Од сите тие впечатоци се чувствувам како да сум под висок напон.Спиењето е сега потполно невозможно.Го стуткав чаршавот (некои тоа го викаат диплење), и отодов да се туширам.Се насмеав, како Фројд би го протолкувал сонов...веројатно супер би поминала кај него.Потоа на памет ми падна едно толкување на соништа во Багаватам...Седнав да лутам по тоа списите и по долго барање најдов нешто поврзано со соништата.
-Понекогаш искуствуваме нешто што никогаш не сме го доживеале во сегашното тело преку гледање или слушање.Но на сон ни е толку блиско.
Понекогаш на сон можеме да летаме,или да сме на некое место, на кое никогаш не сме биле вистински.
Тоа е слично на некаква ферментација, која се одвива длабоко во умот,а понекогаш се манифестира во соништата, или во мислите.
Дали тоа говори дека во некој минат живот сме биле таму, па впечатокот се задржува во умот.Заклучок, во умот се складирани разнолики мисли и искуства кои сме ги присобрале низ многу минати животи.Постои непрекинат синџир,од еден живот до друг,од минатите животи до сегашниот и од овој до следниот.

Nema komentara:
Objavi komentar