Новозеландски и јапонски научници ,успеаа да направат врста на кромид од која не течат солзи.
Тргајки го генот кој на куварите и на кувариците ширум светот им ги мамеше солзите во очите,научниците од новозеландскиот институт за земјоделско истражување,развиле прототип на кромид кој според нивните очекувања би се нашол во продажба за десет до петнаесет години.
Програмата ја започнале во 2002, откако јапонските научници во кромидот го откриле генот кој предизвикува солзи и констатирале дека “прекинувачот“ за солзи е еден ензим.
-Успеавме да сватиме на кој начин во кромидот да внесеме ДНК која ќе го деактивира генот кој предизвикува солзи - објасни новозеландскиот научник,кој учествуваше во истражувањето, Colin Eady.
........................................................................................................................................
Значи сума сумарум,отидоа на Месечината, направија нуклеарки (централи, бомби,вселенски ракети), го поврзаа цел свет со интернет (бтњ,што се случи со хаваријата во Азија (нели се прекинаа подземните кабли во Александрија и во Дубаи) и вчера скоро цела Азија се напојуваше со интернет од Индија), клонираа магариња,овци ,мајмуни,за љуѓе се шпекулира сеуште...и што уште не се случи од откривањето на тркалото па наваму и сеа на некои научници им текнало да го вадат генот од кромидот кои предизвикува солзи.
Ако Тесла бил свесен каква лавина на изуми ќе предизвика струјата, дали би се покајал што воопшто ја измислил? Ако на Форд,сонот за кола без коњи му се расипал бидејќи дознал дека за 100 - тина години од неговиот изум,Земјата ќе биде преплавена од автомобили кои ја загадуваат човековата околина,дали би продолжил да ја сонува? Телефонот на Бел,koј стана продолжена рака ... да не ги редам сеа сите кои нешто направиле,а некои и се покајале (одма),Нобел на пример, набројав само мал дел од најбитните изумители.
Само ме интересира каква нус појава би излегла од изумот “Кромид без солзи.“ И навистина ли нема веќе што да се измислува, па остана кромидот како проблем ,“ револуција во изумите“,кој дури ќе можеме да го уживаме за некои 10 до 15 години???

Nema komentara:
Objavi komentar