nedjelja, 11. svibnja 2008.

ВОЛК И КОЗА

Едноставно, после синоќешниот муабет, морав да го превземам текстов од ТАРАТУР


Иако нивното ривалство е забележано и во бајките, волкот и козата во една кинеска зоолошка градина не само што станаа добри пријатели, туку помеѓу нив почнале да фрчат и љубовни искри, велат чуварите.

Козата и волкот во една кинеска зоолошка градина станаа најдобри пријатели. Чуварите на зоолошката градина во Нанчонг се претерано вчудоневидени.

„Ако ја нема случајно козата, волкот ќе завие и трча околу кафезот“, вели чуварот Ксу. Инаку пленот и предаторот почнале да се гледаат пред еден месец.

„Едно утро го отворив кафезот на козата и ја пуштив надвор да пасе, а од својот кафез излезе и волкот, бидејќи не му ја затворивме вратата. Волкот се стрча кон неа и почна да завива кога ја помиририса. Козата толку се преплаши што нозете и се тресеа“, вели Ксу кој ја штител козата додека другите чувари не му дошле напомош.

„Но во наредните неколку денови подобро се запознаа и си разменуваа завивање и мекање. Звучеше како да флертуваат. Потоа одлучивме да ги ставиме во ист кафез и тоа одлично профункционира“, вели Ксу додавајќи дека двојката сега се прави заедно, освен што не ги дели оброците – волкот преферира мевце, а козата ’вегетаријанска храна’.

Nema komentara: