Ме учеа ко мала,дека не се зборувало за се и сешто,пред секого.Требало да се биде културен да се премолчува,па макар некој и да те навредил, или пофалил, секогаш требало да се однесувам стерилно,значи да не им придавам нешто многу внимание на емоциите што се појавуваат во мене...РАДОСТ, ГНЕВ....не е битно....значи не биле само зборовите проголтани...туку и дел од мене сум проголтала.
Кога пораснав, ми викаа,ништо не смееш да задржуваш во себе, МОРА тоа што го чувствуваш, да го кажеш...мораш некако да најдеш начин (филтер и да ја канализираш енергијата) и се она потиснато да излезе надвор... ПОТИСНАТИ ЕМОЦИИ НОСАТ И ФИЗИЧКИ БОЛЕСТИ.
Не дека нешто ги слушав ко мала, или па сеа ...мојот ум мои проблеми,сепак човек треба сам да си препознае колку може да истрпи пред да го истресе тоа што го мисли.Значи за промените што си ги правиме ние самите никој неможе од страна да ни сугерира, што да кажам кога и како,нормално ако не ме плаќа за тоа.Ова е мое мислење,не е законик!
Секој си делува според внатрешниот глас кој му дава упатство како и што,е сеа можат да се појават и повеќе гласови (за тоа треба стручњак,јас не сум компетентна ), значи муабетов ми е еден глас, едно тело....но многу тела и многу гласови можат да сменат нечие мислење.Можат да сменат и поредок во Светот...само треба единство и постојана мисла дека сме една целина.
Поентата ми беше,(колку и да сакав да бидан надвор од темава и да не ја спомнувам,морам да промрчам).Стечајциве ќутеа....траеа и од време на време (кога некој некому ќе му џитне некоја пара со многу нули), ќе се активираат и ќе го блокираат градот, барајќи по мене небулозни права.Кај беа, кога сеа тие што ги поттикнуваат на протести им ги крадеа фабриките...зашто тогаш не искочија и не рекоа :
-Е неможе, таа фабрика е делена од мојата уста, од устата на моите деца?
Ама не, тогаш им беа фрлени нешто ситно сува пара, со која избришаа гс една година и готово...никому не му текна да инвестира во мал бизнис...бла, бла, бла...
Сите сме мудри позади тастатура.Веројатно е тешко да си во нивна кожа,не сум била дете на стечаец,ниту па на профитер од државава, па работиве ги гледам не пристрасно,реално.
Некаде прочитав, дека ако не им се исполнеле барањата, владава сегашна ќе имала илјадници гласови помалку...О.К. и што со тоа, ќе се смени владава (малку веројатно во пракса), а која гарнитура ќе се намести????
А бе патетика невидена,ќе се поднаместат сегашните подбуцнувачи и најголеми профитери од транзицијата,кои всушност ги оставија на улица.
Луѓево немислат многу со своја глава, тоа е повеќе од очигледно.

Nema komentara:
Objavi komentar