Замка која сите не повлекува.
Човекот е индивидуално суштество.
ДАЛИ?
Зашто некој се одвојува од групта, од толпата? Дали може да опстои како индивидуа, сам?
Тој самиот одлучува, но дали во “вистинскиот живот“, може да преживее сам.
Ај вака од почеток.
Се раѓаме, и веднаш се соочуваме со припадноста - Јас сум син/ќерка на овие што ме направиле.Како растам,така мојата припадност се шири, прво во градинка,-Јас сум во јасли, во група таа и таа, потоа во училиште, -Јас сум трето “а“ одд.
Значи уште мали ние се учиме да припаѓаме некаде, да се поистоветуваме со група или институција, тука нормално спаѓа и националниот идентитет.
Зашто е тоа така.
Затоа што човекот е слаб да се соочи со својот индивидуализам.Тешко му е да го прифати фактот, -Јас не сум ова тело,се на него е привремено.
Се додека тоа не се случи,значи таква промена во колективната свесност,џабе ќе дискутираме, дали е некој припадник на некое малцинство,или група и народ, се` се тоа материјални погледи.
Ко жабата, можеме да крекаме и да се дуваме додека не пукнеме,се додека не се одвоиме од размислата, дека ова тело е моментално престојувалиште на душата која е носител на животот, се останато нема смисла, само е префрлање на топката,кој е побрз да ја фати.
Е сеа можеме да се навратиме на првата реченица:
Човекот е индивидуално суштество.
ЗАШТО?
Не затоа што сам одлучува,туку затоа што, човекот пред се не е ова тело, исто како што не е припадник на ниту една организација, ниту на група ниту на држава.
Престојувалиштето на човекот (како тело, облека на душата), е моментална, исто како таа организација,група или држава.Дали ако ја ги снема нив, ќе го снема и човекот?
НЕ!
Исто и со телото,дали ако си пресечеме прст ке не снема?
НЕ!
Постојат фактори кои условуваат колку една душа е спремна да издржи пред да си замине од телото како неподобен услов за живот, колку е човек понетолерантен, толку повеќе се поистоветува со своето материјално постоење, толку повеќе го боли материјалната болка нанесена од страна или од моменталното престојувалиште.
Така е со телото, колку повеќе се грижиме за него, се чувствуваме поудобно, без разлика дали сме свесни,- Дали сме или не сме ова тело.
Така исто и со националната припадност (всушност тука спаѓаат сите видови поистоветување и групации).Колку повеќе условите се понеподобни за престој (пр.диктатор гој го угнетува народот...народот се групира со цел да го елиминира како фактор), поистоветувањето е поголемо.
И затоа сметам,се додека поголемиот дел од народот е со материјален поглед на светот (а што друго, кога не научил) , здраво е да се чувствува како припадник на нешто, во случајот НАЦИЈАТА, бидејки така ке створи поубави услови за живот, за себе но со тоа и за другите.

Nema komentara:
Objavi komentar