subota, 23. kolovoza 2008.

МАКЕДОНИЈА и ОЛИМПИЈАДАТА

Читам вчера во некој весник, или слушнав на вести:

Македонија поминала катастрофално на Олимпијадата во Пекинг.

Добро, а некој очекуваше нешто повеќе од катастрофа?

За успех во некој спорт (или општо во некоја работа) треба да се има желба и услови таа да се исполни.Ние немаме ништо.

Ќе почнам со физичкото воспитување во образованието.

Во градинка (ако спаѓа во образование), им вика воспитачката на децата:

-ајде ке имаме физичко, соберете ги играчките и ставете ги во оној ќош таму!(тоа е вежбата)

Во основно од прво до четврто:

Од три предвидени часа по физичко, неделно се одржуваат НИТУ ЕДЕН.

Зошто?

Затоа што таа наставничка што ги учи децата има премногу материјал да им предаде, при тоа децата да сватат се што треба и нетреба, да им се наполни мозокот со милион непотребни информации...и нормално се нема време за физичко образование, часот се користи да се повтори таблицата множење.

Во основно од петто до осмо:

Доаѓа искомплексиран „професор“ , по физичко и на тотално неуки деца (неуки по физичко образование, бидејќи до четврто ништо не научиле), им задава вежби кои после тоа децава имаат запаленија на мускули за кои се стигало и до лекари.Професорот, кој впрочем треба да е и педагог и да има основно познавање на психологијата на детето, треба да знае кое дете во кој спорт би дало најдобри резултати.

Пример:

Не секое дете има добра координација во простор од три димензии, тоа дете кога ќе се стави да игра кошарка, после три до четири попиени баскети во глава (ако помине без потрес на мозок добро е), никогаш нема да развие љубов кон некој спорт.

Од друга страна, ако некое погрубо и не толку гипко дете, или некое што има страв од висина, го напентери на разбој, карики, греда....што мислите како ќе се чувствува?

Базен....мисловна именка!

Децата мораат да имаат основно познавање на секој спорт (теоретски), но на часот по физичко покрај основните вежби за истегнување на мускулите (исто мисловна именка), треба да го спортуваат оној спорт, за кој имаат тело.

Навистина е греота кога некое побуцкасто дете, професорот упорно го тера да прерипа коњ, да стои на глава и да напраи жаба на карики, а другите немилосрдни деца, на тоа се смеат....како ли се чувствува тоа дете?

Дали нашиве таканаречени професори по физичко во основно образование не го уништуваат спортскиот дух кај младите?

Нешто слично се случува и во средното образование...каде мислам дека веќе е касно да се променат грешките што се направени во основното.

Моите деца тренираат кошарка веќе 4 години,добри се, но никој не ги тера да станат најдобри, најбитно е нешто да тренираат, вон училишните активности.Прво пливаа...но немаме услови тој спорт да се развие!

Но јас можеби имам да им платам на моите деца да спортуваат и да не се талентирани, вежбаат.

Што правиме со талентите, за кои никој немрда со рака ако нема кој да им ги плаќа тренинзите?

Како може да очекуваме да имаме успех во некој спорт, дури и смешни ми се оние кои се надеваат на нешто, кога во самата основа е труло.

Можеби во некоја далечна иднина кога тотално ќе се сменат некои работи може да се надеваме на нешто.

Покрај ветените сали, ќе мора да се работи и на обучување на соодветен кадар да ги воспитува децата, ако останеме со овие сеа ... сите сали ќе бидат за џабе направени!

п.с. аман со таа таблица множење во второ одделение, децава се со сколиоза веќе во седмо, бидејќи немаат физичко во првите четири години од основното образование.

Nema komentara: