Граѓаните на Македонија ги следат модните трендови, тоа е неспорен факт.Најголем успех имаме во копирање на лошите појави кои се појавуваат во светот, зборам општо цивилизациски, значи праиме невиден сублимат на истокот и западот, НО само во лошите и деградирачките појави.Никако да видиме дека таму се случуваат и фини нешта.
Сериските убици не се нова појава, но на овие простори прв пат се соочуваме (барем јас), со ваква вест. Низ светската историја има многу познати сериски убици, со најразлични мотиви, а најпознати 30 според бројот на убиени жртви се:
1. Педро Алонзо Лопез - 300 +
2. Хенри Ли Лукас и Отис Тул - 200 +
3. Х.Х. Холмс - 200 +
4. Луис Алфредо Гаварито - 140
5. Д-р Џек Кеворкиан - 130
6. Хју Венлин - 100 +
7. Пи Ви Гаскин - 100 +
8. Џејвд Икбал - 100
9. Бруно Ладке - 80
10. Мајкал Свенго - 60
11. Андреј Чикатило - 52
12. Анатолиј Оноприенко - 52
13. Ахмад Сураџи - 42
14. Џералд Стено - 41
15. Ричард Ајсмен Куклински - 40 +
16. Ерзабет Батхори - 40 +
17. Моузес Ситхол - 38
18. Доналд Харви - 34
19. Фернандо Хернандез Лејва - 33-135
20. Џон Вејн Гејси - 33
21. Васил Комароф - 33
22. Џејн Топан - 31
23. Џерард Џон Шифер - 30
24. Карл Денке - 30
25. Микаја и Вили Харп - 30
26. Патрик В. Карни - 28
27. Вејн Вилијамс - 28
28. Фриц Харман - 27
29. Роџер Андермет - 27
30. Дин Корл - 27
Вест има добар напис за таа појава!
А А1 пренесе за нашиот колекционер, Лазо Радески:
Остатоци од човечки коски, 28 на број и парче ткаенина, најверојатно од облека. И ова е дело на серискиот убиец од Охрид Лазо Радески.
Станува збор за телото на охриѓанецот Ракип Рахим. 61-годишниот охриѓанец и признал на полицијата дека и ова монструозно убиство го извршил тој.
„По притворањето на лицето, со него се продолжува да се работи во затвор, со дозвола на Јавниот обвинител и истражниот судија“, изјави Љупчо Тодоровски директор на БЈБ.
„Разговорите ги води човек којшто му се довери за првото убиство, вмешан е во разговорите со него и притоа тој ги призна делата“, додаде Тодоровски.
На 29 мај пред две години Радески го повикал Ракип во дуќанот на својот зет, идентично како кај Цоцески, со чекан го удрил во главата и го усмртил на лице место. Телото го однел во шума кај селото Оровник и го закопал во плиток гроб.
Во гроб на Славеј Планина, 30 километри оддалечено од Охрид, во мај минатата година беше пронајдено телото и на Спиро Ставрески, уличен дилер на девизи.
Радески и раскажал на полицијата дека и тоа убиство било негово дело, го убил на ист начин како и Цоцески и Рахим.
Мотивот за тие убиства биле нерасчистени долгови. На Ставрески убиецот му должел 800 евра, а на Рахим 1.300 долари.
Досието на серискиот убиец не се затвора тука. Како што дознаваме, уште неколку охридски фамилии за неразјаснетите убиства се сомневаат дека се дело токму на овој човек.
Од полицијата ни потврдија дека од страна на кинеската амбасада кај нив било пријавено исчезнување на нивни државјанин пред четири години, кој продавал текстил на пазарот во Охрид. Постои сомнение дека поради пари, Лазо Радески и овде замешал прсти.
Досега полицијата расветли три убиства, за кои ќе одговара охридскиот сериски убиец. За убиството на Трајче Цоцески во април годинава, Спиро Ставрески во мај минатата година и Ракип Рахим, кој Радески го убил во мај пред две години.
Случаите на Тодор Тасески, кој беше убиен во февруари 1999 година и нападот на Михајло Новични, кој преживеа се се уште отворени, но и за нив се сомничи Радески.
technokari tags:kimi, seriski ubistva, seriski ubici,Lazo Radeski,Vest,A1
Nema komentara:
Objavi komentar