Дали ние како блогери имаме доволно моќ, да креираме некакво си јавно мислење и ставови по кои луѓето ќе си речат, чек да се подзамислам може овие имаат право.
Доколку правилно сме го разбрале постоењето на блогот како медиум, веројатно и ќе имаме успех, но ако блогот ни служи само за лично препукување, поентата е изгубена, повеќе личи на незабележително форумче.
Значи првично, блогот ни дава можност да пласираме одредена информација, НО, придружувана со нашиот личен став, не инфо како во весник (пласиран ставот на главниот уредник), што значи имаме моќно оружје во рака.До сега за ЖАЛ, тоа оружје се употребува т.е. злоупотребува, па затоа не е ни чудо што никој од популацијата не не` смета за релевантен фактор, или барем за сериозна конкуренција на мас медиумите.А сведоци сме, дека можеме убаво да им парираме.
Блоговите кои постоеа да ги иритираат и напаѓаат бугарите, сеа сменија име и станаа опасна левица, која само критикува и напаѓа, наместо да кажат конкретен став, или пак да се произнесат,А ШТО ТОА НАПРАВИЈА ЗА ДРЖАВАВА во предходните 15 години, наместо да кукаат и плачат, ШТО ИЗГУБИЛЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ (додуша ова се случува и надвор од блог небото, но ќе се задржам тука).Сепак мество е рефлексија на збиднувањата надвор.ДАЛИ? Лично не мислам така, бидејќи надвор од сајбер просторот е сосем поинакво мислењето,сепак факт е дека тука, левата политичка страна е малку понагласена, но не и појака, бидејќи и Боговите молчат пред фактите.Анкетите не ги сметам за апсолутна вистина, а ни за некаков битен показател како размислува народот!
Nema komentara:
Objavi komentar