četvrtak, 8. siječnja 2009.

Млада или стара

Пред некој ден, поточно на 26.09 кога наполнив одреден број години (кој не го мрзи може и да израчуна), со една пријателка паднавме во муабет:

-Дали сакам да умрам млада и да имам убав леш (ова второв дел повеќе ко заебанција).

или

-Дали да доживеам длабока старост.

Да не должам, заклучив дека сепак е поубаво да проживеам 2 - 3 животи докај 40 години, отколку еден од 120....несакам старост.

ANNABEL LEE

ЧКРТАНИЦИ

Ако земам парче хартија на кое имам напишано некои работи, бројки, букви, и тоа го исшкртам убаво, дали ќе останат видливи отисоците на предходно пишаното?

Ако земам празно ливче хартија и тоа го исшкртам убаво, ќе добијам ли уметничко дело?

Убав бел ѕид, а јас му го истурам сиот гнев и бес со флуоросцентни фломастери, ќе му ја уништам белината, но веројатно ќе добијам нов ѕид, нестерилен.

Ако земам да си го исшкртам минатиот живот, дали тој ќе продолжи со нов поубав понатаму?

Деструкцијата кај мене, раѓа нова конструкција.

..................................................................................................... ..........................

ДУША

ДАЛИ ПОСТОИ ДУШАТА?

ШТО Е ТОА ШТО ГИ ДРЖИ ВО ЖИВОТ ЖИВИТЕ СУШТЕСТВА?

ДУШАТА?

ЖИВОТ ШТО Е ТОА?

ИМАМЕ ЧОВЕК ИЛИ МАЧЕ !?!


НАЕДНАШ ЧОВЕКОТ ПАЃА, ЗГАСНУВА.

УМИРА!!!

ТЕЛОТО Е ТУКА ПРИСУТНО, НО НЕШТО ФАЛИ.

ДА, ФАЛИ И НИЕ ЖАЛИМЕ И ПЛАЧЕМЕ!!!!НО ТЕЛОТО Е СЕУШТЕ ТУКА!!

ЗА КОГО ПЛАЧЕМЕ?

ШТО Е ТОА ШТО ЗАМИНАЛО?

ЖИВОТ

Научниците тврдат дека земјата е створена со биолошко, хемиски процес, и одбиваат да прифатат било какво друго објаснување бидејќи мислат дека сите ќе ги сметаат за будали.

Но ако биологијата и хемијата се толку совршени, зошто не створат нешто? Тврдат дека во иднина ќе можат да створат живот, но зошто во иднината? Животот веќе постои. Дали науката се засновува на иднината? Не треба толку да веруваме и да се потпираме на иднината, колку и да ни изгледа убава во нашите умови.Сите мислиме дека иднината ќе биде многу поубава, но кој ни гарантира? Научниците ќе мораат да признаат дека всушност незнаат што е вистина. Со своите биолошки и хемиски експерименти неможат да оживеат ни корен трева. Зошто никој не ги доведува во прашање овие глупости?

Во конечната анализа за потеклото на животот, кажуваат дека се потекнува од материја:Со други зборови, живата материја потекнува од неживата.

Од каде потекнува денес, живата материја? Дали во минатото потекнувала од неживата, а сега непотекнува? Како настанува мртвиот? Дали се се материјализира од кал? Дури ни мравката не настанува од неподвижна материја. Каков доказ имаат за таквата теорија? Дарвин тврди дека далеку во минатото не постоел ниту еден интелигентен човек, и дека едноставно човекот настанал од мајмун.

Сите различни врсти на билки, животни, луѓе постојат од почетокот на постоењето на светот.

ПОТОП...

Празници се ближат...празници се ближат...

А надвор ко да се спрема потоп, луѓево ко да полуделе...ПАК...секоја година ова време, deja vu, главна тема на муабет е - Каде за Нова Година?

Во продавница човек неможе да влезе да си купи основни намирници...наполнети колички со храна, пијачки, во колони чекаат на каса...залихи ко за два ипол месеци...аааа, само еден ден не се работи и тоа на Први Јануари, четврток....петок, arbeit macht frei, па се по старо ко ништо да не било.

По бутици испишани реклами за огромни попусти??? На што? Истата роба ги имаше овие цени и пред месец ипол, а луѓево ко да полуделе ... ПАК...купуваат ли купуваат ко после четврток да нема да постои светот, навистина имам чувство дека деновиве (секој пат пред Нова Година) луѓево се спремаат за нешто многу страшно...нешто што ќе трае и трае...а ќе трае само пар дена, после тие неколку дневни залихи (во обични месеци тоа се одприлика двомесечни залихи на храна)...цел месец ќе кукаат како многу се потрошиле за празниците, а после празниците колку многу тоалетна хартија потрошиле (факт е дека на втори јануар тоа е најпродаван продукт).

Во Новата 2009, како и сите предходни не очекувам ништо посебно да се смени освен една бројка повеќе, една година постари....Не ја очекувам со спектакуларен дочек (на кој ли му текна слоганов)...вечер ко вечер, само што од тераса ќе гледам голем огномет!

ТРИ ПРАШАЊА

Си бил некој млад човек, кој поголемиот дел од животот го поминал на запад на школување. По некое време се вратил дома и на неговите родители им рекол да му најдат некое религиозно момче, имал три прашања да му постави.

По кратко време неговите родители му ја исполниле желбата и донеле момче од блиската парохија.

- Кој си ти? Дали можеш да одговоришп на моите прашања? - прашал младичот.

- Јас сум еден од Божјите слуги, па со негова помош ќе пробам да ти ги одговорам прашањата!

- Дали си сигурен, ни професори ни стручњаци не успеале да ми ги одговорат?

- Јас ќе дадам се од себе, со божја помош!

Младичот рече:

-Дали постои Бог? Ако постои, кој е неговиот облик?

- Што е судбина?

-Ако пеколот е од оган и Ѓаволот е од оган, зошто Бог го праќа Ѓаволот во пеколот, кога огинот нема ни малку да му наштети?

Тогаш момчето малку се замисли, па му врза шамар на младичот. Овој целиот збунет од реакцијата на момчето го праша зошто наместо да му одговори, го удри.

Момчето му рече:

-Тоа беше одговорот на твоите прашања!

- Како се чувствуваш после шамарот?

-Чувствувам болка!

- Дали веруваш дека болката постои?

- Да!

- Покажи ми го обликот на блоката!

-Не можам!

- Тоа е одговорот на моето прво прашање, сите ние го чувствуваме присуството на Бог, но неможеме да го објасниме. Дали нокеска сонуваше дека ќе ти удрам шамар?

- Не!

-Дали предходно знаеше дека ќе те удрам?

-Не!

- Е тоа е судбина!- одговор на второто прашање.

- Од што ми е раката?

-Од месо!

- Од што ти е лицето?

-Од месо!

- А што почувствува кога те удрив?

- Болка!

- Така е, тоа е одговорот на моето трето прашање. Иако и пеколот и ѓаволот се од огин, Бог може да го направи пеколот болен за ѓаволот!

БОЖИЌНА ПРИКАЗНА ... CHRISTMAS CAROL

Божиќна Приказна е викторијанска морална приказна за стар и огорчен скржавец, Ебенизер Скруџ, кој во текот на една ноќ пред Божиќ доживува нешто што ќе доведе кај него до длабоко каење и темелна промена во срцето. Г-н Скруџ е финансиер, т.е. лихвар кој животот го посветил на насобирање богатство. Освен парите, сe друго презира, нпр. пријателството, љубовта, и Божиќните празници.
Глава 1: Духот на Марли

Вечер пред Божиќ, точно седум години од смртта на неговиот деловен партнер Џејкоб Марли, Ебенизер Скруџ и неговиот сиромав помошник Боб Кречит работат во канцеларијата на Скруџ. Внукот на Скруџ, Фред, доаѓа со божиќни поздрави и покана на божиќна вечера, но Скруџ го откачува со “Бах! Глупости!” и вели дека Божиќ е измама. Двајца џентлмени кои собираат добротворни прилози за сиромавите се слично пречекани од Скруџ, кој тврди дека законите за сиромаштијата и куќите кај што мораат да работат сиромавите се доволни за нивно згрижување, и дека “Ако повеќе сакаат да умрат отколку да одат таму, подобро нека умрат за да се намали вишокот население.” Додека тој и помошникот се спремаат да си одат, тој неволно му дозволува на Кречит следниот ден да го земе како платен одмор, но му вели дека тогаш мора уште порано да дојде утрото после Божиќ – инаку ќе му одбие од платата.

Скруџ се враќа дома во своите безживотни одаи во инаку напуштена зграда, и започнува низа натприродни настани. Алката за чукање на вратата му се претвора во лицето на Марли, мртовечка кола како да се качува по мрачните скали пред него, сликите на плочките на каминот се претвораат во лицето на Марли. На крај, сите ѕвона во куќата гласно ѕвонат, синџири тропаат на креветот и на подот, и духот на Марли влегува низ затворената врата во собата.

Духот го предупредува Скруџ дека ако не се промени, ќе ја доживее судбината на Марли, но на Скруџ ќе му биде уште полошо. Тој ќе скита по земјата вечно по смртта, невидлив меѓу луѓето, со синџири, гледајќи ги маките и страдањата што можел да ги избегне додека бил жив но сега немоќен да стори нешто. Марли ја наредил единствената шанса за искупение на Скруџ: три духа ќе го посетат три ноќи по ред, и може ќе му помогнат да се промени и да се спаси од судбината. Марли си оди, а Скруџ накратко добива кошмарна визија на измачените сеништа кои невидливи скитаат меѓу живите, и целиот скршен паѓа на креветот.

Глава 2: Првиот од трите духови

Духот на Божиќното Минато, чудна мешавина од старо и младо, машко и женско, со светло што свети од врвот на главата, се појавува штом саатот отчука 1. Тој го води Скруџ на патување по некои од неговите минати Божиќи (како е множина од Божиќ?), во кои разни настани го обликувале неговиот живот и карактер. Тој ја гледа својата покојна сестра Фен, која го спасила од осамен живот во интернат, и, сеќавајќи се како го дочекал Фред, синот на Фен, Скруџ почнува да се кае. Тие гледаат весел божиќен дочек одржан од Фезивиг, добар човек кој го научил Скруџ на занаетот, и Скруџ жали сеќавајќи се како го третирал својот чирак, Боб Кречит. На крај, духот го потсетува како заради неговата љубов кон парите ја изгубил љубовта на својот живот, Бел. Бесен, Скруџ му се врти на духот, се обидува да го изгасне како свеќа со капата на духот, и се буди во својот кревет полн со каење.

Глава 3: Вториот дух

Скруџ се буди кога саатот отчукува 2, збунет бидејќи гледа дека уште е ноќе. По некое време, станува и го наоѓа во следната соба Духот на Божиќната Сегашност, на престол направен од божиќна храна и пијачка. Овој дух, огромен пријателски расположен маж во зелено палто украсено со крзно, го води низ живите улици на Лондон во сегашното Божиќно утро, попрскувајќи го среќното население со божиќна есенција. Тие гледаат како семејството Кречит сиромашно но среќно го слави Божиќ, и колку е сладок нивниот син Малечкиот Тим, а кога духот ќе претскаже дека детето рано ќе умре, Скруџ е страшно вознемирен и сака да ја измени иднината. Му се покажува што мислат другите за него: Кречитови наздравуваат во негово име, но едвај, и “цели пет минути сенка надвиснува врз прославата” по тоа. Внукот на Скруџ и неговата жена Клара и пријателите благо го исмеваат неговото скржаво однесување на нивната божиќна прослава, но Фред тврди дека вујко му има потенцијал за промена, и Скруџ покажува своевидно детско уживање во прославата.

Тие патуваат надалеку, и гледаат како дури и најотепаните луѓе на некој на
чин го одбележуваат Божиќ, какви и да им се условите. Меѓутоа, духот е видливо остарен, и тој објаснува дека мора да умре таа ноќ. Му ги покажува на Скруџ двете јадни дечиња стуткани под неговата роба, кои се олицетворенија на двете главни причини на страдањата по светот, Незнаењето и Немаштината, со мрачно предупредување дека првото е особено опасно. На крајот од посетата, звоното удира 12. Духот на Божиќната Сегашност исчезнува и третиот дух му се појавува на Скруџ.

Глава 4: Последниот дух

Духот на Божиќната Иднина има облик на мрачно сениште, облечен во црно, не зборува и телото му е сосема скриено, со исклучок на една рака која покажува. Овој дух го преплашува Скруџ повеќе од другите, и го прогонува со визија на иден Божиќ со семејството Кречит без Малечкиот Тим. Богат скржавец, чија смрт не натажила никого и чиј дом и леш се ограбени од одвратни и алчни слуги, се открива дека е самиот Скруџ: тоа е судбината што го чека. Без да му биде кажано, Скруџ сфаќа дека може да ја избегне иднината што му е покажана и да ја измени судбината на Малечкиот Тим, но само ако самиот се промени. Целиот уплакан, се колне дека ќе го стори тоа, и се буди и гледа дека трите духови го посетиле сите во една ноќ, и дека е Божиќ наутро.

Глава 5: Крај

Скруџ си го менува животот од корен и пак станува великодушна, љубезна душа каков што си бил во младоста пред да умре Фен. Тој анонимно им ја праќа на Кречитови најголемата мисирка во месарницата, се наоѓа со добротворците за да им вети непозната но импресивна сума пари, и го минува Божиќниот ден со Фред и жена му.

Следниот ден, Скруџ го фаќа чиракот како доцни и се преправа дека си е стариот скржавец пред да му ја открие чудесната промена на зачудениот Кречит. Тој му помага на Боб и семејството, му станува вујко (или чичко?) на Малечкиот Тим, и стекнува нов углед како добар, дарежлив човек кој во својот живот е отелотворение на божиќниот дух.

by Charles Dickens