ponedjeljak, 14. siječnja 2008.

АРИЕВЦИ & СВАСТИКА

Морам да дадам едно мало појаснување. Зборот ариевски доаѓа од санскритскиот збор AРЈA (ARYA,आर्य) кој означува луѓе со највисок систем на вредности, т.е. духовно знаење и култура. Само треба да го исполни високиот стандард кој се бара за да може да се нарече така.

Нпр. жалам, ама атеистите и луѓето кои сметаат дека врвот на научната мисла е да се сомневаш во Бога и се друго (освен во својата сопствена мисла, се разбира) не можат да се квалификуваат за арја. Не можат ни тие чиј најголем животен ќеиф е да повредуваат или мачат други (ова веројатно ги дисквалификува Хитлер, Менгеле и слични). Како вистински арја можат да поминат само тие со навистина добро (и чисто) срце, што се уште би ги дисквалификувало повеќето луѓе живи денес, а толку многу од нив мислат дека имаат прекрасно срце.

Свастиката (swastika, स्वस्तिक , ()), ширококористен симбол,симбол на сонцето, односно вечниот тек на времето, е наопаку свртена кај нацистите и искосена за 45 степени. Така не носи добро, повеќе лошо.

swastika.jpgnaci-swastica.jpg

Често се наоѓа во верски текстови, покани за свадби, украси итн. Се користи и за обележување религиозни знамиња. Нема врска со нацисти, бидејќи секој може да биде арја.

Постојат археолошки докази дека облици на свастика датираат од Неолитот. Во 1920 свастиката била позајмена како нацистички симбол и од тогаш е контроверзен симбол. Во западниот свет, свастиката е најпозната како симбол на нацизмот, што го извртува историското значење на симболот на истокот.(вики)

Значи, арја културата и цивилизацијата се нешто сосема спротивно од асоцијациите нам познати.


yagja mandala.jpg

Јагја мандала - место за вршење опреди,во хиндуистички храм.

Nema komentara: