petak, 5. listopada 2007.

PSYCHIATRIC CLINIC

Дешаванка од реален живот!

Последен пат утрово,предпоследен синоќа!

Висам на интернет и flatline_________________________________________!

МРТВО!

Ау паника у исти момент,незнам што да правам,се јавувам у Телекабел,викаат:

-се е во ред!

КОНЕКЦИЈА НЕМА!

Викам:

-како во ред немам интернет,

типот кул ми одговара:

-почекајте госпоѓо без ПАНИКА!

А јас му викам ма каква паника сакам интернет!!!!

У момент ја сваќам мојата психичка состојба?!

И не е прв пат! Катастрофа,до што стигнав си викам,до машинчево што живот значи!

Прашувам ко каде сум,со зависноста од интернет,и комуникација со непознати другарчиња!

Знам дека во светот почнуваат на големо да се отвараат клиники за лечење зависност од интернет т.е ИНТЕРНЕТОМАНИЈА!

А што праиме ние тука кај нас.Сеа да одам да побарам помош од стручен кадар нели психијатар,јас ви ветувам дека типот /ката,во рок од три дена ке биде приклучен/а на интернет ,нормално доколку го нема,и сигурно за недела дена ќе има блог каде ке тресе дешаванки од живот.Е сеа се прашувам како до ПОМОШ ,во нашата ни државичка,не дека има малку зависници од интернет,таман се,НЕМАМЕ СТРУЧНИ ЛИЦА.

Во еден неврзан муабет со едно непознато другарче ја начнавме темава онака без врска{како не бе без врска двајцата 24ч он-лине} за тоа колку е лесно човек да се навлече на вакви срања,и како у светот го решаваат овој проблем!

1.jpg

Имено веќе реков дека се отвараат се повеќе клиники,а пошто искуството покажува

дека во таквите установи скоро никогаш на се знае кој е пациент кој е доктор ние се договоривмe да си отвориме наша клиника!

За тоа дали ќе бидеме у комбинација доктор-сестра,или докторка-болничар накнадно ќе се договориме!

Но бидејќи не се сомневам во моите психоаналитичарски способности веројатно ќе биде втората комбинација{примаме и помошен персонал,мислам ако некој се пронаоѓа}!

Собите се замислени како тапацирани апартмани,со можност за бирање на

темлејти,во секоја ке има и компјутер,а должината на ракавите ќе биде во зависност од случај до случај!

Се надевам предлогов ке биде разгледан и од покомпетентни личности,надлежни за решавање на кризни ситуации!!!

addict_varvel.gif

Nema komentara: