petak, 11. siječnja 2008.

BHARTRIHARI Vairagja - Shаtakam

Следат неколку строфи,преведени од поемата која ја напишал Bhartrihari.

7.

Залудно беше сето она што го голтавме поради световно задоволство - на крајот сите не проголта виорот на помамните желби.Залудно беа сите аскези и одрекувања - на крајот не согори пламенот на помамата.Вечното,сеприсутно време нема да истече - но нашиот скуден животен век истекува со сигурно приближување на смртта.Желбите, наместо да исчезнат со текот на времето,цо цекој нов ден се се` посилни и посилни,а ние исчезнуваме во мачната борба со староста.

9.

Иако моите придружници,кои ми се мили како сопствениот живот,тргнаа по патот на брзото враќање кон небото,престигнувајки ја притоа и самата старост,иако сум сит кон тежнеењето кон уживања,иако ми е погледот помрачен ос длабоко слепило,а телото можам да го придвижам само со штаки,сепак истото тоа тело затреперува при самата помисла за неговото исчекување во моментот на смртта.Проклета.проклета нека е неговата глупост!

10.

Надежта е како речна струја која се состои од непрекинат порој на желби,удирана од брановите на дрските копнежи,населена со рибите грабливки на барањата на најразлични предмети на уживање.Водените птици,на човекот кој кова планови се нишаат на нејзините бранови,а нејзиниот моќен тек ги корне големите стебла на трпението и духовната сила.Големиот вртлог на незнаење се испречил во плиткото,а бреговите на плашливото премислување мошне стрмно се спуштаат кон веќе и онака дабокото корито.Таквата река ја поминуваат само чистите умови,за да уживаат во најголемото блаженство.

12.

Сигурно е дека еден ден ќе ги напуштиме предметите на уживање кои толку долго не` следеле - каква е тогаш разликата,ако самите се одречеме од нив и зашто човек неможе да се одвои од нив со ведар дух?Доколку уживањето само од себе не` напушти,ќе не остави на големи маки;меѓутоа, на оној кој доброволно се одрекува,му ја дарува вечната среќа на самоспознанието.

Разубавувањето на јазикот е свесно изоставен ,за да се запази директноста на изјавите.

Nema komentara: