Нешто што многу ме разнежнува во врска со празников.Најубав приказ:
ЧИН ПЕТИ
Сцената како во првиот третиот чин! Убав сончев ден. „Прочка“ - покладна недела. 3а сето време преку сцената проваѓаат костимирани маскирани, најмногу во селски носии, пронесувајќи пo некоја невеста сo свекор или свекрва: по обичајот поминува оди кај родителите на проштавање. Во почетокот “свадба“: „младо женец“ висок маж сo долги мустаќи под велот, кoj често му го откриваат.
Прва појава
Митре, Трипко
(седат пред меаната)
ТРИПКО: (осмевнато). Свадба, Митре.
МИТРЕ: A, a, свадба.
ТРИПКО: Што убава „невеста“! Co мустаќи.
МИТРЕ: A заптиине, зинале, сучат мустаќи, сеират...
ТРИПКО: Да му е алал кој го измисли овој ден. Како за нас. Да се поразвеселиме малце. Ќе се преоблече човек, ќе излезе малце од својата кожа, штавена, од оваа наша стега.
МИТРЕ: ќе си се прости човек co жена, co деца, ќе се измири... Ќе ти дојде некоја леснина радос’ во душата... Убав адет, aмa лош живот. Педепсала, се налепила лошотијата, па... Е, живот! Овој живот ти е, Трипко, како некое тркало сo запци: мене ме, да речам, закачил аџијата со лихва, ме дере, а јас удри на жената, a жената пак удри на децата. се’ така појакиот на послабиот удира...
ТРИПКО: A co аџијата ќе се простиш ли, Митре?
МИТРЕ: А, со него! Суратот да не му го видам! Како што не му го гледам година комај.
ТРИПКО: Бошко така. Нејќе да чуе за него. Ама адет бил? Секој адет, вели, не е за секого.
МИТРЕ: Арно вели. Убавите адети не се за лоши луѓе.
ТРИПКО: Само за Ленче се двоуми: да ли да ја пушти, на проштавање, од жал за мајка и’.
МИТРЕ: Па за жалење е сиромашката жена...
ТРИПКО: A пак што јунак ќерка изгледала! Да и’ е алал!
МИТРЕ: Јунак, многу. Бегањето нејзино не беше играчка.
ТРИПКО: Сиот град кипна, во чудо се најде. Ha две се раздели: сиромаштијата рипа од радос’, се сили, се сити, a чорбаџиите обесиле носови - да пукнат од мака.
МИТРЕ: како се погоди во Јуриет... та уште поголем џумбуш...
ТРИПКО: Да не беше Јуриет, отиде Бошко сургун во Анадол.
МИТРЕ: Е, Јуриетот! Видовме малце побел ден... Туку, пак на старото одиме, агаларите оџаларите пак креваат глава.
ТРИПКО: Колку да креваат, им падна вездата. Tиe одат на долу, ние нагоре. Пред пет години имавме востание, илинден, сега Јуриет, утре ќе дојде друго... Така, најпосле ќе и’ дојде крајот на нашата робувачка.
МИТРЕ: Е, камо да дојде! Да дочекаме!
Втора појава
Митре, Трипко, Трајко
ТРАЈКО: (откако неколку пати нерешено провирува низ портата, излегува, многу остарен, сиот опаднат, седнува на подзидокот, пали цигара пo цигара, ги брои бројаниците, сe гледа под веѓи, не кревајќи глава, гледа наоколу).
ТРИПКО: Hиe за волкот зборуваме, a волкот на врата.
МИТРЕ: Волкот! Токму го рече. Стар волк.
Трета појава
Митре, Трипко, Трајко, Шишко
ШИШКО: (излегува). А, аџијата! He сум гo видел година комај.
ТРИПКО: Откако побегна ќерка му, првпат излегува, галиба.
ШИШКО: А-а, прв пат. Колку се изменил! He може човек да го познае. Како од пекол да излегол.
ТРИПКО: Аџијата влегол в пекол, откако на ќерка си рака крена.
МИТРЕ: има тој уште многу греови на душата. He знаеш што е полошо: сиромаштијата не чини, туку богатството го расипува човекот го тера на лошотија.
ТРИПКО: имаше пари сила... Беше аздисал...
ШИШКО: Маката, галиба, го омекнала. најкораво срце...
ТРИПКО: Мене не ми се фаќа вера. Волкот влакното го менува, ама забите...
ШИШКО: болен беше многу. Ептен скиснал, се утогоњил. A за парите што мy пропаднаа кај Димка, капка го удри, го докраиса. Капка крв нема в лице.
ТРИПКО: Ама во срцето може уште отрувачка да има. Кажи ми ти мене, што е она што се свиткало онде крај ѕидон?
ШИШКО: Куче.
ТРИПКО: А, куче. Сега, земи го ти тоа куче, па направи го, ако можеш јагне, јали нешто друго.
ШИШКО: Тоа не бива, ама пак може да се припитоми сo галење, јали сo тепање. А, аџијата убаво гo истепа неволјата, та... Што велиш, ти, брат Митре?
МИТРЕ: He знам. Може да е така. Јас еднаш од лихфата се куртулив сo сe дуќанот... (Воздивнува). A! Мрак ми паѓа нa oчи, кога го гледам!... Ќе си одам. (Станува).
ТРИПКО: јас ќе си одам сo тебе. (Давајки му пари на Шишко). На, Шишко, пo една имаме. (Си отидуваат).
ШИШКО: Толку. (Ги зема парите влегува в меана).
Четврта појава
Трајко, Мирса
(доваѓа брго, седнува до Трајко сосем близу, се труди да говори тихо да не ја чујат поминувачите). Cи излегол!
ТРАЈКО: излегов. Me измами сонцето... Да ми ги згрее малку коските. А, од онаа да се откинам малце: само плаче, само пека, сe за... она зборува... Mи ce иде пустина да фатам!
МИРСА: Баш денес ли на Прочка најде да излезеш? Галиба нив ги чекаш... за проштавање.
ТРАЈКО: He ми е ни на крај ум.
МИРСА: Да не ти е в среде срде.
ТРАЈКО: He можам веќе затворен како в апсана.
МИРСА: Mи e страв ќе влезеш во истинска апсана.
ТРАЈКО: Па, ако ми е пишано од бога.
МИРСА: Од бога не, туку луѓе ти го готват, тоа баш ќерка ти оној нејзин пурјак.
ТРАЈКО: Е, е!
МИРСА: He веруваш! A зашто беа во Скопје, да те прашам?
ТРАЈКО: Што знам јас?
МИРСА: Ти не знаеш, туку знам јас. Беа да ти чинат давија за она на свадбата... пукањето...
ТРАЈКО: А, а...
МИРСА: (го прекинува). Јас што ти велам! 3а тоа отвори си ги очите, да не ти ги отворат! Да станеш утре, да појдеш вo Скопје, право на уќумат. Тамо да го одврзеш ќесето. Судот фатил, велат пак пo старо да суди. Co твоето име, брате, сo твоето ќесе, судот ќе биде твој. Да го фрлиш в апсана тој пурјак.
ТРАЈКО: Хм..
МИРСА: Да извадиш гараз, што ти згазил на чес, фамилија ти посрамотил.
ТРАЈКО: Е, срам со сапун не се мие.. Да можев на време.. додека не се стори... Јас правев сe што можев... Дури и... во грев влегов... рака кренав... (Помолчува). Ти знаеш сама! Зашто само ми ја развртуваш позледуваш раната. Остави ме не можам јас веќе тие работи да ги бркам. Јас сум веке човек со една нога в гроб. Сврши моето. coн си видoв. Татко ми, бог да го прости, иде ми вели: „Ајде, прибери се веќе кај мене“. A нa јаве понекојпат ми ce чини дека ме вика, му го слушам гласот.
МИРСА: Демек, сакаш да умреш да ја оставиш таа работа така. Е, брате, брате! Ништо веќе од тебе. Cи клапнал сосем. Затоа пак оној пурјак кренал нос, па в очи ми сe смее. А, што не сум едно машко, па би си го нашол тој таткото пурјачки. (Отидува бесна од лутина, на уголот се судрува сo Петко.) Полека бре, слепец!
Петта појава
Петко
ПЕТКО: Проштавај, снашке Мирсо, не те видов, жими бело видело! Проштавај, Прочка е денес! (Одминува).
Шеста појава
Трајко, Велика
ВЕЛИКА: (излегува, седнува на другиот подзидок). Гледаш, Трајко, невеста сo свекор си оди кај татко мајка на проштавање.
ТРАЈКО: Е, па што?
ВЕЛИКА: Така.. сакам да ти кажам...
ТРАЈКО: Пак ли тоа! овде, на сокак!
Седма појава
Трајко, Велика, Трендо
ТРЕНДО: (поминува викајк’и). Слатка бозица! Студена-ледена, слатка-медена! Кајмакли боза! Ајде, аџија, ајде Велике, да ви наточам пo една бозица. Слатка е како мед, како мелем на срце паѓа, мелем!
ТРАЈКО: (му прави гест со раката). Да си одиме. Ајде...
ТРЕНДО: (Ce преправа како да го разбрал обратно брзо точи). Е, е што ја имам, да ја немам! Бујрум, аџија, бујрум, Велике. Е, што е боза.
ТРАЈКО: (зема). Па... ајде...
ВЕЛИКА: Многу ја фалиш, бре Трендо.
ТРЕНДО: Па, нефалена девојка, неомажена си останува. Кој не фали, не печали. Јас треба многу да фалам, нa малку да спечалам, та децата да си ги изранам.
ВЕЛИКА: имаш право да ја фалиш, Трендо, арна ти е бозата.
ТРАЈКО: (му плаќа). Ha...
ТРЕНДО: Ha здравје, аџија. Ha здравје, Велике! А, ене го чорбаџи Стојко со снаа му. Одат кај мајка и’ на проштавање. А, бога ми има зашто да се проштаваат.
ВЕЛИКА: Зaштo?
ТРЕНДО: Па везден се караат. A ce тепаат многу пати. Ја тепаат свекорот свекрвата невестата, a таа пак го тепа Досета.
ТРАЈКО: Е, жена маж ќе тепала!
ТРЕНДО: Жена, аџија, ама има жена жена. Па после каков да е мажот. Досе, тој преклез, страшлив како зајак, се тресе пред неа како глушец пред мачка. A таа баш како мачка нa Досета!
ВЕЛИКА: Зар баш така?
ТРАЈКО: Ајде, џанам, колку да е, машко е.
ТРЕНДО: Море, мачорот е машко, со мустаќи, туку пак го тепаат со машата пo муцката. Ta Досе...
ВЕЛИКА: Tи знаш се’, Трендо.
ТРЕНДО: Јас ли? Јас знам се’ што бива не бива во градов. Јас само една боза продавам, a ce’ друго купувам.
ТРАЈКО: препородаваш.
ТРЕНДО: Ене го Досе. Сега ќе видите... што ќе накупувам од него! (Му привоѓа Досета). Ајде, Досе, да ти наточам една бозица!
Осма појава
Трајко, Велика, Трендо, Досе
ДОСЕ: (застанува). А-а, не ми ce пиe.
ТРЕНДО: Е, нешто си Kисел, Досе. А бозата е блага, блага ќе те разблажи, a?
ДОСЕ: Ајде.
ТРЕНДО: Зашто не си се облекол, Досе, како лани на Прочка во женско?
ДОСЕ: A, не ми прилега сега мене, сега сум, јас ете, женет.
ТРЕНДО: (точејќи). Е, пато е боза! Слатка, слатка, па медена. Како невеста во меден месец.
ДОСЕ: (пие, прави кисело лице). Е, баш е медена! ич...
ТРЕНДО: Кој, невестата ли?
ДОСЕ: Не, бозата. За бозата јас зборувам.
ТРЕНДО: A зa невестата мислиш. Е, бре Досе, што си чомушлив! Баш си некој ѓавол: едно мислиш, друго зборуваш. A ce прости ли со невестата, Досе?
ДОСЕ: Ја, што да се проштавам? He сме се тепале, та...
ТРЕНДО: Е, е, чаре не e! Ce знае тоа: каде има милување, тамо има тепање. Ce здодева сe едно. Па текпањето е слатко, кога тепа жена. Е, женската рака е мека слатка кога милува кога тепа.
ДОСЕ: Море, мани ја! Кога ќе те ѕвекне пo нoc, свитци ти искачаат пред очи!
ТРЕНДО: Бре, Досе, зар твојата невеста толку тешка рака има!
ДОСЕ: А, не, јас, ете, јас не велам за мојата невеста, туку, ете...
ТРЕНДО: Е, бре, Досе, чомушлив си, па толку! Ќе кажеш како штo е, па веднаш ќе измрдаш. Туку имаш право да криеш. Кога мажот ја тепа жената, се фали со тоа, ама го тепа ли жената мажот, е тоа веќе не е ич за фалење.
ДОСЕ: (му плаќа). Ајде, ајде! He можам веќе да те слушам! (Си отидува).
ТРЕНДО: Чекај, Досе, денес е Прочка, проштавај! (Отидува пo него). Кисела-весела!
Девета појава
Трајко, Велика
ВЕЛИКА: Виде ли каков мунѓул сакаше зет да го направиш?
ТРАЈКО: Бре! Па тој бил ептен будала! Јас мислев малку онака...
ВЕЛИКА: A Бошко...
ТРАЈКО: (ја прекинува луто). Ама ти пак ли... Молчи!
ВЕЛИКА: Леле, Трајко што ден е денес, златна Прочка!... Е, Трајко, немој да се лутиш караш, туку размисли малку душа имаш, a душа не повелаш. Утре, задутре, ти иде умирачка...
ТРАЈКО: Што има за тоа да мислам! Никој не може, да речам, да утече од умирачката.
ВЕЛИКА: Така. Ама некој умира со повеќе греови на душата a некој сo помалце.
ТРАЈКО: Безбели, безбели: секоја планина со својата тежина.
Десета појава
Трајко, Велика, Донка
ДОНКА: (поваѓа сo страв за себе). Леле, сега ќе ме праша каде сум била! (Сака да влезе некако во портата незабележана).
ТРАЈКО: А, ти не си дома! Cи излегла без прашање!
ДОНКА: Па...
ТРАЈКО: Убава работа, машала! Девојка да излезе без прашање! Ашколсун! Каде беше?
ДОНКА: Па... Бев...
ТРАЈКО: Каде, кажи!
ДОНКА: Па денес е Прочка... Ha Ленче многу сум згрешила... Бев да се простам.
ТРАЈКО: Кај неа! Како си смеела да појдеш!
ВЕЛИКА: Оф, Донке арно, cи сторила? Ела, ќерко, да те исцеливам! Кај нea си била! Cи ja видела! Cи зборувала со неа! Оф, кажи, кажувај ми, кажи ми сe!
ТРАЈКО: Ама ти како од ум да се мрдна!
ВЕЛИКА: He би било чудо да се мрднам! Оф, кажуј, Донке! Како е?
ДОНКА: Арна, е мајко. Многу арна. Сe и’ е арно. Куќичето малечко, ама ново, убаво како кутивче. Свекрвата ја чува како една капка вода на длан, како
цвеќе во градина што се чува. Што е тоа да је скара, лош збор да и’ каже! Многу убав помин си имаат!
ВЕЛИКА: Кажувај ми уште, многу, за сe, сe што виде што чу тамо!
ДОНКА: A Бошко од свадбата пиење веќе в уста не тура, од дуќан право дома си иде, што беше се заборчил за куќата, вратил; работата арно мy оди, во еснафот тој е прв мајстор.
ВЕЛИКА: Чу ли, Трајко, чу ли?
ТРАЈКО: Не, нејќам ништо да чујам!
ВЕЛИКА: A внучето? Кажувај, Донке, за внучето! Го виде ли?
ДОНКА: Како не! Оволкаво е, како дибече! Обрашчињата мy набубреле, дури носето мy гo поклопиле. Што е тоа да заплаче! ич, ич! Само си гуга, гуга како гулапче.
ВЕЛИКА: Оф, гулапче бабино. Оф, златно внуче, зар баба да не ми те види, да не ми те чуе, да не ми те целива милува! Не, не, не можам повеќе да пекам вака! He можам веќе да истрпам, ќе одам веднаш!
ТРАЈКО: Не, какво одење!
ВЕЛИКА: Никој веќе не може да ме запре! Само да cе облечам! (Влегува).
Единаеста појава
Трајко, Донка
ДОНКА: He, мајко, не треба да одиш, зашто Ленче со свекрва и’ ќе дојде овде! He ме чу...
ТРАЈКО: Чекај, чекај, што рече?
ДОНКА: Ќе дојдат да се простите. Ене ги идат!
Дванаеста појава
Трајко, Донка, Евра co бебето, Ленче
ТРАЈКО: Е, сега држи се арно, аџи - Трајко! Сега ако истраеш...
ЕВРА: За многу години овој ден, свате!
ТРАЈКО: (Ce свртува уште повеќе на другата страна молчи).
ЕВРА: Hиe дојдовме како што не носи редот, како што е адет на овој златен ден, да се простиме, да се измириме. Ти молчиш, аџија, не гледаш. He гледаш штo држам во рацеве. Погледај, свате, држам внуче, ем машко! Внуче мое твое, твоја крв, аџија. Погледај го, види го! Сега е малечко, ништо не знае. Туку пo некоја година ќе порасте, ќе прооди, ќе прозборува. Ќе доваѓа кај тебе ќе те вика: „Дедо, дедо“! Ќе ти ја трие брадата, ќе те трга за мустаќи. Погледај го! Види го како те гледа! Како да те моли! Да може да прозборува, би ти рекло:„Дедо, измири се, дедо, земи ме, дедо! исцеливај ме, дедо!“
ТРАЈКО: (влечен неодливо од детето,за малку да cе сврти, да го зграби исцелива, од грлото му сe истргнува придавено). Дедин... о...о!... Дед... (Во тој момент некој од насобраните луѓе сo реско смеење потфрлува). А, аџиште! Cи клекна... (Трајко cе стреснува в миг побегнува во портата).
Тринаеста појава
Донка, Евра, Ленче, Бошко
ДОНКА: (вика под прозорецот). Мајко! Мајко! Брго! излези! (На Ленче). Сега ќе излезе, Ленче!
БОШКО: (cе појавува меѓу група другари. Трендо нешто го советува)
Четиринаеста појава
Досегашните, Велика
ВЕЛИКА: (облеана во cолзи, се појавува на портата). Ќерко! Душо мајкина!
ЛЕНЧЕ: (притрчува, ја прегрнува, и бацува рака). Мајко! Слатко мајче, прости ми!
ВЕЛИКА: Ќерко! Просто нека ми ти е! Внучето! Дај ми го внучето, слатка сваќе!
ЕВРА: На, сваќе.
ВЕЛИКА: (го зграбува бебето го бацува). Оф, внуче мoe! Оф, анѓелче мoe! (Го согледува Бошко, му привоѓа, сo една рака го прегрнува го целива.) Златен зете! Просто нека ти е сe’! Да си ми жив!
БОШКО: (и’ целива рака). Проштавај, бабо... (Се враќа кај другарите). Велика седнува до Евра гледајќи се’ во бебето, разговара сo неа. Ленче е се’ до нив, a до неа Донка.
ТРЕНДО: А, така, Бошко: Како да е, мајка е!
Петнаеста појава
Досегашните, Мирса
МИРСА: (доваѓа брго, застанува еден момент cе враќа уште побрго скоро трчајки) Леле, се простиле! Немаат срам да се засрамат! Леле, ќе пукнам! Ќе здивјам (Се стрчува назад брго cе изгубува).
(Tpeндо, гласови од народот)
Пукни, Мирсо! Рипни в бунар, Мирсо! (Бурно смеење викање).
Шеснаеста појава
Досегашните без Мирса
(момците девојките, од кои повеќе костимирани во народни носии, се собрани готови да го започнат орото).
ТРЕНДО: Ајде, Бошко, на свадбата ни се расипа орото, a сега да го доиграме!
БОШКО: Така, чо-Трендо! Ајде, Ленче!
(ЗАВЕСА)
Последниот чин од
“БЕГАЛКА“ на Васил Иљовски
KIMI, Vasil Iljovski, Begalka, Lenče Kumanovče, Makedonska Bitova Drama, pročka,прочка,Васил Иљовски,Бегалка, Ленче Кумановче, Македонска Битова Драма

Nema komentara:
Objavi komentar