МАТУРАНТИТЕ, денес излегоа да си ги барат правата. ПАК!!!
О.К. наместо да седнат да научат....уствари материјалов веќе требаше да им е поднаучен,неучат ништо ново и во соработка со “едуцираниот кадар“ таканаречени даскали,на крајот на годината да си полагаат МАТУРА,ко и секаде по светов, тие сепак решија дека улицата е нивно засолниште.
Стојам денес и ги анализирам...ХУЛИГАНИ...прво поима немаат зашто се надвор наместо на настава.Единствен изговор им е “Не бевме навреме известени“...????
Имаат, барем имаа цела школска година, да го поднаучат материјалот,ама НЕ,ни ним, ни на даскалите не им се менува ништо.
Денес видов нешто страшно...раскалашена младина, без контрола, повеќето го славеа св.Трифун, наздравувајки за ЉУБОВТА...се е тоа супер,само што 70% од тие следни матуранти беа ПИЈАНИ.
Е сеа ме интересира дали некој од родителите ќе реагира кај професорите, зашто нивните “фино воспитани деца“, се дамлосани од алкохол БАРАЈЌИ ГИ СВОИТЕ ПРАВА да не полагаат МАТУРА,бидејќи не се навремено известени и кои од професорите би превзеле одговорност, во случај на инциденти.
Утре слушнав ќе биле собрани од цела Македонија!!!
п.с. За да ми биде фрустрацијата поголема, ми дојде еден шипац да ме праша кај има жени што даваат секс за пари....па покрај прашањава со матурантите што ме трескаа цел ден,почнав да се прашувам: А у кој дел на мојата фаца личам на МАКРО..?????

Nema komentara:
Objavi komentar