nedjelja, 11. svibnja 2008.

ГРУЕВСКИ ја официјализира коалицијата

Чисто информативно:

Договорoт за заеднички настап на претстојните избори го потпишаа ВМРО-ДПМНЕ и 18 политички партии

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го потпиша предизборниот коалициски договор со водачите на 18 политички партии.

Во блокот политички партии предводен од најголемата владејачка партија се: Демократска унија на Ромите од Прилеп, Партија за интеграција на Ромите, Работничка земјоделска партија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Бошњачка демократска партија, Партија на зелените, Демократска партија на Турците во Македонија, ВМРО-Македонска, Демократски сојуз, Социјалистичка партија на Македонија, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Партија на Власите од Македонија, Народно движење за Македонија, Обединета партија за еманципација и Странка на демократска акција на Макеоднија.

КИРИЛИЦА + ВИДЕО

Nema komentara: