četvrtak, 4. rujna 2008.

ПОБАРАЈ ЈА СВОЈАТА СВЕТЛА СТРАНА ПАК

-Добра си?
-Аха.
-Што има ново?
-Ништо.
-Како на работа?
-Фино.
-Ама нешто не ти се збори?
-Не бе,ок е.
-Ама одговор.
-Како прашањето.
-Те мачи нешто?
-Не.
-Сакаш кафе?
-Ц !
-Баш си расположена за дискусија, хм, а може да ти понудам нешто пожестоко.
-Незнам дали сакам да сум тука, ОК?
-Гледам дека те мачи нешто.
-Да гледаше, ќе видеше.Сакам да ја слушам тишината, нормално доколку не ти пречи да ја затвориш проклетата уста.
-Аха, значи сепак има нешто што те мачи.
- Ќе излезам на кратко во двор.
Стојам на тераса и го гледам зајдисонцето.Тој седи внатре чита, пуши и пие скоч.Гледам низ вратата внатре и чувствувам како се спушта невидлива ролетна.Останувам сама надвор.
Што правам јас тука?
Колку пати сум си го поставила ова прашање до сега. Човеков тука е странец за мене.Не ме познава, не го познавам, немам ни желба да видам кој е и каков е.Можеби е добар, можеби е злобен.А можеби и наивен.
Што сакам јас?
Е, а на ова прашање секогаш паѓам.
Сакам?
Што е тоа?
Сакам некого?Сакам нешто?
Во принцип тоа што го сакам го земам и го поседувам.
Но дали сакам да го поседувам.
Предмет.
Луѓе.
Да, тие што ги сакам, сакам да ги поседувам.
Каков човек сум јас?
Или какви безрбетници се тие што сакаат да бидат со мене?
И пак истите прашања по милион пати превртени.
-Еве ти мартини!
-Фала.
-Подобро ти е?
-Зошто сакаш да бидеш со мене?
-Па, фино ми е со тебе забавна си, обично, незнам која мува те каснала денес па си ваква накострешена.
-Немаше муви денес.Малку решив да направам ментална гимнастика, да го раздвижам мозокот, да видам до кај сум со себе, тебе и сите останати.Всушност, кога ќе размислам, можеби треба да прекинам со се ова...можеби треба да исчезнам од твојот живот, можеби треба да го завршам мојов додека е сеуште привлечен.Во моментов сеа добивам необјаснива желба да ме нема.Несакам да се грижам, ни за себе ни за тебе....несакам ништо, сакам едноставно да ме нема.
-Што убаво си ќутеше на почетокот.
-Да, да си ќутев. Ќе излезам малку.
Ја ставив чашата со полуиспиеното мартини на прозорецот, ја земав чантата и излегов.
Тој ме погледна, ме бакна во образ, во момет помислив дека го гледам за последен пат...Веднаш си ги вратив мислите, каков последен пат.
Надвор, времето беше прекрасно, околу 22 степени, се шетав на кеј и седнав на скалите кај камени.Го сакам тоа место.Седев можеби 3 саати, изгубив ориентација со времето.И пак истите прашања.Кој?Што?Сакам?
А можам ли да сакам???
Минаа многу години кога прв пат си го поставив тоа прашање.
Одговор ненајдов.
Станав.Тргнав.
-Ќе ве молам, кога има следен автобус?
-За каде?
-Било каде, прв, следен?
- За 10 минути, Белград.
-Дајте ми карта во еден правец.
Се помислив, и да пасошот ми е секогаш во ташна. Да таа убава навика ми остана од млади денови, кога одевме преку граница само за да поминеме граница и веднаш се враќавме дома.
Се сместив во автобусот, ми се смота целиот вечерашен муабет...да чувството дека го гледам и бакнувам последен пат, не ме излажа.
Да, заминувам засекогаш да си ја пронајдам својата светла страна пак.

Nema komentara: