толку повеќе се поистоветува со своето материјално постоење, толку повеќе го боли материјалната болка нанесена од страна или од моменталното престојувалиште.

Така е со телото, колку повеќе се грижиме за него, се чувствуваме поудобно, без разлика дали сме свесни,- Дали сме или не сме ова тело.

Така исто и со националната припадност (всушност тука спаѓаат сите видови поистоветување и групации).Колку повеќе условите се понеподобни за престој (пр.диктатор гој го угнетува народот...народот се групира со цел да го елиминира како фактор), поистоветувањето е поголемо.

И затоа сметам,се додека поголемиот дел од народот е со материјален поглед на светот (а што друго, кога не научил) , здраво е да се чувствува како припадник на нешто, во случајот НАЦИЈАТА, бидејки така ке створи поубави услови за живот, за себе но со тоа и за другите.

subota, 1. ožujka 2008.

ЕХ, ШТО НЕМАМ ВЛАСТ!!!

Понекогаш многу ми е криво што не сум некој, кој може да промени некои работи, во случајов,правилно пропагирање на ДЕМОКРАТИЈАТА.

Сведоци сме дека секој пат се повикуваме на:

- тоа е демократски,а ова е недемократски...а што е што, уствари зависи кој е погласен во моментот.

Денес се забра еден поборник (кој сеуште се нема изборено за своите права), да “навредува“, поголема група граѓани, нарекувајки ги “нацисти“ или барем следбеници на пронацистичка идеологија...по мене,се додека не прејде во радикална страна, ваквото однесување е здраво за народот.Мора да се покаже својот став и интегритет, како што впрочем тоа го праи и посочениот во постов, нели тој има став и тоа е ОК, но несмее другите да ги омаловажува...СЕПАК сме нели ДЕМОКРАТСКА ДРЖАВА...и сите имаме подеднакви права на размисла и декларирање.

Јас стојам позади името и презимето, пишани на блогов...тој НЕ, негово право.

Е сеа ко демократ голем, што јас прво би направила?

Би им дозволила ГЕЈ ПАРАДИ еднаш неделно, ако сакаат може и повеќе пати, без никаков проблем, но исто би им дозволила на ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА (која за жал сеуште ни фали, ко опција), да ги придружува парадите...сепак на крајот сите имаме право на сопствен избор, право на глас, и право на однесување...а за постапките си одговараме самите!

Многу ми е криво, што скоро никаде не се употребува ДЕМОКРАТИЈАТА,како што е замислена!

КАКО “ПИТОМИТЕ“ ГИ ГЛЕДААТ “ДИВИТЕ“

Вака сме преставени во светот:

NEA EPISODES ON THE GREEK EMBASSY IN SKOPIA Wednesday, February 27

gr.JPG

gr1.JPG

клик на сликите за поголеми.

Плоштадот Пела во Скопје

ЛИЧНА КАРТА

ИЗЈАВА за изгубена лична карта...(веројатно вака треба)
image0011.jpg

БУГАРСКИ ИДОЛ

ИЛИ ИДИОТ.

Значи ова БУГАРСКИОВ ИДОЛ, не престанува да ме фасцинира.

Ова е Марая Кери (BG)

,,

СРЕЌА


Сме се запрашале ли некогаш:

Колку сум Среќен /а?

И впрочем што е тоа Среќа, освен чувство кое не исполнува со задоволство.

Среќата не следи секогаш, некогаш е добра, но повеќе пати е лоша...Но Среќа е Среќа, каква е таква е ...наша си е.

Репер за тоа колку сме Среќни, ни е секогаш тоа колку всушност сме Несреќни.Врз основа на Несреќата си ја сваќаме и цениме Среќата.

Пред некое време се фатив себеси како навидум “несвесно“, правам некои ритуали да го разбијам малерот.Пример,низ врата секогаш пазам да излезам со десна нога (?), ако видам некој комшија кој е намќор и шири негативна енергија,одма знам дека тоа ми е ебан ден...и затоа се трудам да не сретнам никого,па макар и пешки да се симнувам од осми.

Звучи забегано?

НЕ!

Има уште!

“Несвесно“ дома си правам колекција од мал милион симболи кои носат Среќа.

Пример, на врата имам закачено

ПОДКОВИЦА

HORSESHOE.GIF

купче со КЛУЧЕВИ

keys.gif
неколку РУДРАКШИ (тоа неколку е бројаница од 108 зрна и пар посебни (не идат у бројаница))

lucky-ruraksh-.jpg

Слонче со крената сурла (неколку, кон секој прозор или излез поединечно(пример, сега барав слика на која сурлата ке биде од десно крената (таму ми се прозорите))).

lucky.jpg

Скарабеј...имам голем за дома, еден за во ташна и сеа чекам од Египет да ми донесат мал за на врат,бидејки си го изгубив (легендите велат,аке еднаш имаш скарабеј,никогаш нема да се изгуби...неколку пати до сега сум губела и секојпат сум добивала нови на подарок (случајно?))

SCARAB.jpg

Е немам детелина со четири листа, од проста причина што сум алергична на трева, па неможам да роварам по тревникот и да ја барам...

Е сеа дали сум суеверна или само класичен зависник од СРЕЌА ...НЕЗНАМ...???

fortune.jpg

Бидејќи свесноста за Среќата пред се почнува од нас и нашиот став кон нештата, пред се, животот, Ви посакувам многу Среќа .

КОЈ Е MATTHEW NIMЕTZ ???

Во глобала,скоро сите го знаеме новиот предлог за името на Република Македонија на МЕТЈУ НИМИЦ со сите пропратни точки и подточки!

Не е на одмет да се потсетиме кои беа:


I - Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како помеѓу двете земји, така и во регионот;

II - Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993).

1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија.

3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна, кое се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1).

4. Официјалното меѓународно име ќе го замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш.

5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвенции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации.

6. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) во согласност со востановената пракса, која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса што се применува генерално од државите, освен од тие што се споменуваат во параграфот 7.

7. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава.

8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“ или „Македонски“.

9. „Македонија“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните или организирани групи правно признати од двете Страни, но само според постојната меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слична цел.

III - Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до тие што се видоизменети подолу.

IV - Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна.

V - Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да го потврдат својот придонес за тесна соработка за безбедносните прашања и економскиот развој, како и други прашања од заеднички интерес.

VI - Страните ќе го изразат својот предлог да почнат разговори за создавање една заедничка комисија, која ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што ќе доставуваат предлози до комисијата.

VII - Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт.

VIII - Втората страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата страна.

IX - Втората страна ќе дејствува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која се споменува во горенаведениот параграф 2, за да се обезбеди, според нејзината легислатива, прифаќање на официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со резолуцијата на Советот за безбедност.

Е сеа што ми падна во очи.Сакав да проверам кој тоа нам ни ја крои судбината.Кој е тој Нимиц (освен по презимето, кое клоца колку е евреин) друго ништо незнам.Почнав да ГУГЛАМ, ЈОДЛАМ, да се дерам на ЈАХУ....џабе...освен штури нафрлани информации дека е амбасадор во ОН и дека работи на преговорите помеѓу МАКЕДОНИЈА и Атина....ДРУГО НЕМА!

ве молам,ако некој најде нешто нек пише!


get_img.jpg

OSKAR ` 08

Минатава недела,беше една од најбурните во последниов период.

-КОСОВО

-ИМЕТО

Па пак КОСОВО, протести во Белград.Во меѓувреме “Прашањето за ИМЕТО“донесоа и кај нас протести...мноооогу побледи од оние во соседството...не дека ги оправдувам и тие и тие, само правам мала паралела.

Психички терор на кило.Не убија со флеш информации...Нимиц вака, Нимиц така...Нимиц е педер.

Албанците ке не утепаа славејќи...нејсе...преживеавме.

Пред крајот на неделава го преживеавме и Скопскиот фестивал 08, БУКВАЛНО!

Е сеа на крајот на неделата, поточно пред почеток на работната недела следуваше јагодата на шлагот.ОСКАР 08.

Значи после таква недела очекувано беше, да седнам и да уживам во лажниот сјај и бедата на Холивуд.Црвениот тепих на Кодак театарот е дефинитивно најдобрата модна писта.На оскаровскиот црвен тепих, сите сакаат да бидат совршени.Иако поради штрајкот на сценаристите, гламурозната манифестација беше под знак на прашалник, на холивудските ѕвезди сепак нема да им фали блештило.

Се наместив убаво...предходно се снабдив со цела параферналија за гледање на тој свечен момент...иако поима немав кој се е номиниран.

Почна емисијата и го гледам Петар како водител, а не Миланка...на мојата среќа и немаше крај.Време беше за промени и тоа ДРАСТИЧНИ.

Додека он ја најавуваше гламурозната вечер и гостинот во студиото....................... се разбудив на одјавната шпица на ОСКАР 08.

И си седнав на нет си отвотив yahoo.com и културно се информирав кој што добил,кој колку се офајдил.

Е па наздравје нека им се ОСКАРИТЕ, не ми било судено да уживам визуелно,
барем малку после вака напната недела.
Ќе чекам реприза!

СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ ` 08 - “ОБЈЕКТИВЕН ПРИСТАП“

Ко за почеток,мала критика кон водителот Борислв Тноковски,следниот пат да употреби омекнувач, наместо штирак.
Живкица, ме изненадува...станува се подобра и подобра.
Бексејџот...Маја Сазданова....СТРАШНО (од глаголот страшити)!

Е сеа главниот дел...НАСТАПУВАЧИТЕ :

1.Сашо Гигов - Гиш ЦАР...мое мислење и ич не е пристрасно
комп.Григор Копров

2. Порака за момент помислив дека МАРС напаѓа
Анета Качуркова
композитор: Роберт Билбилов и Анета Качуркова

3. Строубери Сашо Паркето & компани...не престануваат да ме шокираат (позитивно)
Паркети
композитор:Сашо Паркето

4. Дојди до мене интересно ...но мое мислење...џабе фрлен талент!

Ристо Самарџиев
композитор: Ристо Самарџиев

5. Прашувам без глас интересно, за момент незнаев дали е Тина Тарнер или Бјонсе
Туна
композитор: Туна

6. Земјо моја МОЖЕЛО МНООООГУ ПОВЕЌЕ
Ламбе Алабаковски
композитор: Дарко Димитров

7. Армија Ќе одбијам да дадам мислење
Елвир Мекиќ
композитор: Јован Јованов

8.Се што знам одличен одскок од Студио паб...на избор за евросонг
Горан Наумовски
композитор: Саша Вучковиќ.

9. Изгубена во ноќта
Тамара, Врчак и Адриан Тамара прекрасна ко и секогаш...момците класика
композитор: Раде Врчаковски

10. Со други зборови А бе Влатче....
Влатко Илиевски
композитор: Влатко Илиевски

11. Врати се ДА И СЕ ЗАБРАНАТ ЈАВНИ НАСТАПИ!!!
Ноне

композитор: Кристијан Габровски

12. Јас сум овде ху д фак ис дис тис
Јова Радевска
композитор: Јова Радевска

13. Се сакаме ???????
Игор Митровиќ
композитор: Владимир Дојчиновски

14. Балада веројарно не е во тек за што е изборов
Соња Тарчуловска
композитор: Месрур Саит

15. Самовила навистина можеле ПОВЕЌЕ!
Нокаут
композитор: Никола Перевски и Владимир Крстевски

Со ваква понуда...и 15 место ни е премија!!!

Уште еднаш да нагласм, ич не сум пристрасна кон произнесеното.

АКО СУМ БЛОГЕР - ДАЛИ СУМ ГОСПОД???

За суетата на блогерите, мислам дека нема потреба да се збори.Сите сме свесни колкави ега имаме (барем се надевам,дека сме свесни).Почнувам нормално од себе.Другите и не ме интересираат многу (замка број еден).
Колку сум спремна да прифатам совет од некого...би рекла многу малку.
Спомна некој таму, дека голем број од блоговите се ѓубре...и си доби по носот така нормална РЕАКЦИЈА, кога чепка по егото на другите!

Дали моето перо е поголемо, или побитно од твоето...ривалство.

Ме потсеќа на “Ај да си ги мериме, кој има подолг“?????

Атак врз туѓото,пред се од лична корист,лажни пријателства,многу маски.

Дали сум спремна да го прифатам блогот,онаков каков е...нови доаѓаат...старите си седат или си одат...созреваат , растат,а и немора...може засекогаш да си останат деца на блогот...тоа е дражта,некој сака кариера да гради,некој само да се забавува.

Дали мојот блог е стручен по некоја тема и содржи теми од таа област, или само постои како простор за слободно изразување, тоа е мој избор.

Дали некој ме чита,колку ме читаат,имам ли моќ некаква со тоа што сум пишала или, рекла во коментар, се` се тоа замки кои ме поистоветуваат со поимат БЛОГЕР и на суптилен влез во моето битие, јас заборавам дека пред се, сум човек...

Многу прашања каде ЕГОТО удира во плафон.