nedjelja, 3. veljače 2008.

ГРИП,ГРИП,ГРИП ... ГРИП

Чисто информативно:

Бран на ГРИП од типот А стигна во Европа.Шпанија,Белгија и Швајцарија маки мачат со претрупаните ординации.Заболените се бројат со илјади.Во Македонија за сега нема грип (барем така викаат).

На вирусот му одговара ладно и суво време,а за негово ширење помага и сувиот воздух во загреаните простории.

За грипот се карактеристични следниве состојби:покачена температура,болки во мускулите и малаксавост.Помагаат мирувањето,голема количина на течности и лекови против болки и покачена температура.Со овие лекови уствари се лечат симптомите не и болеста,затоа што сеуште нема лек.

Во Европа е откриен мал број подврсти на грип отпорни на Tamiflu, водечкиот лек против вируси.Податоците од десетина европски земји покажуваат дека Tamilflu не делува на 13 % вируси H1N1,главниот причинител на грипот оваа година.Вообичаено е лекот да не делува на 1 % вируси.Отпорните вируси се откриени во Европа,но најверојатно се појавиле на друг дел од светот.Не предизвикуваат потежок облик на болеста од нормален грип и можат да се лечат со други антивиротици.Стручњаците се загрижени,бидејќи,ако отпорноста на вирусите се прошири Tamilflu,најдобриот лек против грип би бил бескорисен.

Nema komentara: