Помина и 20 - тиот Саем на книга, оваа година преименуван во „Денови на книга 2008“.
Јас нема да пишувам за тоа колку и како бил посетен, какви изданија имало, нови, стари, кој кого превел (нормално од српски....леле колку не се преведува од оригинални јазици), сепак тој дел од саемот го оставив на купувачите, т.е. на оние од другата страна на пултот.
Јас ке пишам за тоа како се чувствуваа оние кои се потрудиле да издадат нова книга, да ја помовираат, презентираат за на крај истата да заврши во рацете на тие од другата страна на штандот, купувачите.
Одамна заклучив, (сеа само ми се потврди, веќе стекнатото мислење), за тоа какви читатели има Македонија.Од прилика постојат три групи на “читатели“ .
Едните, т.е. првата група се луѓе кои знаат што сакаат да читаат, си прават селекција, одат и купуваат без да им се посочи или понуди одреден наслов.Со нив најлесно се разбирам.
Вторите, се луѓе кои ја прочитале „Зоки Поки“, евентуално „Волшебното самарче“ а од странски автори скоро сите „Викенд љубовни роман“.Тие застануваат на штанд, се задржуваат повеќе од пола саат и рандом прашуваат - „А што се раскажува во оваа книга“?
Значи ми доаѓа човек и ми го поставува прашањето од насловот...и јас го гледам...што да му кажам,
-Тоа е стручна литература книгата е “Одбрана - НАТО“...земете ја, таа ни е последниот примерок и прочитајте ја...нормално на некој студент ќе му заврши повеќе работа!
или
-истото прашање од насловот
И следи получасовно излагање за тоа, што Фројд има опфатено во „Малиот Ханс“, а тоа ме прашуваат две цуци на штиклички од 20 сантима (како им се стоеше толку време на едно место) ...и после исцрпниот одговор следеше крешендо
- А роман е ова?
или
-Ааааа оваа е она, знаеш бе таа што бла бла бла бла...оговарање на тема Алена...и јас им предложив да ја прашаат авторката (бидејќи седеше позади мене), за сите дилеми што ги имаат околу книгата...наведнаа глави и фатија џаде. Оговарањето сепак ни е најјака страна (јас сеа тоа го правам и многу е забавно).
или
-прашањето од насловот...а пред мене стои Премиерот...на кратко на купувачот му ја раскажав содржината на „Светскиот заговор“...мада самиот наслов кажува за што е книгата....НО, типот продолжи да поставува потпрашања....и така јас имав шанса да раскажувам книги пред Премиерот!!!
За момент се чувствував како Шехерезада!!!
Ај доста за овие.
Третите се луѓе, кои никогаш ништо не прочитале.На нив човек може да им продаде се, или ништо...во зависност од тоа со кого се во придружба, па да инпресионираат или ако се сами...одат на саем да бидат видени.Така да слободно можете да им ги продадете најновите романи од Фројд, тие што ќе решат да купат, обично се задржуваат на бојата на корицата, нормално дали ќе им одговара со мебелот или на тепихот.Бидејќи нашите изданија изобилуваат со колорит, лесно се продаваа и на оваа група луѓе.
Заклучок, вторите се најтешки, бидејќи мислат оти знаат, без разлика што и да им кажеш и да ја купат книгата, веројатноста дека ќе ја прочитаат е многу мала...бидејќи веќе им е раскажана...и тоа ќе го прекажуваат понатаму!

Nema komentara:
Objavi komentar