srijeda, 6. veljače 2008.

РЕЧНИК НА ЧОВЕЧКИ ???

езнам у која категорија да го сместам следново:

Ви се случило ли да ги гледате луѓето,непристрасно воајерски,кој каков е? Вам познати или непознати,не е битно.Онака стоите на тротоар, или на пешачки,или во трговски...што очекувате да видите?

Јас гледам лица без очи,гледаат ама што гледаат, лица без уста зборат, ама што кажуваат, лица кои ја изгубиле сета смисла,разочарани,без цел,без идеја.Само одат.Денес ги именував во шетачи,гледам исти лица по неколку пати на ден,шетаат онака изгубени. По нив се гледа дека не се дел од групата на луѓе кои транзицијата ги осакати ...

Прашуваат прашања,колку да проговорат,не се ни свесни дека веќе ме прашале нешто во текот на денот,не е ни битно.

Други некои,кои успеале да стигнат до некоја “газдинска“ функција,ај да не сум сурова,ама од оние папучине пластични од “Борово“ на времето,сеа облекле кожни чевли,па у вокабуларот вметнале три до четири англицизми,па вртат некои муабети...колку се они, што се они??????...бла, бла, бла.

Се трудам да ги разберам, да ги сватам ,тешко ми иде.

Не ги разбирам луѓево.

012.jpg

Nema komentara: