nedjelja, 11. svibnja 2008.

ЛИЧНО ИМЕ & СЛИКА & ИНТЕРНЕТ = ?

Колку сме сигурни на интернет, кога објавуваме слики, лични имиња и податоци? Сигурни во смисол, од злоупотреба на одредена група корисници, кои намерно или од незнаење би ги искористила злоупотребувајќи ги истите да би наштетила некому на било кои начин.Јас лично го имам тоа почуствувано, кога некој ги искористи моите податоци и ги објави баш на блог...И искрено заврши неславно неговиот обид, но има случаи кога таквите поигрувања можат да бидат опасни, по нечија кариера или живот (не во смисла животна опасност, туку лична деградација).

Инаку појавава е доста популарна меѓу, учениците од основните и средните училишта во државава, кои веројатно не се запознаени дека во истава има и некои правила или закони за такво однесување.Во секој случај мора и самите корисници да водат сметка што и како објавуваат на интернет, сепак ова глобално село е достапно на секого.

Дел од пишуванката во Вест:

***

Размислете двапати пред да го кажете името на Интернет

-Размислете двапати дали ќе го користите вистинското име или ќе употребите псевдоним на Интернет порталите за дружење
-Размислете добро пред да ги објавите своите лични податоци, особено името и презимето, адресата и телефонскиот број
-Користете различни податоци за идентификација на Интернет, корисничките имиња и лозинките пожелно е да бидат различни на различни веб страници
-Информирајте се кој управува со сервисот кој го користите и под надлежност на која земја спаѓа? Дали во земјата постои орган за заштита на личните податоци до кој може да се обратите во случај на злоупотреба на вашите лични податоци

***

Внимавајте на децата

Внимавајте на тоа како вашите деца го користат Интернетот, особено кога станува збор за портали за дружење, вели Марушиќ. "На веб страницата њњњ.топ.цом.мк имаме еден куп фотографии на разголени млади кои како самите да се нудат. Има, на пример, младо девојче во костим за капење на плажа и самото тоа прашува што мислат другите за него. Коментарите кои следуваат се многу вулгарни", вели Марушиќ.

Nema komentara: