Нејсе,се го испив ладното кафе и влегов,во сеа драстично оладената соба.
Следејки ги модните трендови и јас се облеков и доле во Тинекс,уствари прво во аптека,ептен морав и на враќање влегов на продавачките да им честитам празников и да купам бибер.Ко што очекував внатре се чекаат редови.И викам на едната,
-аман луѓево? а одговор следен добив
-Леле ќути овие се истите што се потепаа за прзниците најмногу да се потрошат,ама изгледа уште имаат,недојадени се веројатно...
Ги посматраме што трпаат во тоа количките,ха 90 проценти од намирниците им беше ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА...ха ха ха или забораиле да си купат на време,или ја потрошиле.Верувам нема позаебана ситуација од таа,стануваш сабајле после добри двадена интензивна интоксикација од храна и алкохол и ја видиш сликава седнат до шољата.Ааааууу,која бламажа после празнична.Секој празник истото се случува,првиот работен ден во продавниците најмногу се троши ХАРТИЈА
Најфора ми е што измислиле и хартија за хемороидични шупаци.Инвентивен е народов,нема што.Се насмеавме со продавачките,ама тоа е,што влегло мора и да излезе.Па за следните празници ,прво набавете хартија,па храна,никогаш не се знае кој се ве посматра во првиот работен ден кога купувате и што купувате,после празнични неработни денови,па макар тоа бил и еден неработен.
Дефинитивно,најдобар изум!
Technorati tags: KIMI , toilet paper

Nema komentara:
Objavi komentar