Поттикната од постот на Зорив, а веќе одамна се спремав да пишам нешто на таа тема.
-Како јас го сваќам БРАКОТ како институција?
Прво - пред да се омажам сум имала сопствен стил на живот, несомнено со сите тоа се случува.Бракот е последица на некоја врска,а почеток на ново искуство со човекот со кој сме биле во таа врска,значи тој мене ме познава пред да му станам госпожа.Дали тоа ГОСПОЖА треба мене да ме смени како карактер?
НЕ!
Затоа што тој ме запознал онакава каква сум по природа,во случајов мој, ко од пештера избегана,дива...дали би сакал мојот сопруг да му бидам покорна женичка која на се се поклонува и молчешкум исполнува...НЕВЕРУВАМ.
Он сака да ме припитоми,тоа му е целта во бракот,кога тоа ќе му успее,нема да му бидам ПРЕДИЗВИК, тогаш ќе бара нов.
Свесноста дека секое човечко суштество сака да види нешто убаво,ми е ко добар ден.Уште по свесна сум за факторот ФЛЕРТ,кој ненормален несака да флертува, па макар и да испадне некоја авантура после тоа (нормално се додека се сведува на авантура (ама тоа е психологија за мали деца,дај му да праи што сака,нека расури се ...тоа ќе седи мирно,а речи му да седи до тебе,прва прилика ќе напраи беља) така и со луѓето, колку повеќе мислат дека имаат контрола врз партнерот, толку повеќе ја губат истата).Зашто пред се да се лажеме себе си дека мојот маж /жена,никогаш нема да флертува, не флертува, или не флертувал...Тоа е апсурдно!
Неможе никој од никого да очекува дека ќе биде покорен па и верен,но доколку тоа е сопствен избор,друг е муабетот.
Темата, развод ... единствена причина би била,ако јас и моите деца сме после сите останати,се додека сме приоритет,не размислувам на таа тема, тоа е обостран муабет,затоа треба луѓето, партнерите да дискутираат,што сакаат, што очекуваат еден од друг.Мојот случај е, нит барам многу,ама и не давам многу...а уствари имаме се,пред се` хармоничен брак.

Nema komentara:
Objavi komentar