utorak, 8. siječnja 2008.

ПАТОТ на разделбата

Ми треба мир да го прифатам она што неможам да го променам,храброст да го променам она што можам да го променам и мудрост да ја разберам разликата.

Се наоѓам пред дилема.Дилемата се состои во тоа што,иако сме всушност по природа вечни,сепак сме во јазол врзани за илузијата поради која сме ја заборавиле природата на своето битие.Поради тој заборав го проживуваме сето свое материјално постоење.Нашите материјални концепти можат толку да не` обземат,што потполно го забораваме својот духовен идентитет и се движиме по светов поистоветени единствено со лажното его.

Човекот сеуште најмногу го интересира човекот.

....................................................................................................................

Во матката човекот лежи на нечисто место во бедна положба со згрчени екстремитети.Младоста му носи уживање помешано со силни патила кои го мачат умот поради одвоеноста од љубовта,а дури и староста е достојна за жалење ,затоа што не` прави мета на женскиот потсмев.Па кажи ми тогаш,каде во овој свет има барем зрнце среќа?

ваирагја - шатакам

Nema komentara: