nedjelja, 11. svibnja 2008.

ШТО ќе беше да живеевме во Утопија

Во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?

Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луди?

Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив?

Како би се чувствувале во свет каде што соседот нема ниту повеќе, ниту помалку од нас, а на соседката фризурата и е исто лоша колку и нашата?

Колку би биле среќни ако постојано се чувствуваме оргазмично?

Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува, освен на последните страни каде што ги има умрените, всушност ни тоа да не не` вознемирува, слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.

Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои се разнесуваат по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе.

Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас...ДА тоа е еден од главните фактори зашто на вести и весници се даваат претежно лошите работи кои се случиле во....да се наситиме со туѓото страдање.

И затоа мислам дека во свет каде што УТОПИЈАТА е стварност, ќе ни биде многу досадно!!!

Во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?

Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луди?

Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив?

Како би се чувствувале во свет каде што соседот нема ниту повеќе, ниту помалку од нас, а на соседката фризурата и е исто лоша колку и нашата?

Колку би биле среќни ако сме рамнодушни на надворешниот свет и ниедна дразба не допира до нас?

Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува, освен на последните страни каде што ги има умрените, всушност ни тоа да не не` вознемирува, слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.

Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои се разнесуваат по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе.

Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас...ДА тоа е еден од главните фактори зашто на вести и весници се даваат претежно лошите работи кои се случиле во....да се наситиме со туѓото страдање.

И затоа мислам дека во свет каде што УТОПИЈАТА е стварност, ќе ни биде многу досадно!!!

Nema komentara: