Божиќна Приказна е викторијанска морална приказна за стар и огорчен скржавец, Ебенизер Скруџ, кој во текот на една ноќ пред Божиќ доживува нешто што ќе доведе кај него до длабоко каење и темелна промена во срцето. Г-н Скруџ е финансиер, т.е. лихвар кој животот го посветил на насобирање богатство. Освен парите, сe друго презира, нпр. пријателството, љубовта, и Божиќните празници.Глава 1: Духот на Марли
Вечер пред Божиќ, точно седум години од смртта на неговиот деловен партнер Џејкоб Марли, Ебенизер Скруџ и неговиот сиромав помошник Боб Кречит работат во канцеларијата на Скруџ. Внукот на Скруџ, Фред, доаѓа со божиќни поздрави и покана на божиќна вечера, но Скруџ го откачува со “Бах! Глупости!” и вели дека Божиќ е измама. Двајца џентлмени кои собираат добротворни прилози за сиромавите се слично пречекани од Скруџ, кој тврди дека законите за сиромаштијата и куќите кај што мораат да работат сиромавите се доволни за нивно згрижување, и дека “Ако повеќе сакаат да умрат отколку да одат таму, подобро нека умрат за да се намали вишокот население.” Додека тој и помошникот се спремаат да си одат, тој неволно му дозволува на Кречит следниот ден да го земе како платен одмор, но му вели дека тогаш мора уште порано да дојде утрото после Божиќ – инаку ќе му одбие од платата.
Скруџ се враќа дома во своите безживотни одаи во инаку напуштена зграда, и започнува низа натприродни настани. Алката за чукање на вратата му се претвора во лицето на Марли, мртовечка кола како да се качува по мрачните скали пред него, сликите на плочките на каминот се претвораат во лицето на Марли. На крај, сите ѕвона во куќата гласно ѕвонат, синџири тропаат на креветот и на подот, и духот на Марли влегува низ затворената врата во собата.
Духот го предупредува Скруџ дека ако не се промени, ќе ја доживее судбината на Марли, но на Скруџ ќе му биде уште полошо. Тој ќе скита по земјата вечно по смртта, невидлив меѓу луѓето, со синџири, гледајќи ги маките и страдањата што можел да ги избегне додека бил жив но сега немоќен да стори нешто. Марли ја наредил единствената шанса за искупение на Скруџ: три духа ќе го посетат три ноќи по ред, и може ќе му помогнат да се промени и да се спаси од судбината. Марли си оди, а Скруџ накратко добива кошмарна визија на измачените сеништа кои невидливи скитаат меѓу живите, и целиот скршен паѓа на креветот.
Глава 2: Првиот од трите духови
Духот на Божиќното Минато, чудна мешавина од старо и младо, машко и женско, со светло што свети од врвот на главата, се појавува штом саатот отчука 1. Тој го води Скруџ на патување по некои од неговите минати Божиќи (како е множина од Божиќ?), во кои разни настани го обликувале неговиот живот и карактер. Тој ја гледа својата покојна сестра Фен, која го спасила од осамен живот во интернат, и, сеќавајќи се како го дочекал Фред, синот на Фен, Скруџ почнува да се кае. Тие гледаат весел божиќен дочек одржан од Фезивиг, добар човек кој го научил Скруџ на занаетот, и Скруџ жали сеќавајќи се како го третирал својот чирак, Боб Кречит. На крај, духот го потсетува како заради неговата љубов кон парите ја изгубил љубовта на својот живот, Бел. Бесен, Скруџ му се врти на духот, се обидува да го изгасне како свеќа со капата на духот, и се буди во својот кревет полн со каење.Глава 3: Вториот дух
Скруџ се буди кога саатот отчукува 2, збунет бидејќи гледа дека уште е ноќе. По некое време, станува и го наоѓа во следната соба Духот на Божиќната Сегашност, на престол направен од божиќна храна и пијачка. Овој дух, огромен пријателски расположен маж во зелено палто украсено со крзно, го води низ живите улици на Лондон во сегашното Божиќно утро, попрскувајќи го среќното население со божиќна есенција. Тие гледаат како семејството Кречит сиромашно но среќно го слави Божиќ, и колку е сладок нивниот син Малечкиот Тим, а кога духот ќе претскаже дека детето рано ќе умре, Скруџ е страшно вознемирен и сака да ја измени иднината. Му се покажува што мислат другите за него: Кречитови наздравуваат во негово име, но едвај, и “цели пет минути сенка надвиснува врз прославата” по тоа. Внукот на Скруџ и неговата жена Клара и пријателите благо го исмеваат неговото скржаво однесување на нивната божиќна прослава, но Фред тврди дека вујко му има потенцијал за промена, и Скруџ покажува своевидно детско уживање во прославата.
Тие патуваат надалеку, и гледаат како дури и најотепаните луѓе на некој на
чин го одбележуваат Божиќ, какви и да им се условите. Меѓутоа, духот е видливо остарен, и тој објаснува дека мора да умре таа ноќ. Му ги покажува на Скруџ двете јадни дечиња стуткани под неговата роба, кои се олицетворенија на двете главни причини на страдањата по светот, Незнаењето и Немаштината, со мрачно предупредување дека првото е особено опасно. На крајот од посетата, звоното удира 12. Духот на Божиќната Сегашност исчезнува и третиот дух му се појавува на Скруџ.
Глава 4: Последниот дух
Духот на Божиќната Иднина има облик на мрачно сениште, облечен во црно, не зборува и телото му е сосема скриено, со исклучок на една рака која покажува. Овој дух го преплашува Скруџ повеќе од другите, и го прогонува со визија на иден Божиќ со семејството Кречит без Малечкиот Тим. Богат скржавец, чија смрт не натажила никого и чиј дом и леш се ограбени од одвратни и алчни слуги, се открива дека е самиот Скруџ: тоа е судбината што го чека. Без да му биде кажано, Скруџ сфаќа дека може да ја избегне иднината што му е покажана и да ја измени судбината на Малечкиот Тим, но само ако самиот се промени. Целиот уплакан, се колне дека ќе го стори тоа, и се буди и гледа дека трите духови го посетиле сите во една ноќ, и дека е Божиќ наутро.Глава 5: Крај
Скруџ си го менува животот од корен и пак станува великодушна, љубезна душа каков што си бил во младоста пред да умре Фен. Тој анонимно им ја праќа на Кречитови најголемата мисирка во месарницата, се наоѓа со добротворците за да им вети непозната но импресивна сума пари, и го минува Божиќниот ден со Фред и жена му.
Следниот ден, Скруџ го фаќа чиракот како доцни и се преправа дека си е стариот скржавец пред да му ја открие чудесната промена на зачудениот Кречит. Тој му помага на Боб и семејството, му станува вујко (или чичко?) на Малечкиот Тим, и стекнува нов углед како добар, дарежлив човек кој во својот живот е отелотворение на божиќниот дух.
četvrtak, 8. siječnja 2009.
БОЖИЌНА ПРИКАЗНА ... CHRISTMAS CAROL
Pretplati se na:
Objavi komentare (Atom)

Nema komentara:
Objavi komentar