utorak, 8. siječnja 2008.

ГИ МРАЗАМ ВАКВИТЕ ДЕНОВИ

ЖИВОТ.

Што е тоа живот? Од кога знам за себе си го поставувам тоа прашање.Изнајдов милион одговори и оправувања,зашто дишеме,зашто постоиме,која е нашата мисија и ...бла, бла, бла....од сезнајковци разни.

Животот пред се,треба да го живееме,да го славиме,да се радуваме.
Поминаа журките новогодишни,и време беше да се приземјиме.Не` стигнаа вируси,настинки,мрсули и кашлици,температури.Мене,додуша тоа ме следеше ко сенка од лани (2007),али сеа се префрли и на поколението.

Одам јас така сабајле во аптека по параферналија за настинки,(капки за нос,витамин Ц, парацетамоли и пар ситници). Аптеката празна,нешто ,што заостанало,само еден дедо внатре и аптекарката.

Дедово нешто бара,па незнае што сака,те рецепти те на приватно...мене ми се брза...уф колку ме изнервира...па бараше некои лекови за смирување , умрело некое девојче кај него во зграда па бил потресен.Си помислив ,леле на 90 години ,стигнало и тебе нешто да те стресе...

Енивеи,земав што ми треба,весник, ( а реков веќе некупувам),и накај дома да го средам детено,и нешто по дома.

Седнав кафе да пијам и ми текна на дедоно колку ме нервираше во аптека,пола саат
изгубив,додека се снајде што му треба и кој лекови ги бара...аман од такви стари и доодени,кај акаат на мразов,да падне да се искрши ,па после друг им е крив,ако нема кој да ги гледа.

Го отворив весникот ,така мераклиски уз кафе,да видам програма ,да видам кој нема да гледа програма...во тој момент ми ѕвони телефонот,се јавува мајка ми и ми кажува на моја пријателка од детството,комшика кај баба ми и починала ќерката,на 15 години од излив на мозок.Ми смрзна крвта во телото,само што го видов девојчето во весник.Сега живеат кај мене во комшии.ГО ПОЗНАВАВ,а мајка и ми беше другарка од кај баба ми.

Почивај во мир,мила Христина.

И пак ми текна на дедото,животот не е праведен!

Nema komentara: